Прејди на содржината

Паун (Фабержеово јајце)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Паун
Година на изработка1908
НарачателНиколај II
ПримателМарија Фјодоровна
Моментален сопственик
Индивидуална или
институционална
Лозана, Фондација Едуар и Морис Сандоз
Дизајн и материјали
МастерДорофеев
Употребен материјалјајце: разнобојно злато, сребро
дрво: разнобојно злато, дијаманти
паун: злато, емајл, скапоцени камења
Висина190 мм
Ширина165 мм
Изненадувањеминијатурен механички паун

Паунјувелирно и кварцно велигденско јајце, изработено од Дорофеев под надзор на рускиот јувелир Карл Фаберже во 1908 година.[1] Било изработено за Николај II, кој ѝ го поклонил на својата мајка Марија Фјодоровна во 1908 година.[1]

Проѕирното јајце е изработено од кварц и позлатена сребрена жица и има прилично едноставен стил. Генијалноста на јајцето е во неговото изненадување. Јајцето е составено од две половини кои се држат во целина со затворач на врвот и кога истиот се отвора се дели.

Изненадување

[уреди | уреди извор]

Во јајцето, на гранките од златно дрво со цветови од емајл и скапоцени камења, седи мал механички златен и емајлиран паун долг 110 мм. Паунот може да се извади од дрвото и да се навие. Поставен на рамна површина, се шета наоколу со движење на главата и отворање и затворање на опашката од емајл.[1]

Дорофеев, мајсторот на Фаберже, три години работел на паунот и неговите прототипи.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]
Часовникот паун

Јајцето „Паун“ било вдахновено од „Часовникот паун“ од 18 век што го изработил Џемс Кокс. Часовникот бил поклон од Григориј Потемкин на Катерина Велика.[2] Часовникот паун бил сместен во Зимскиот дворец во Санкт Петербург, Русија, кој денес е музејот Ермитаж.

Во 1927 година, јајцето „Паун“, заедно со други девет царски јајца, му било продадено на Емануел Сноумен од Антикваријатот. Било купено до Хирст во 1935 година и продадено на д-р Морис Сандоз од Швајцарија во 1949 година кој во 1955 година ѝ го донирал на својата „Фондација Едуар и Морис Сандоз“ во Лозана. Со оглед дека е во приватно сопствеништво, јајцето само шест пати било јавно покажано, последен пат во 2009 година.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Matt & Andrej Koymasky - Fabergé Peacock Egg“. Andrejkoymasky.com.
  2. 2,0 2,1 „Mieks Fabergé Eggs“. Wintraecken.nl. 2019-01-07. Посетено на 2019-10-07.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]