Брезово јајце (Фабержеово јајце)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карелиска бреза
Година на изработка1917
НарачателНиколај II
ПримателМарија Фјодоровна
Моментален сопственик
Индивидуална или институционалнаАлександар Иванов
Година на стекнување2001
Дизајн и материјали
МастерНенрик Вигстром
Употребен материјал
Изненадувањеминијатурен механички слон

ЈајцетоКарелиска Бреза“, познато и како Брезово јајце, е фабержеово јајце, едно од двете велигденски јајца направено под надзор на Петер Карл Фаберже во 1917 година за последниот император на Русија, Николај Втори. Тоа било претпоследното направено јајце, направено пред Соѕвездието. Јајцето „Карелиска бреза“ се сметало за изгубено до 2001 година, кога московскиот собирач, Александар Иванов, го купил за неговиот руски национален музеј. И покрај официјалното име, ова е приватна збирка. Во 2009 година, Иванов го отворил Музејот Фаберже во Баден-Баден, а Брезовото јајце сега се наоѓа во тој музеј. Иванов исто така тврди сопственост на Coѕвездието, што е исто така изложено во Музејот Фаберже.

Дизајн[уреди | уреди извор]

Јајцето е направено од карелиски панели од бреза поставени во златна рамка. Ова е напуштање во дизајнот од претходните јајца, кои биле далеку повеќе украсни и позлатени. Промената се должи на мерките за штедење, преземени како резултат на Првата светска војна, како и кај руското императорско семејство, така и од Куѓата Фаберже.[1] Голем број на фабержеови велигденски јајца создадени за време на Војната (оние нарачани од Императорот како велигденски подароци за членовите на руското императорско семејство, наспроти другите јајца произведени од Фаберже), користеле необични и помалку скапи материјали. Сепак, јајцето Карелиска бреза било единствено што било користено органска супстанција (дрво) како главен градежен елемент. Нејзиното „изненадување“ беше минијатурен механички слон, покриен со ситни триаголно површински дијаманти, кој се отклучува со мал накитен клуч.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Брезовото јајце било создадено во 1917 година, и требло да биде завршено и предадено на императорот тој Велигден, како подарок за неговата мајка, императорката Марија Фјодоровна. Сепак, пред да се предаде јајцето, настанала Февруарската револуција и Николај Втори бил принуден да абдицира на 15 март.[1] На 25 април, Фаберже му испратил на Императорот фактура за јајцето, обраќајќи му се на Николај Втори не како „Цар на сите Руси“, туку како „господин Романов, Николај Александрович“.[2] Никола платил 12.500 рубљи, а јајцето било испратено до великиот војвода Михаил Александрович во неговата палата, за подарување до Императорката, но Војводата побегнал пред пристигнувањето. Јајцето остана во палатата сè додека не била ограбена во пресрет на Октомвриската револуција подоцна истата година.

После октомвриската револуција јајцето го добил Музејот Румјанцев во Москва. Исчезнало уште еднаш откако музејот бил затворен во јануари 1927 година и се претпоставувало дека е изгубено.[1] Во 1999 година, внуката на Фаберже, Татјана, објавила цртежи на дизајни за јајца од бреза и соѕвездија, но се претпоставувало дека и двете биле нецелосни.[2] Брезовото јајце јавно било појавено во 2001 година кога приватниот собирач од Обединетото Кралство, потомок на руски иселеници, го продал на Александар Иванов, московскиот собирач кој е сопственик на Музејот Фаберже во Баден-Баден. Целосната набавка, која го чинел музејот „милиони долари“, се состоела од самото јајце, футролата, клучот за навивање на изненадувањето, првичната фактура на Фаберже до Николај Втори и писмо од Фаберже до Александар Керенски, кој се жалел што не било платено и барал јајцето да се испорача. Самото „изненадување“ не било во сопственост на собирачот и најверојатно го украле војниците за време на Октомвриската револуција.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Mieks (30 мај 2016). "1917 Birch Egg". Mieks Fabergé Eggs. Посетено на 19 април 2020.
  2. 2,0 2,1 2,2 Farnham, Alan (12 април 2004). "Egg Hunting, Pro Division". Forbes.com. Посетено на 19 април 2020.