Несесер (Фабержеово јајце)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Несесер
Nécessaire Egg.jpg
Јајцето Несесер
Година на изработка1889
НарачателАлександар III, подарена на Марија Фјодоровна
Моментален сопственик
Индивидуална или институционалнанепознат
Година на стекнувањепоследно познато 1952 г.
Дизајн и материјали
Мастернепознат
Употребен материјалзлато, сафири, емералди, рубин, дијамант, прстен од бисер
Висинанепозната
Ширинанепознат
Изненадување13 кори од дијамант за женски тоалетен прибор

Несесер — царско Фабержеово јајце, едно од низата од педесет и две украсени јајца направени од страна на Петар Карл Фаберже за руското царско семејство. Било изработено и доставено на тогашниот цар на Русија, Александар III, кој го подарил на својата сопруга Марија Фјодоровна на Велигден 1889 година. Ова е едно од изгубените царски јајца, но се знае дека ја преживеало руската револуција и било продадено од Вартски во Лондон во 1952 година.

Дизајн[уреди | уреди извор]

Ова јајце било дизајнирано како кутија во која ги имало предметите од женскиот тоалетен прибор.[1] Иако точниот опис на јајцето не е познато, тоа е опишано во инвентарот на запленети царски предмети како „повеќебојни камења со брилијанти, рубини, емералди и сафири“.[1]

Изненадување[уреди | уреди извор]

Изненадувањето било 13 кори од дијамант за женски тоалетен прибор.

Историја на јајцето[уреди | уреди извор]

На 9 април 1889 година, Александар III го подарил јајцето на својата сопруга Марија Фјодоровна. Јајцето било чувано во Гачинскиот дворец и било однесено најмалку еднаш до Москва, што може да се дознае од фактурата за патувањето во кое е опишано јајцето.[1]

По револуцијата од 1917 година, јајцето „Несесер“ било одземено заедно со остатокот на царските јајца и испратено во Оружениот дворец во Кремљ. Во првиот дел на 1922 година било префрлено во Совнарком. Последно било прикажано во Вартски, како дел од првата изложба на Фабержеовите дела во Европа. Подоцна било купено и продадено од фирма во Лондон во јуни 1952 година на муштерија познат како „Странецот“. Не се знае каде е денес.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Лоус, Вил; Меканлес, Кристел Лудевиг (2001). Fabergé Eggs A Retrospective Encyclopedia. Мериленд: Scarecrow Press Inc.. стр. 26. ISBN 0-8108-3946-6. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]