Ротшилдско јајце (Фабержеово јајце)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ротшилдско
Ротшильдовское.jpg
Година на изработка1902
НарачателБеатрис Ефруси де Ротшилд
ПримателЖермен Халфен
Моментален сопственик
Индивидуална или институционалнаМузеј Ермитаж
Година на стекнување2014
Дизајн и материјали
МастерМихаил Перхин
Изненадувањедијамантско направен петел кој излегува од врвот на јајцето

Ротшилдското јајцето е накитено, емајлирано, украсено јајце кое е направено под надзор на рускиот накит Петер Карл Фаберже во работилницата на Михаил Перхин во 1902 година.[1] Беатрис Ефруси де Ротшилд и го претставила ова јајце на Жермен Халфе по свршувачката со помладиот брат на Беатрис, Едуар Алфон Џејмс де Ротшилд.[2]

Изненадување[уреди | уреди извор]

По изминат час, дијамантско направен петел се појавува од врвот на јајцето, павта со своите крила четири пати, а потоа кимнува со главата трипати, кукурикајќи сето време. Ова трае петнаесет секунди, пред часовникот да го удри ѕвончето за да го каже часот.[3]

Сличности со јајцето Келхов шантеклер[уреди | уреди извор]

Како едно од само четири фабержеови јајца со украсно изненадување и часовник, сличности се покажуваат со Јајцето Келхов шантеклер од 1904 година.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Тоа е едно од ретките значајни фабержеови јајца кои не биле направени за руското императорско семејство, и тоа било семејството Ротшилд уште од моментот кога било купено. Тоа било едно од најскапите јајца што Фаберже некогаш ги имал направено и продадено.

Продажба во 2007 година[уреди | уреди извор]

Тоа било продадена од страна на аукциската куќа Christie's на 28 ноември 2007 година, за 8,9 милиони фунти (вклучувајќи провизија).[4] Цената постигната од јајцето поставила три аукциски рекорди: тоа е најскапиот часовник, руски предмет и фабержеов предмет некогаш продаден на аукција, надминувајќи ја продажбата од 9,6 милиони долари од САД, на Зимското јајце од 1913 година во 2002 година.[4][5]

Јајцето го купил Александар Иванов, директорот на Рускиот национален музеј. „Тоа е едно од најубавите, највредните и најсложените фебержеови јајца досега“, рекол Иванов, како и додал дека „Немавме инвеститори, а ова јајце ќе влезе во приватниот музеј што го градиме во центарот на Москва. Ние нема да го препродаваме. ”Ротшилдското јајце на крајот било изложено во ивановиот Музеј Фаберже бо Баден-Баден, Германија.[6]

Непосредна историја[уреди | уреди извор]

На 8 декември 2014 година, Ротшилдското јајце било дадено во Музејот Ермитаж во Санкт Петербург, Русија.[7] Ова се случило за време на приемот за одбележување на 250-годишнината од музејот.[8] Подарувањето на јајцето го направил Владимир Путин, Претседателот на Русија, кој исто така му подарил уште една ставка од Фаберже во музејот. Во говорот за време на приемот, Путин ги дал следниве забелешки: „Јас би сакал да му врачам подарок на Ермитаж: часовник создаден од Карл Фаберже, и часовник-јајце, друго од делата на Карл Фаберже. Првиот е часовник создаден за 25-годишнината од бракот помеѓу императорот Александар III и императорката Марија Феодоровна. Второто било наречено Ротшилдско-фабержеово-часовник-јајце. Се надевам дека ќе најдат место во приказите на Ермитаж.“[9] Од јануари 2019 година, Ротшилдското јајце е изложено во просторијата 302 од зградата на Генералштабот на Ермитаж.[10]

Изјавено е дека Иванов го донирал јајцето на руската влада во 2014 година.[11][12] На 1 декември 2014 година, британските и германските даночни иследници извршиле претрес во музејот Фаберже на Иванов во Баден-Баден.[13] Изгледа дека оваа рација била поврзана со даночен спор во врска со Ротшилдското јајце.[14]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Christie's - Russian Works of Art Including The Rothschild Fabergé Egg“. Архивирано од изворникот на 11 јуни 2012.
  2. 2,0 2,1 „Mieks Fabergé Eggs“. Wintraecken.nl. Архивирано од изворникот на 15 август 2019. Посетено на 19 април 2020.
  3. „The Rothschild Fabergé Egg - Russian Works of Art, 28 November 2007, London“. Архивирано од изворникот на 13 декември 2007. Посетено на 19 април 2020.
  4. 4,0 4,1 „UK | Faberge egg sold for record £8.9m“. BBC News. 28 ноември 2007. Архивирано од изворникот на 4 февруари 2010. Посетено на 19 април 2020.
  5. „Rothschilds' Faberge Egg Fetches Record $16.5 Million (Update2)“. Bloomberg. 28 ноември 2007.[мртва врска]
  6. Walker, Shaun (10 декември 2010). „Russian billionaire feathers his Fabergé nest egg“. The Independent. Архивирано од изворникот на 15 декември 2013. Посетено на 19 април 2020.
  7. Quinn, Allison (9 декември 2014). „Putin Gives Faberge Egg to Hermitage for 250th Anniversary“. The Moscow Times. Архивирано од изворникот на 15 февруари 2015. Посетено на 19 април 2020.
  8. „Putin presents Faberge clocks to Hermitage for 250th anniversary - Russia Beyond“. Rbth.com. 10 декември 2014. Архивирано од изворникот на 9 септември 2018. Посетено на 19 април 2020.
  9. Reception honouring 250th anniversary ofб═Hermitage. „Reception honouring 250th anniversary ofб═Hermitage Б─╒ President ofб═Russia“. Eng.kremlin.ru. Архивирано од изворникот на 2 април 2015. Посетено на 19 април 2020.
  10. „Art works“. Hermitagemuseum.org. Архивирано од изворникот на 20 март 2019. Посетено на 19 април 2020.
  11. „Putin, the Oligarch, and the Tax Dispute Over a $14 Million Fabergé Egg“. Bloomberg. Архивирано од изворникот на 4 март 2016. Посетено на 19 април 2020.
  12. п°п╟я─п╦я▐ п°п╬я│п╨п╡п╦я┤п╣п╡п╟. „Бизнесмен, передавший Путину яйцо Фаберже для Эрмитажа, рассказал об истории драгоценности - МК“. Mk.ru. Архивирано од изворникот на 2019-08-15. Посетено на 2019-10-08.
  13. Dolgov, Anna (12 December 2014). „British Tax Agents Raid Museum in Search of Putin's Faberge Egg, Report Says“. The Moscow Times. Архивирано од изворникот на 8 December 2015. Посетено на 11 March 2015.
  14. Ben Hoyle in Moscow and Georgie Keate (11 декември 2014). „Tax agents accused of using Fabergé raid to thwart Putin“. The Times. Архивирано од изворникот на 22 јануари 2016. Посетено на 19 април 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]