Царевич (Фабержеово јајце)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Царевич
Година на изработка1912
Нарачателцарот Николај II
Примателцарицата Александра Фјодоровна
Моментален сопственик
Индивидуална или
институционална
Уметнички музеј Вирџинија
Година на стекнување1947
Дизајн и материјали
МастерХенрик Вигстрем
Употребен материјаллазурен камен, злато, дијамант
Висина15 cm
Ширина10 cm
ИзненадувањеВрамен портрет на царчето Алексеј
Изненадувањето во јајцето
Царчето Алексеј во морнарски костум

ЦаревичФабержеово јајце, едно од серијата јувелирски јајца изработени под надзор на Петар Карл Фаберже. Било направено во 1912 година за царицата Александра Фјодоровна како поклон од Фаберже за нејзиниот син Алексеј. Денес јајцето се наоѓа во Уметничкиот музеј Вирџинија во Ричмонд, Вирџинија.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Јајцето е високо околу 15 сантиметри на неговото стојало и има пречник од 10 cm.[2] Надворешната школка е син лазурен камен, со архитектонски кафез од злато во стилот на Луј XV со мотиви од лисја. Златните мотиви ги покриваат сите споеви, така што јајцето изгледа како да е изделкано од еден блок лазурен камен. Изработката од злато вклучува два царски двоглави орла, како и купидони, балдахини, цветни свитоци, кошници цвеќе и гирланди.[1] Два големи дијаманти, еден на горе и еден долу се инкрустирани во површината на јајцето и ги покажуваат иницијалите на царицата Александра Фјодоровна, годината 1912 и царската круна.[3]

Изненадување[уреди | уреди извор]

Изненадувањето, минијатурен портрет на царчето Алексеј направено од платина и дијаманти, се наоѓа во рускиот двоглав орел.[3] Царскиот орел ги држи царското јаболко и жезолот симболи на круната на Романови. Вградената рамка е поставена на лазурен камен и може целосно да биде извадена од јајцето. Портретот го прикажува Алексеј во морнарски костум, неговиот омилен. Оригиналниот двостран минијатурен портрет бил оштетен и сè уште се наоѓа во збирката на Уметничкиот музеј Вирџинија. Тековниот портрет е архивска фотографија. Во јајцето, гравиран златен диск со розов прозорец служи како платформа за рамката на портретот.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Фаберже го создал јајцето во чест на царчето Алексеј. Никој не знаел освен за кралското семејство, дека се очекувало Алексеј да умре од хемофилија и во еден момент бил толку близу до смртта што Рускиот царски суд веќе издал потврда за неговата смрт. Кога Алексеј преживеал, Фаберже, кој знаел за здравјето на царчето, го создал јајцето за мајката на Алексеј како почит кон чудото на неговото опстанување..[4][5]

Следни сопственици на јајцето биле Арманд Хамер, кој се преселил од Париз во Њујорк во раните 1930-ти. Филантропот Лилијан Томас Прат (1876–1947) од Фредриксбург, Вирџинија, го купила јајцето во Њујорк од Хамер во 1933-34 година. Во 1947 година таа му го предала јајцето на Уметничкиот музеј Вирџинија во Ричмонд, Вирџинија каде е постојана изложено.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 David Park Curry (1995). „Faberge“. Virginia Museum of Fine Arts. Отсутно или празно |url= (help)
  2. 2,0 2,1 „Imperial Czarevich Easter Egg“. Virginia Museum of Fine Arts. Архивирано од изворникот на 2008-04-02. Посетено на 2007-12-29.
  3. 3,0 3,1 Koymasky, Matt and Andrej. „Fabergé Czarevich“. Архивирано од изворникот на 2008-06-04. Посетено на 2007-12-29.
  4. „Fabergé Eggs: Fragile Remembrances“. PBS.org. Архивирано од изворникот на 2007-08-09. Посетено на 2007-12-29.
  5. Mieks (2016-05-30). „1912 Tsarevich Egg“. Mieks Fabergé Eggs. Архивирано од изворникот на 2016-06-24. Посетено на 2016-05-30.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]