Портрети на Александар III (Фабержеово јајце)
Портрети на Александар III | |
---|---|
Година на изработка | 1896 |
Моментален сопственик | |
Индивидуална или институционална | Хилвудов музеум |
Дизајн и материјали | |
Изненадување | недостига |
Портрети на Александар III — Фабрежеово јајце познато и како Дванаесетте иницијали, е скапоцено Велигденско јајце направено под надзор на рускиот изработувач на накит Карл Фаберже во 1896 година за царот Николај II.[1] Бил поклон од Николај II до неговата мајка, царицата вдовица Марија Феодоровна. Ова јајце е второто Фабрежеово јајце подарок од Николај II на својата мајка како Велигденски подароок.
Ова јајце е едно од четирите кои се изработени во спомен на царот Александар III. Останатите три кои недостигаат се Ампир (1902) и Сеќавање на Александар III (1909) и Коњанички споменик на Александар III (1910).[2]
Моментално јајцето се чува во Хилвудскиот музеј во Вашингтон, како дел од збирката на Мерџори Мериведер Пост.[3]
Опис
[уреди | уреди извор]Секој раб од јајцето содржи кириличен натпис од Александар III и Марија Феодоровна, украсено со дијаманти, поставени зад темносиниот емајл украсен од црвено-златно, розови брусени дијаманти, портретни дијаманти и виолетови линии. Прекриено е од шест рабови секој одделен со пруги изработени од брусени розови дијаманти уктрасени со царската круна и царските иницијали (МФ) „Марија Феодоровна“ и (АIII) „Александар III“. Секој монограм се појавува шестпати, при што иницијалите на Марија се појавуваат во горната половина на јајцето додека пак на долната страна се иницијалите на Александар III.
Долг период, за ова јаце се мислело дека е подарок за 25 годишницата од бракот на Александар III и Марија Феодоровна во 1892 година. Исто така погрешно се верувало дека е царско Велигденско јајце од 1895 година.
Препознавање
[уреди | уреди извор]Првично се сметало дека е исчезнато јајце од 1895 година како дел од низата јајца на Марија Феодоровна.
Сепак, по повторното откривање во 2012 година на Третото царско јајце од 1887 година, прикажано на светот во март 2014 година, и придодавањето на Златноto јајце со часовник како царско Велигденско јајце од 1895 година, стана јасно дека јајцето кое недостасува е царското Велигденско јајце препознаено како Портрети на Александар III мора да е истото јајце со Дванаесетте иницијали од 1896 година.[4][5][6]
Ова јајце денес се чува во Хилвудовиот музеј во Вашингтон. Оваа теорија денес е целосно признаена и прифатена од Хилводувиот музеј.
Изненадување
[уреди | уреди извор]Изненадувањето од ова јајце недостасува. Се верува дека ова јајце содржело шест минијатури на Александар III исцртани на слонова коска и украсени со сафири.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ http://www.wintraecken.nl/mieks/faberge/eggs/1896_Alexander_III_Monogram_Egg.htm 1896 Twelve Monogram Egg / Alexander III Portraits Egg], Mieks Fabergé Eggs.
- ↑ Website by Annemiek Wintraecken, details on each of the Fabergé Eggs
- ↑ Hillwood Estate, Museum & Gardens - Twelve Monogram Egg
- ↑ http://wintraecken.nl/mieks/faberge/eggs/1887_Third_Imperial_Egg.htm
- ↑ Von Habsburg, Geza (2011). Fabergé Revealed. ISBN 9780847837380. p. 29, note 62.
- ↑ http://wintraecken.nl/mieks/faberge/eggs/1895_Blue_Serpent_Clock_Egg.htm
Дополнителна литература
[уреди | уреди извор]- Lowes, Will; McCanless, Christel Ludewig (2001). Fabergé Eggs: A Retrospective Encyclopedia. Scarecrow Press. ISBN 978-0-8108-3946-5.
- Odom, Anne and Arend, Liana Paredes (1998). A Taste for Splendor: Russian Imperial and European Treasures from the Hillwood Museum. Alexandria, VA: Art Services International. ISBN 9780965495820
- Odom, Anne and Salmond, Wendy R. eds. (2009). Treasures into Tractors: The Selling of Russia's Cultural Heritage, 1918-1938. Washington, D.C.: University of Washington Press. ISBN 9781931485074
- Rubin Stuart, Nancy (1995). American Empress: The Life and Times of Marjorie Merriweather Post. New York: Villard. ISBN 0-679-41347-2.