Лебед (Фабержеово јајце)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лебед
Модерна реплика на Фабержеовото јајце „Лебед“
Година на изработка1906
НарачателНиколај II, поклон за Марија Фјодоровна
Моментален сопственик
Индивидуална или
институционална
Фондација на Едуар и Морис Сандоз, Швајцарија
Година на стекнување1954
Дизајн и материјали
Употребен материјалјајце:злато, мат емајл, дијамант лебед: злато во четири бои, посребрено злато, аквамарин
Висина10 cm
Изненадувањелебед со минијатурен механизам на навивање плови во езеро

Лебед – едно од серијата од 52 украсни велигденски јајца изработени под надзор на рускиот јувелир Петар Карл Фаберже. Јајцето било изработено во 1906 година за последниот руски цар, Николај II. Царот Николај ѝ го подарил јајцето на мајка си, царицата-мајка Марија Фјодоровна, на Велигден 1906 година. Јајцето се наоѓа во „Фондацијата на Едуар и Морис Сандоз“ во Лозана, во Швајцарија.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Јајцето е изработено од злато, прекриено со мат боја на јоргован, омилената боја на царицата Марија Фјодоровна, украсено со брановидни ленти и брилијанти во облик на ружа. На врвот на јајцето има голем дијамант под кој стои годината „1906“. Друг голем дијамант е поставен на основата и веројатно под него имало монограм.[2].

Изненадување[уреди | уреди извор]

Во средината јајцето содржи сурприз (изненадување) – кошница со механички лебед, изработен од злато и сребро кој плови на „езеро“ од аквамарин. Под едно од крилата е скриен минијатурен механизам на навивање, после навивањето лебедот ги шири крилата, ги мрда нозете и опашката и гордо ги крева и спушта вратот и главата.[2][3]

Вдахновение[уреди | уреди извор]

Механичката фигурка на велигденското јајце „Лебед“, пример на високото мајсторство на мајсторите во фирмата Фаберже, била изработена по урнек на „Сребрениот лебед“ на Џемс Кокс (1773) кој сега се чува во музејот „Боус“ во Велика Британија. Фаберже имал можност да го види на Светската изложба во 1867 година во Париз.[2].

Сопственост[уреди | уреди извор]

Царот Николај II ѝ го поклонил јајцето на мајка си по повод четириесетгодишнината од нејзината венчавка со Александар III. После револуцијата, заедно со други вредни работи на царското семејство, било конфискувано од болшевиците. Во 1927 година, „Лебед“ било едно од деветте Фабержеови јајца што фирмата Антикваријат од Москва му ги продала на Емануел Сноумен од лондонската галерија Вартски. Во 1933 година јајцето му било продадено на Чарлс Парсонс од Лондон. Во 1939 година, галеријата Хамер во име на Чарлс Парсонс му го продала јајцето на египетскиот крал Фарук. Во 1954 година, новата египетска влада, која го распродавала имотот на Фарук, преку аукција на Сотби јајцето ѝ го продала на галеријата А ла вјеј Руси (A la vieille Russie, За стара Русија) од Њујорк. Потоа јајцето ѝ било продадено на галеријата на швајцарскиот магнат Морис Сандоз. Од 1995 година јајцето ѝ припаѓа на Фондацијата на Едуар и Морис Сандоз (Лозана, Швајцарија).

Оваа фондација покрај јајцето „Лебед“ го поседува и Јајце-часовникот на Јусупови, направен по нарачка на кнезот Јусупов.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. David Park Curry (1995). „Faberge“. Virginia Museum of Fine Arts. Отсутно или празно |url= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 „Mieks: Swan Egg, 1906“. Mieks Faberge Eggs (англиски). mieks.com.
  3. „Яйца Фаберже: Лебедь, 1906“. Яйца Фаберже. faberge-eggs.info. Архивирано од изворникот на 2014-04-24.