Дански дворци (Фабержеово јајце)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дански дворци
Поглед на јајцето „Дански дворци“
Година на изработка1890
НарачателАлександар III, подарена на Марија Фјодоровна
Моментален сопственик
Индивидуална или
институционална
Фондација Матилда Гедингс Греј, сместена во Ботаничката градина Чиквуд и Музејот за уметност во Нешвил
Година на стекнување1972
Дизајн и материјали
МастерМихаил Перхин, минијатури од Константин Кријитски
Употребен материјалповеќебојно злато, розово-лилав емајл, сафир, смарагди, дијаманти, пурпурно кадифе
Висина102 мм
Ширина67 мм
Изненадување10 табли со слики во акварел на дански дворци и царски јахти

Дански дворци — царско Фабержеово јајце, едно од низата од педесет и две украсени јајца направени од страна на Петар Карл Фаберже за руското царско семејство. Било изработено и доставено на тогашниот цар на Русија, Александар III, кој го подарил на својата сопруга Марија Фјодоровна на Велигден 1890 година. Јајцето моментално е поседувано од Фондацијата Матилда Гедингс Греј и сместено во музејот Метрополитен во Њујорк.

Дизајн[уреди | уреди извор]

Надворешноста на ова јајце е розово-лилав емајлирано злато поделено на дванаесет делови. Високо е 102 мм и широко 67 мм. Шест вертикални линии на дијаманти и три хоризонтални линии ги одвојуваат емајлираните табли една од друга.[1] Постои смарагд на секое соединување на линиите кои ги раздвојуваат таблите и јајцето е крунисано со медалјон на листови околу сафир. Спротивниот крај на јајцето е дополнето со дополнителни украсни листови.[2]

Постолјето е современо дополнување.

Изненадување[уреди | уреди извор]

Јајцето се отвора да ги открие 10. табли направени од повеќебојно злато со акварел на седеф. Таблите се врамени со дизајн на тангентни кругови со повеќебоен златен венец на врвот и стои на грчки завој.[2] Акварелот е потпишан од Константин Кријитски и потекнува од 1889 година. Сликите прикажуваат, од лево на десно, царската јахта „Поларна ѕвезда“; Бернсторфски дворец, Копенхаген; царската вила во паркот Фреденсборг, близу Фреденсборшки дворец; Амалиенборг, Копенхаген; Кронборг, Хелсингер; Петерхоф; Гачински дворец близу Санкт Петербург и царската јахта „Царевна“.[3]

Историја на јајцето[уреди | уреди извор]

Александар III го добило јајцето „Дански дворци“ од продавницата Фаберже на 30 март 1890 година и го подарил јајцето на неговата сопруга, Марија Фјодоровна на 1 април. Царот платил 4.260 сребрени рубљи за јајцето. Во јануари 1893 година, јајцето било сместено во Гачинскиот дворец и останало таму до револуцијата во 1917 година. Во 1917 година било однесено заедно со остатокот на царските јајца во Оружениот дворец на Кремљ. Во првиот дел на 1922 година било префрлено во Совнарком, подоцна преместено повторно во Оружениот дворец во летото 1927 година.[4] Јајцето „Дански дворци“ било избрано заедно со 11 други за продажба надвор од Русија во април 1930 година и било продадено на галериите Хамер за 1.500 рубљи. Галериите Хамер го рекламирале јајцето за продажба во 1935 година за 25.000 $ и било продадено помеѓу февруари 1936 и ноември 1937 година на Николас Лудвиг од Њујорк. Јајцето било поседувано од приватен колекционер помеѓу 1962 и 1971 година, кога било пронајдено во збирката на починатата Матилда Гедингс Греј. Од 1972 година, јајцето е во посед на Фондацијата Матилда Гедингс Греј и моментално се прикажува во музејот Метрополитен во Њујорк.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Лоус, Вил; Меканлес, Кристел Лудевиг (2001). Fabergé Eggs A Retrospective Encyclopedia. Мериленд: Scarecrow Press Inc. стр. 27. ISBN 0-8108-3946-6.
  2. 2,0 2,1 Lowes, 2001 pg. 27
  3. Lowes, 2001 pg. 27-28
  4. Lowes, 2001 pg. 28