Соѕвездие (Фабержеово јајце)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Соѕвездие
Constellation Faberge egg 03 by shakko.jpg
Незавршеното јајце од Минералошкиот музеј Ферсман
Година на изработкаНезавршено (1917)
НарачателНиколај II
ПримателАлександра Фјодоровна
Моментален сопственик
Индивидуална или институционалнаМинералошки музеј Ферсман или Музеј Фаберже
Година на стекнување2001/доцни 1990-ти
Дизајн и материјали
Употребен материјалСтакло, дијамант, кристал

Јајцето „Соѕвездие“ е едно од двете велигденски јајца дизајнирани под надзор на Петер Карл Фаберже во 1917 година, за последниот император на Русија, Николај Втори како велигденски подарок на неговата сопруга императорка Александра Фјодоровна. Тоа било последното дизајнирано императорско фабержеово јајце. Јајцето останало недовршено.

Опис[уреди | уреди извор]

Поради руската револуција од 1917 година, јајцето никогаш не било готово или подарено на сопругата на императорот Николај, императорката Александра Фјодоровна.

Јајцето, како што е познато од документот од 1917 година, било направено од сино стакло со кристална основа, а на стаклото бил врежан знакот Лав од хороскопот. (Наследникот на рускиот престол, Алексеј Николаевич, Царевич на Русија, бил Лав.) Постојат ѕвезди кои се обележани со дијаманти, а во јајцето има механизам за часовник.

Прво јајце[уреди | уреди извор]

Во 2001 година, слична ставка била откриена во Минералошкиот музеј Ферсман во Москва, а експертите веруваат дека станува збор за недовршено јајце направено од Фаберже.[1] Тоа било недовршен предмет без дијаманти. Во последниве години има неколку предложени извори на вдаховение за делото.[2]

Второ јајце[уреди | уреди извор]

Рускиот милионер Александар Иванов тврди дека го поседува изворното (и завршено)[3] јајце. Во 2003-2004 тој рекол дека ова јајце го стекнал кон крајот на 90-тите години и потврдува дека „музејот Ферсман погрешно продолжува да тврди дека го има изворното јајце“. Западните власти не се согласуваат. Како и да е, јајцето на господин Иванов е во Музејот Фаберже во Баден-Баден, во кое има дел од неговата фабержеова збирка.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Карл Фаберже и мастера камнерезного дела. Самоцветные сокровища России. // Carl Faberge and masters of stone carving. Russian gems. Catalogue of the exhibition in Kremlin, Moscow. 2011. Стр. 62.
  2. The Blue Constellation Egg and the Golden Age of Pictorial Star Atlases[мртва врска][мртва врска]
  3. See photo

Надворешни врски[уреди | уреди извор]