Златно јајце со часовник (Фабержеово јајце)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Златно јајце со часовник
Јајцето „Златно јајце со часовник“
Година на изработка1887
НарачателАлександар III
ПримателМарија Фјодоровна
Моментален сопственик
Индивидуална или
институционална
неидентификуван приватен колекционер
Година на стекнување2014
Дизајн и материјали
МастерАвгуст Холмстрем
Употребен материјалскапоцени камења, злато, бел емајл, дијаманти
Висина82 мм
Изненадувањечасовник

Златно јајце со часовник — царско Фабержеово јајце, едно од низата од педесет и две украсени јајца направено од страна на Август Холмстрем под водство на Петар Карл Фаберже за руското царско семејство во 1887 година. Било изработено и доставено на тогашниот цар на Русија, Александар III, кој го подарил на својата сопруга Марија Фјодоровна на Велигден 1887 година. Јајцето било создадено во стил на Луј XVI и се состоело од 18 каратна златна кутија потпрено на златен прстен со брановити украси поставена на три нозе кои завршуваат како лавји шепи. На овие нозе се фестони од рози и ливчиња направени од различни обоени златни легури и во средината на секоја страна со овални сафири. Над секој сафир има златна машна украсена со низа ситни дијаманти, а на предната страна на јајцето има еден поголем дијамант.[1] Јајцето било изгубено со години, но повторно било откриено во 2012 година.[2] Повторното откривање на ова јајце било јавно објавено во повеќе статии од весниците во 2014 година.

Изненадување[уреди | уреди извор]

Часовник од 14 каратно златно со бел емајл и дијамант.

Изложби[уреди | уреди извор]

  • март 1902 г. во Санкт Петербург
  • 14–17 април 2014 во Лондон

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кристел Меканлес (2017). „Fabergé Imperial Egg Chronology“. Fabergé Research Site. Архивирано од изворникот на 6 август 2017.
  2. Синг, Анита (18 март 2014). „The £20m Fabergé egg that was almost sold for scrap“. The Telegraph. Архивирано од изворникот на 28 мај 2014. Посетено на 1 јуни 2014.