Полско-литванска унија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кралство Полска и Големо кнежество Литванија
Државна заедница
Грб
 
Грб
1569–1795
 

 

Знамето на Сигизмунд III Грб
Гесло
латински: Si Deus Nobiscum quis contra nos
(Ако Бог е со нас, тогаш кој е против нас)
Pro Fide, Lege et Rege
(латински: За верата, правото и кралството, 18 век)
Полско-литванската на карта на Европа, околу 1619
Главен град Полско-литванска унија: Краков, Варшава (1600); Големо кнежество Литванија: Вилнус [а]
Јазици
Вероисповед
Уредување Наследна монархија (1569–1573),
Изборна монархија (1573–1791),
Наследна монархија (1791–1795)
Кралеви Список
Големи војводи Список
Законодавство Сејм
Историја
 -  Љублинска унија 1 јули 1569
 -  Прва поделба 5 август 1772
 -  Третомајски устав 3 мај 1791
 -  Втора поделба 23 јануари 1793
 -  Трета поделба 24 октомври 1795
Површина
 -  1582 815000 км²
 -  1618 990000 км²
Население
 -  1582 6500000 
     Густина 8 жит/км²
 -  1618 10500000 
     Густина 10.6 жит/км²

Полско-литванската унија, Полско-литванска држава или Полско-литванска државна заедница (официјално, земја на два народа; полски: Rzeczpospolita Obojga Narodów; литвански: Žečpospolita Abiejų tautų respublika; латински: Serenissima Res Publica Poloniae) претставувала федерација меѓу кралството Полска и Големото кнежество Литванија, кое постоело во периодот од 1569 до 1795 година. Земјата во текот на своето постоење била една од најголемите во Европа.[б][в][1][2]

Унијата имала некои специфични карактеристики. Така, политичкиот систем (познат и како „Златна слобода“) се карактеризирал со строга контрола врз власта на монархот. Оваа контрола била спроведувана од страна на законодавното тело „сејм“, коешто било под контрола на аристократијата („шлахта“). Ваквиот политички систем претставувал предвесник на современите концепции на демократијата,[3]уставната монархија[4][5][6] и федерацијата.[7] Двете земји, кои ја сочинувале унијата биле формално еднакви, но сепак Полска била доминантен партнерво унијата.[г]

Полско-литванската унија се одликувала со висок степен на етнички диверзитет и невообичаена религиозна толеранција,[д][8] којашто сепак, со тек на време се менувала.[9]

По неколку декади на моќ, за време на златниот век на унијата,[ѓ][10][11] државата се соочила со период на политичко,[6][12] воено и економско[13] опаѓање. Слабостите кои брзо се појавувале довеле до нејзините поделби, меѓу соседите: Австрија, Прусија и Русија, на крајот од 18. век. Кратко пред пропаѓањето, биле направени обиди за големи реформи и притоа бил донесен уставот од 3 мај 1791, кој бил вториот најстар национален устав во современата историја.[е][14][15][16]

Историја[уреди]

Себастијан Собиески со полската круна на венчавката на Зигмунд III, насликан од непознат сликар околу 1605

Основање и реформи[уреди]

Унијата била основана со основањето на Љубинската унија. Овој настан се смета за еден од најголемите успеси на Зигмунд II Август, последниот монарх од династијата на Јангелонците. По неговата смрт, следувал период од три години на т.н. меѓуцарствие. Овој период завршил со воведување на нови реформи и промени на уставт на унијата. Со овие промени на аристократијата ѝ била доделена поголема власт.

Во времето на избор на нов крал, шлахтата повеќе се залагала за странски кандидат, којшто нема да има право да создаде уште една таква моќна династија каква што била онаа на Јагелонците. Но, ваквите стремежи, често доведувале до создавање, односно избирање на неефективни монарси, кои биле постојано во конфликт со артстократијата. Освен тоа, со исклучок на Стефан Батори (1576-1586), монарсите кои потекнувале од друга земја најчесто се стремеле, интересите на унијата да ги потчинат кон интересите на земјата од каде што тие потекнувале. Тоа најмногу се почуствувало во времето на првите два крала од шведската Васа, чија политика ја довела земјата до конфликт со Шведска и го означува почетокот на распаѓањето на унијата.

Златен век[уреди]

Унијата во 1635 година

со спроведените реформи, унијата започнала да зајакнува во сите сфери. Организацијата на државата била налик на демократија, што било во спротивност со апсолутистичките монархии кои постоеле во тоа време во Европа. Парламентот („сејм“) и неговите институции биле управувани од страна на аристократијата и не биле наклонети кон постојано војување, за разлика од соседните земји во тоа време. Потврда за ова е и неучеството на унијата во Триесетгодишната војна. Сепак, најголеми воени успеси, Полско-литванската унија постигнала против Шведска, Русија и Османлиската империја. Унијата краток период владеела дури и со руската престолнина, Москва.

Богатството на земјата започнале да се зголемува, со зголемувањето на профитабилноста од земјоделскиот извоз. Големиот природен прираст во западна Европа ја зголемило побарувачката за храна, па Полско-литванската унија станала водечка земја во Европа, по производството на жито. Профитот, кој го заработувале трговците бил наменет, пред сè за развој на руралната економија, иако во тој период во западна Европа во подем биле урбанизацијата и капитализмот.

Намалување на моќта[уреди]

Годините по востанието на Зебжидовски (1606-1607) го одбележале периодот на значително зголемување на магнатите и демократизацијата во шлахтата постепено била претворана во олигархија на магнатите.

Моќта на унијата започнала да се намалува по двојниот неуспех во 1648 година, односно по големите востание на Козаците и Кримските Татари, на чело со Богдан Хмељницки. Вториот неуспех е војната против Шведска во 1655 година. Шведска, како сојузници ги имала Трансилванија и Бранденбург. На крајот на 17 век, во времето на Јан III, унијата ѝ нанела неколку порази на Османлиската империја. Битката кај Виена во 1683 година довела до пресврт во 250-годишната војна помеѓу христијанска Европа и муслиманската Османлиска империја. Во текот на следните шеснаесет години, Османлиите постепено биле протерувани од средна кон јужна Европа.

Во 18 век, унијата се соочила со внатрешни проблеми, кои биле причинети и поради лошите односи со соседните земји. Овие настани во целост го дестабилизирале политичкиот систем на земјата, доведувајќи го на работ од анархија.

Подоцнежни реформи[уреди]

Изгласувањето на новиот устав во Сејмот, 3 мај 1791

Полско-литванската унија направила повеќе обиди да го реформира својот политички систем. На 3 мај 1791 година, во Сејмот бил изгласан уставот од 3 мај 1791, кој бил вториот најстар национален устав во современата историја.[е][17][18][19] Уставот го претворил политичкиот систем на унијата во унитарна држава со наследна монархија. Освен тоа, со донсувањето на уставот биле укинати, но и задржани некои елементи од стариот систем. Така, со новиот устав било укинато слободното вето; се предвидувало поделба на влста на законодавна, извршна и судска; се создал народен суверенитет, кој ги проширил политичките права; се зголемиле правата на селското население; се сочувала религиозната толеранција.

Овие реформи сепак биле воведени многу доцна[20], ако се има предвид фактот што по само неколку месеци, унијата била нападната од страна на сите свои соседи[20], кои биле задоволни со напуштањето на унијата, но грубо реагирале на обидите за реформи на кралот Станислав август Понјатовски и другите обиди за реформи, кои би ја зајакнале државата.[20] Русија стравувала од реформите предвидени со новиот устав на унијата и од можноста истата да стане европска империја. Катерина Велика го сметала уставот за фатален за нејзиното влијание[21] и го прогласила за јакобински.[22] Григори Потемкин направбил нацрт на Тарговицката конфедерација, што посочувало на тоа дека уставот е „зараза на демократски идеи“.[23] Во меѓувреме, Прусија и Австрија, кои исто така биле исплашени од создавање на моќна Полска, го искористиле уставот како изговор за понатамошни територијални проширувања.[22] Прускиот министер Евалд фон Херцберг, уставот го нарекол „удар за пруската монархија“,[24], плашејќи се од нова доминација на Полска над Прусија.[25][21] Сепак, третомајскиот устав никогаш не бил целосно спроведен, а унијата постоела уште само 4 од неговото донесување.

Поделба на унијата[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Поделби на Полска.

Прва поделба[уреди]

Полско-литванската унија по првата поделба (1772)

На 6 февруари 1772 во Санкт Петербург била склучена согласност меѓу Прусија и Русија, а на 19 февруари истата година во Виена, била потпишана конвенција за поделба. На 25 јули во Санкт-Петербург била склучена нова конвенција, според која и Австрија зела учество во поделбата. На почетокот на август, руските, прусиските и австриските војски навлегле во Полска и ги поделиле заземените области, во склад со конвенцијата. На 5 август, бил издаден окупацискиот манифест, со кој се барало вчудоневидената земја, истрошена со напорите на Барската конфедерација да пружи соодветен отпор.[26] Сепак, се војувале неколку битки и опсади, бидејќи полските трупи одбиле да го положат оружјето.

Конвенцијата за поделба била ратификувана на 22 септември 1772.[27][27][28] Кралот на Прусија, Фридрих II Велики бил воодушевен од победата. Неговата држава ги добила териториите не Ермланд (Вармија), кралска Прусија (полски: Prusy Królewskie) (подоцна, територијата го добила називот Западна Прусија) до реката Нотец (германски: Netze), територии од војводството Померанија без градот Гдањск (Данциг), војводството Поморје, делови од Кујавија (без градот Торун) и делови од Голема Полска.[26] На Русија и припаднале делови од Инфлант и Ливонија и делови од источна Белорусија, до реките Двина, Друт и Днепар, клучувајќи ги војводствата Витебск, Полацк и Мстиславл.[26] Австрија ги зазела Зтор и Освенцим и делови од Мала Полска, вклучувајќи ги јужните делови од Краковското војводство, делови од Сандоомирското војводство, цела Галиција, но не и градот Краков.[26]

Со оваа поделба, Полско-литванската унија загубила 30% од својата територија и население од околу 4 милиони жители (1/3 од вкупниот број на население).[26]

Втора поделба[уреди]

Втората поделба (1793)

Во 1790 година бил потпишан полско-прусискиот договор. Условите во договорот биле такви, што новата поделба на Полско-литванската унија била неизбежна. Со донесувањето на новиот устав на унијата, четиригодишниот Сејм ја презел законодавната власт и одлучил војската да се зголеми до 100.000 луѓе.

Со донесувањето на третомајскиот устав, Русија била исплашена од можноста, Полско-литванската унија да ја прошири својата територијата до границите во кои била до 1772. Проруската „хетманска“ партија ја создала Тарговицката конфедерација, која со подршка од Австрија ѝ се спротивставила на полската „патриотска“ партија. Во воените дејствија, литванската војска била уништена, а полската била принудена да се повлече до реката Буг. Во јануари 1793, прусиската војска навлегла во Голема Полска, и тоа не како сојузник, туку како потврдувач на новата поделба.[29][30] На 23 јануари 1793 година, Русија и Прусија потпишале конвенција за втората поделба на унијата, која била потврдена на Гродненскиот сејм (последен сејм на унијата).

Од оваа поделба на унијата, на Русија и припаднал значителен дел од западна Белорусија и делови од Украина, а на Прусија градовите Гдањск и Торун, скоро цела Полска, делови од Мазовија и Краковското војводство.

Трета поделба[уреди]

Третата и конечна поделба на Полско-литванската унија (1795)

Неуспехот на востанието против силите кои учествувале во поделбите на унијата, предводено од Тадеуш Кошчушко, а кое имало за цел ослободување на освоените територии, претставувало повод за завршната поделба и ликвидација на Полско-литванската унија.

На 24 октомври 1795 година, бил потпишана нова кновенција, според која трите земји вклучени во претходните поделби ги поделиле и останатите територии на државата. Како резултат на оваа поделба, Руската империја добила територии источно од реките Буг и Њемен, кои зафаќале површина од околу 120.000 km2 и на кои живеело население од околу 1.200.000 жители. На Прусија ѝ припаднале најголем дел од Мазовецкото војводство, вклучувакќи го и градот Варшава, како и делови од Трокското, Подлашкото и Равското војводство. Овие територии зафаќале површина од околу 55.000 km2, на која живееле околу 1.000.000 жители, од кои најголемиот дел биле Полјаци. Австрија зазела територии од Краковското, Сандомирското, Љублинското, делови од Мазовецкото, Подлашкото, Холмското и Брест-Литовското војводство, со површина од околу 47.000 km2 и 1.200.000 жители.

Резултати од поделбите[уреди]

На 15 јануари 1797 година била потпишана последната конвенција, со која се потврдила поделбата на Полско-литванската унија и со која било укинато полското граѓанство и во целост биле ликвидирани остатоците од државата.польское гражданство и полностью ликвидировавшая остатки польской государственности. Кон оваа конвенција бил приложен акт од 1795 со абдикацијата на кралот Станислав август Понјатовски.

Географија[уреди]

Карта на Европа од 16 век од Герард Меркатор
Топографска карта на Полско-литванската унија од 1764

Границите на унијата во текот на своето постоење се менувале преку различни војни и договори. По мировниот договор од 1582 година, унијата зафаќала површина од 815 000 км², на којашто живееле околу 6.500.000 жители. Во 1618 година, површината на територијата изнесувала 990 000 км², со околу 10.500.000 жители.

Во текот на своето постоење, во унијата било планрано да се создаде и Рутенско кнежество. Ова, особено за време на востанието на Козаците во Украина во 1648, на чело со Богдан Хмељницки. Идејата била, новото кнежество да биде со ист административен статус како и кралството Полска и големото кнежество Литванија, а државата да се нарекува Полско-литванско-рутенска унија. Сепак, тоа никогаш не се остварило. Во текот на 16 век, полскиот картограф Мартин Кромер издал атлас, кој се викал Polonia sive de situ, populis, moribus, magistratibus et Republica regni Polonici libri duo и истиот се сметал за најдобар опис на земјата и нејзината територија.

Кормеровото дело, како и картите на некои енгови современици, како Герард Меркатор, гја прикажуваат унијата претежно како рамнинска земја. Југоисточните делови на земјата, односно источните Креси биле степкски предели. Јужната граница ја формирале Карпатите, а северната граница Баклтичкото море. Како и другите европски држави во тоа време, унијата имала голема површина со шуми, особено во источниот дел од земјата. Денес, од овие шумски површини, само шумата Бјаловиеза спаѓа во групата на неповредени прашуми во Европа.

Административна поделба[уреди]

И покрај тоа што поимот Полска понекогаш се употребува за именување на целата земја, сепак таа била дел од целината на унијата која се состоела од два основни дела:

Полска имала речиси два пати поголем број на население од Литванија, а и приходите биле околу пет пати поголеми. Административно, земјата била поделена на војводства кои биле управувани од војводи. Војводствата биле поделени на помали административни единици. Градовите биле раководени од кастелани.

Териториите кои и припаѓале на Полско-литванската унија, денес се дел од неколку држави во средна и источна Европа: Полска, Украина, Молдавија (Приднестровие), Белорусија, Русија, Литванија, Летонија и Естонија. Романија. Неколку мали градови, кои денес се наоѓаат во Словачка, во тоа време биле дел од кралството Унгарија, а по договорот од Љубовла станале дел од Полско-литванската унија.

Значајни територии, кои биле дел од унијата, без оглед на нивниот административен статус биле:

Управување[уреди]

Полско-литванската унија била формирана со обединување на кралството Полска и Големото кнежество Литванија во 1569 година. Унијата претставувала продолжение на Полско-литванскиот сојуз, кој постоел од 1386 година. Во следните два века, земјата успешно се справувала со постојаните напади од страна на Тевтонците, Монголите, Русите и Османлиите. Новата унија била една од најголемите во Европа во 16. и 17 век, по површината и по бројот на наслелението .[б][в][31][32] Земјата се карактеризирала со строги контроли врз моќта на монархот. Овие контроли биле донесени од страна на законодавната власт („Сејм“) и истите биле контролирани од страна на благородништвото („шлахта“). Овој специфичен систем бил предвесник на современите концепти на демократијата, [3] уставната монархија [4][5][6] и федерацијата. [7]

Двете членки на унијата, формално биле еднакви, но сепак Полска била доминантна во управувањето.[г] Унијата, во текот на своето постоење, се карактеризирала со големо и разновидно етничко малцинство кое живеело во земјата, како и со голема религиозна толеранција[д][8], иако степенот на толеранција, секогаш не бил на исто ниво.[9].

Економијата на земјата се засновувала на селското стопанство. Првиот век од нејзиното постоење е познат како Златен век на Полско-литванската унија, а вториот век се поврзува со воени порази и економска нестабилност. По неколку декади на незаменлива моќ,[ѓ][33][34] унијата влегла во период на долготраен политички, [6][12] воен и економски [13] пад. Во 1795 година, унијата била уништена од страна на соседните апсолутистички сили: Австрија, Прусија и Русија. Непосредно пред нејзиното распаѓање, унијата во текот на 1795 година усвоила големи реформи кои подоцна биле искористени при создавањето и кодифицирањето на уставот на современите денешни држави[е][35][36][37].

Војска[уреди]

Хусарски оклопи од првата половина на 17. век

Војската на Полско-литванската унија била раководена од страна на четири хетмани. Таа вклучувала:

  • Редовна војска (полски: Wojsko kwarciane), која се одржувала преку даноците на населението.
  • Полуредовна војска (полски: Wojsko komputowe), која била повикувана во време на војна. Подоцна, оваа гарда била приклучена кон редовната војска.
  • Војска на аристократијата (полски:Pospolite ruszenie), односно слахта.
  • Селска армија (полски:Piechota łanowa).
  • Регистрирани Козаци - војска, која била составена од Козаци. Оваа војска, обично војувала како пешадија, а до 1699 и како коњаница.
  • Кралска гарда - оваа војска се состоела од мал дел на војници кои го заштитувала монархот и неговото семејство
  • Наемници - оваа армија била повикувана за помагање на редовната војска.
  • Деловна војска.

Морнарицата на унијата била мала и нејзината улога во историјата на унијата е релативно безначајна. Сепак, Полско-литванската морнарица остварила победа над шведската морнарица во битката кај Олива во 1627 година. На Црното море, Козаците биле познати по нивните ненадејни пљачки во Отоманската империја, со пмош на нивните бродови „чаики“. Тие, дури палеле и некои населби од отоманскиот главен град Константинопол.

Државно уредување[уреди]

„Златна слобода“[уреди]

Политичката доктрина на Полско-литванската унија била:

Нашата држава е Република на чие чело стои монарх.

Оваа реченица, прв ја употребил канцеларот Јан Замојски, притоа додавајќи:

Rex regnat et non gubernat. (Кралот царува, но не управува.)

Унијата имала парламент („сејм“), сенат и крал којшто бил избиран. Кралот бил задолжен да ги почитува барањата и интересите на граѓаните, во однос на правата кои биле воведени од страна на кралот Хенрик.

„Љублинска унија“ од Јан Матејко, 1869 година. Денес, сликата се наоѓа во националниот музеј во Варшава, Полска

Власта на монархот била ограничена, и тоа на сметка на многубројната аристократија. При избирањето на секој нов крал, тој морал најпрвин да се обврзе на почитување на точките донесени од страна на кралот Хенрик, кои претставувале сонова на политичкиот систем. Со тек на време, тие биле заменети со Pacta conventa, кои претставувале специјални отстапки направени од страна на новоизбраниот крал. Од тој момент, кралот станал по природа партнер со аристократската класа и постојано бил под надзор на група сенатори.

Основите на Полско-литванската унија, кои ја претставувале т.н. златна слобода (полски: Zlota Wolność, поим, кој бил за прв пат употребен во 1573 година) вклучувале:

  • Слободен избор на кралот од страна на аристократијата.
  • Парламент или Сејм, којшто бил свикуван од страна на кралот на секои две години.
  • Pacta conventa, договор којшто го потпишувал секој нов избран крал и којшто ги содржел прават на кралот.
  • Востание (полски: rokosz), односно право на шлахтата на законски бунт против кралот, доколку е забележително дека се нарушени основните слободи на народот.
  • Слободно вето (полски: liberum veto) - право на определен претставник на Сејмот да се спротистави на некое решение на мнозинството. Донесувањето на слободното вето ги поништувало сите закони, кои биле донесени во текот на една сесија од работата на Сејмот.
  • Конфедерација (полски: konfederacja) - право на создавање на организација за наложување на општа политичка цел.

Провинциите на унијата имале голема автономија[20]. Секое војводство имало свој сопствен парламент, „сејмик“ (полски: sejmik), кој поседувал значителна политичка власт вклучително и избор на „посел“ (полски: poseł), односно пратеник во Сејмот. Големото кнежество Литванија имало своја сопствена војска и институции.[38].

Републиката во зенитот на својата моќ. Златна слобода. Кралски избори во 1573 од Јан Матејко

„Златните слободи“ создале држава која била необична за тоа време, ако се има предвид империјализмот којшто владеел во соседните земји.[7]. Сличен систем во Европа владеел само во Венецијанската република[39]. И двете земји биле познати како најрамнодушни републики.[40] Причината, најмногу се огледа во моќта на слахтата над сите останати општествени и политички сили во унијата, вклучувајчи го и самиот крал. Со тек на време, слахтата добила толку големи привилегии (Nihil novi од 1505), што не дозволувала на ниту еден монарх да ја отстрани од власта на унијата. Во време кога повеќето европски земји се стремеле кон централизација, апсолутна монархија и верски или династички војни, Полско-литванската унија експериментирала со децентрализација[7], конфедерација и федерацијата, демократија, верска толеранција, па дури и пацифизам.

Системот на унијата, во денешно време е тешко да се категоризира. Затоа, таа се определува како мешавина од:

  • федерација - поради широката автономија на регионите;
  • олигархија[7] - бидејќи само шлахтата или само околу 10% од вкупното население имало политичко право;
  • демократија - бидејќи целата шлахта поседувала исти права, а Сејмот можел да упореби вето за некои важни решенија на кралот. Десетте одсто (слахтата) од вкупното население, кои ги поседувале овие права[41], сепак биле поголем дел од останатите европски земји.[42] Така на пример, во Франција во 1789, само 1% од населението имало право на глас, а во 1867 во Обединетото кралство истото право го имале околу 3% од наслението.[43][44]
  • изборна монархија - бидејќи на чело на земјата стоел монарх којшто бил избиран од страна на шлахтата;
  • уставна монархија - бидејќи монархот бил задолжен кон pacta conventa и други закони.

Политички играчи[уреди]

Основните играчи во политиката на унијата биле:

  • монарсите, кои се бореле главно за проширување на својата власт и создавање на апсолутна монархија;
  • магнатите, кои биле најбогатата класа заедно со аристократијата и кои се стремеле индеиректно да добијат право и привилегии во управувањето со државата;
  • шлахтата, која главно се стремела да ги засили позициите на Сејмот и земјата да биде управувана од страна на рамноправна аристократска класа.

Магнатите и слахтата биле во постојано неединство, при што се создавале различни фракции, кои го подржувале или монархот или некој од магнатите[45].

Политички систем[уреди]

Политичкиот систем на унијата често пати бил под големо влијание на надворешни сили и фактори, кои често знаеле да поткупат некои странски претставници за да го искористат правото на вето во Сејмот при воведување на некои нови реформи во унијата [46][47]. Овие настани довеле до создавање на „политичка парализа“ и анархија во унијата, што траело повеќе од еден век, односно од средината на 17. век до крајот на 18 век, сè додека соседните земји не ги стабилизирале своите внатрешно-политички власти и сè додека истите не ја зголемиле својата воена моќ.

Економија[уреди]

Наплата на жито
Одбивање на наплатата

Оснновно занимање на населението било феудалното земјоделство. Имотот на просечен аристократ, вклуувал голема фарма, која била обработувана од страна на закрепостените селани.[13] Ропството во Полска било укинато во 15 век, аво Литванија, истото било формално укинато во 1588 година[48]. Производството било наменето како за домашниот така и за странскиот пазар. Веќе кон крајот на 17 век, положбата на селаните драстично се влошила, бидејќи слахтата се обидела да ја компензира намалената цена на житото за сметка на земјоделското население.

И покрај тоа што Полско-литванската унија била најголемиот производител на жито во Европа[49], сепак најгоелмиот дел од тоа производство било наменето за самата земја. Потрошувачката на жито во Полска и Прусија во периодот од 1560 до 1570 година се проценува дека било околу 113.000 тони, а просечното производство во унијата во текот на 16 век било околу 120.000 тони. Од оваа количина, околу 6% била наменета за извоз. Потрошувачката во градовите изнесувала околу 19%, а останатиот дел се потрошувал во селата. Најверојатно, околу 2% од извозот бил наменет за населението на Западна Европа.

Во секој случај, житото било најважниот извозен производ, којшто се произведувал во државата. Сопственикот на земјата обично склучувал договор со трговци од Гдањск за доставување на житото до пристаништето на Балтичкото море[50]. За да не запловат по морските води, превозните бродови пловеле по големите реки, како Висла, Пилица, Западен Буг, Сан, Нида, Виепж и Њеман. Реките имале значително развиена инфаструктура со речни пристаништа. Поголемиот дел од речниот превоз се вршел во правец -југ-север.

Ковани монети од почетокот на 17 век

Од Гдањск, бродовите кои главно биле од Холандија и Фландрија го пренесувале житото кон Антверпен и Амстердам. Локалните бродови вршеле само 2% од вкупниот превоз. Освен жито, се извезувале и дрвен материјали, дрвени производи, катран и пепел. Во периодите, во кои во земјата преовладувала суша, се извезувале кожа, памук, лен и други ткаенини, кои главно се превезувале во Светото римско царство, вклучувајќи ги и градовите Лајпциг и Нинберг. Биле извезувани и големи стада на крави (околу 50.000 глави) кон јужните делови.

Од друга страна пак, земјата увезувала различни луксузни стоки, како облека, риба, пиво, вино и овошје.[51] Овие производи сочинувале 90% од вкуопниот извоз на земјата по копнен и по поморски пат.[51] Мал број на бродови ги превезувале стоките јужно од Гдањск, до друите делови на земјата. Во периодот меѓу 16. и 17 век, трговскиот биланс на унијата станал негативен.

Во времето на Големите географски откритија, биле создадени и отворени голем број на трговски патишта, пришто економијата на унијата започнала да го губи своето значење на светскиот пазар, главно поради намалениот извоз. Но, и покрај тоа, унијата и во наредните периоди останала важен патоказ меѓу истокот и западот, бидејќи превозот на многу стоки морал да поминува преку нејзината територија. Така на пример, персиските ќилими кои биле превезувани низ земјата, биле познати и како „полски ќилими.(француски: Polonaise).[52]

Парични единици на Полско-литванската унија биле злотата и грошот. Сепак, во Гдањск се ковале посебни монети.

Култура[уреди]

Скица на повеќекатна ракета од делото Artis Magnæ Artilleriæ pars prima на Казимир Семенович

Во времето на своето постоење, Полско-литванската унија претставувала еден од најважните европски центри на полето на културата, општествениот развој и политичкиот систем. Унијата била позната по својот т.н. квазидемократски политички систем и истиот бил позитивно оценет од страна на различни философи, како на пример Еразмо Ротердамски. За време на контрареформацијата, унијата ја задржала верската толеранција. Таа довела до создавање на нова христијанска секта на полскките крстители, кои биле претходници на британските и американските унитаријати.[53].

Со својот политички систем, во земјата живееле многу философи, меѓу кои најпознати се Анджеј Моджевски, Вавжинец Гошлицки и Пјотр Скарга. Подоцна, делата на Станислав Сташич и Хуго Колонтај помогнале во создавањето на идејата за донесување на третомајскиот устав, кој содржел револуционерни политички принципи.

Јагелонскиот универзитет во Краков е еден од најстарите универзитети во Европа. Вилнушкиот универзитет и Јагелонскиот универзитет биле главните научни центри во земјата. Комисијата за национално образование (полски: Komisja Edukacji Narodowej) била формирана во 1773 година, како прва таква институција во светот. Денес, оваа институција по државите во светот е позната како Министерството за образование[54].

Научниот напредок бил забележителен во сите области, а одредени поединци, биле повикани и работеле во другите земји. Така инженерот Кристоф Арцишевски бил на служба во Холандија, а бил и адмирал на холандската морнарица во војната против Шпанија за контрола на територијата на Бразил.[55] Во 1628 година, чешкиот учител, научник, просветител и писател Јан Амос Коменски добил азил во унијата, бидејќи во Чешка владеела контрареформацијата и голем број на протестанти биле прогонувани.[53][56]

Уметност[уреди]

Литература[уреди]

Портрет на Игнациј Красицки од Пер Крафт, 1767

Најпознати писaтели, кои твореле во време на постоењето на инијата биле Јан Кочановски, Ваклав Потоцки, Игнациј Красицки и Јулијан Урсин.

Голем број од благородничкото население („слахта“) се занимавало со пишување на мемоари и дневници. Меѓу најпознатите се Мемоарите на полската историја од Албрехт Станислав Радзивил и мемоарите на Јан Кризостом Пасек. Јакуб Собиески (1590-1646) (татко на Јан III Собиески) е познат по своите споменари. За време на битката кај Хотин (1621), тој напишал дневник, насловен Commentariorum chotinensis belli libri tres („Дневник на хотинската војна“), кој бил објавен во 1646 година во Гдањск. Дневникот послужил како основа за поемата Развојот на хотинската војна од Вацлав Потоцки. Јакуб Собиески е и автор на инструкции напишани за патувањето на неговите синови во Краков (1640) и Франција (1645), кои содржат принципи за најдобро слободно образование.

Сликасрство[уреди]

Ковчежен портрет на Барбара Домицела Љубомирска, 1676

Карактеристични за сарматскиот период биле ковчежните портрети, кои се употребувале при погребите, но и другите церемонии.[57] По правило, вавките портрети биле сликани на платно на метал, кое било во облик на многуаголник (најчесто шестоаголник или осумаголник) и по изработката се додавало на предниот дел од ковчегот.[58]

Друга карактериостика е честата употреба на црн мермер. Олтарите, портите, балустрадите, столбовите, споменицети, надгробните камења и цели соби биле украсувани со црн мермер.

Музика[уреди]

Барокна оргула во градот Лежајск, направена од Станислав Стуѕински и Јан Гловински

Музиката во земјата во целина се засновала на религиозна основа. Голем број на благородници основале хорови во училиштата и црквите, каде што настапувале нивните музички ансамбли. Некои од нив, како на пример Станислав Љубомирски, граделе оперски куќи. Други пак, како Јанус Тишкиевич и Кништоф Радзивил биле познати како големи мецени во областа на уметноста.[59]. Во земјата биле активни и странски композитори. Кралот Сигизмунд III, во земјата довл итлијански композитори и диригенти, меѓу кои и Лука Маренциом, Анибал Стабили, Асприло Пацели, Марко Скафи и Диомед Катон, за да работат со кралскиот оркестар.

Архитектура[уреди]

Често пати, под водство на магнатите се граделе монументални објекти како цркви, катедрали или дворци. Денешниот претседателски дворец во Варшава бил изграден од 1635 до 1640 година и е дело на Станислав Конецполски. Најголеми проекти во тоа време биле изградбите на цели градови, но и покрај тоа, со тек на време, некои од нив биле запоставени. Најчесто, градовите биле именувани по магнатите, кои ја финансирале изградбата. Најпознат таков град е градот Замошч, кој бил основан од страна на Јан Замојски, а бил проектиран од страна на италијанскиот архитект Бернардо Морандо.

Шлахта и сарматизам[уреди]

Полски благородник од Рембрабнт

Во Полско-литванската унија била распространета идеологијата сарматизам, чие име го добила од шлахтата. Овој систем на верување бил значаен дел од културата на шлахтата, кој ги опфаќал сите аспекти на нејзиниот живот. Сарматизмот ја гарантирал еднаквоста помеѓу шлахтата, традицијата, провинцискиот селски живот и мирот, религијата, смелоста, еднаквоста и слободата. Движењето, едноставно помагало за поврзување на големиот број на култури кои опстојувале во унијата, создавајќи силно чувство на единство и гордост од „Златните слободи“ на шлахтата. Сепак, многубројните грешки на движењето биле знак за пропаѓањето на унијата кон крајот на 18 век. Најкритични кон него биле полските реформисти, кои сакале да наложат радикални промени во општественото уредување.

Демографија и религија[уреди]

Козачка свадба, Јозеф Бранд

Во земјата никогаш не преовладувале католицизмот и полското население. Ова најмногу се должи на федерацијата со Литванија, како и приклучувањето на Украина во составот на земјата, каде Полјаците биле третирани само како посебно малцинство. Најголеми етнички малцинства кои живееле во земјата биле Полјаците, Литванците, Украинците и Белорусите (Украинците и Белорусите, популарно биле нарекувани Рутени). Понекогаш, жителите на Големото кнежество Литванија биле нарекувани Литвини, словенски термин за Литванци. Во периодот по потпишувањето на договорот од Љублин, населението на Полско-литванската унија било околу 7.000.000. Од овој број, околу 4.500.000 биле Полјаци, 750.000 Литванци, 700.000 Евреи и 2.000.000 Рутени.[ж] Во 1618 година, односно по мировниот договор од Деулино, населението на унијата се зголемило, заедно со неговата територија, достигнувајќи 11.500.000. Така, околу 4.500.000 биле Полјаци, 3.500.000 Украинци, 1.500.000 Белоруси, 750.000 Литванци, 750.000 Прусијци, 500.000 Евреи и 500.000 Ливони. Во тоа време, благородништвото опфаќало околу 10% од населението, а буржоазијата околу 15%[60]. Во периодот од 1648 до 1657 година, намалувањето на населението се проценува на околу 4.000.000 жители.[60]

Во периодот до реформацијата, шлахтата била составена од католици и православни верници. По реформацијата, голем број на население го примиле Протестантството. По периодот на контрареформацијата, римокатолилчката црква ја вратила својата контрола во Полска и шлахтата била исклучиво составена од католици, и покрај тоа што католицизмот не бил доминантна религија во земјата.

Јазици[уреди]

Поради големата етничка разновидност и соединувањето на повеќе култури, во Полско-литванската унија во употреба биле повеќе јазици. Сите јазици не биле еднакво прифатени. Во продолжение се наведени јазиците со најмногу зборувачи и со нивниот статус во државата:

  • полски - официјално признаен [61] како доминантен јазик, користен од страна на поголемиот дел од аристократското население[61][62][63][64] и од страна на ннаселението во некои провинции[65]. Овој јазик бил и официјален во поголемите градови и нивната администрација[65].
  • латински[61][66] - обично се корсител во надворешните односи[67] и бил втор најпопуларен јазик меѓу аристократското население[68].
  • рутенски[67][61] - бил службен јазик во Големото кнежество Литванија до 1697 година (кога бил заменет со полскиот). Јазикот се користел во некои надворешни односи[67][66][69].
  • литвански[61][70] - се користел само во некои официјални документи во кнежеството[з][71][72][73].
  • германски[61] - се користел во некои надворешни односи[67], како и во делови од земјата каде што живеело германско население[65][74].
  • Хебрејски[61] - го зборувало еврејското население во земјата;
  • јидиш[65] - се користел, но не билн признаен како официјален[75][76].
  • ерменски[61] - го зборувало ерменското малцинство во земјата[76][77].

Поврзано[уреди]

Белешки[уреди]

  • а  Историчарите сметаат дека промената на главниот град на државата од Краков во варшава, била во периодот од 1595 до 1611 година, иако Варшава не бил официјално не бил именуван за главен град, сè до 1793.[78] Сејмот на унијата започнал да се состанува во Варшава, кратко по создавањето на Љублинската унија, а и нејзините владетели своите резиденции ги преместиле во Варшава, иако крунисувањето продолжило да се одржува во Краков.[78] Современиот концепт на единствен главен град бил до некој степен неприменлив во феудалната унија.[78]Според некои историчари, Варшава бил главен град на целата унија.[79][80] Вилнус, главниот град на Големото кнежество Литванија,[81][82][83] понекогаш се споменувал како втор главен град на унијата.[84][85]
  • б  Во време на врвот на владеењето, Полско-литванската унија зафаќала површина од 1.130.000 km2 и била повеќеетничка заедница со население од 11 милиони.[86]
  • в  Полско-литванската унија била земја која својот „Златен век“ го имала за време на 16. и почетокот на 17. век. Кралството на последните Јагелонци било апсолутно најголемата држава во Европа.[87]
  • г  „Формално, Полска и Литванија, очигледно биле составни делови на федерацијата... Но, Полска, која ја задржала надлежноста над освоените литвански територии, имала поголема застапеност и станала доминантен партнер.“[88]
  • д  Овој квалитет на унијата бил спознаен од нејзините современици. Роберт Бартон, во своето дело Анатомија на меланхолијата, за прв пат издадена во 1621, за Полска запишал:

„Полска е кутија со сите религии, каде Самосетанците, Сицинијанците, Фотинијанците (...), Аријанците, Анабаптистите може да се најдат; во Европа, Полска и Амстердам се вообичаени засолништа (за Евреите).“[89]

  • ѓ  „Во средината на 1500-тите, обединетата Полска била најголемата држава во Европа и веројатно најмоќната нација на континентот.“[90]
  • е  Џон Маркоф го опишува донесувањето на современите кодифицирани национални устави како еден од патоказите на демократијата и наведува дека „прва европска земја која го следела американскиот пример била Полска во 1791.“ [91]
  • ж  Ова се однесува на вкупното и еврејското население според Фрази. За другите проценки според Погоновски, видете ја следната референца ([92]).
  • з  „Официјалната употреба на литванскиот јазик во литванските градови во 16. век се докажува со магистерските трудови во Вилнус, кои биле отпечатени од страна на Жигимантас Аугустас во 1552... Закониците на дворовите биле пишувани на литвански јазик. Всушност, тие (закониците на дворовите напишани во Литванија) опстојале од 17. век...“[93]

Наводи[уреди]

  1. "Poland." Encyclopædia Britannica. 2009. Encyclopædia Britannica Online
  2. Yale Richmond, From Da to Yes: Understanding the East Europeans, Intercultural Press, 1995, стр. 51
  3. 3,0 3,1 Maciej Janowski, Polish Liberal Thought, Central European University Press, 2001, ISBN 963-9241-18-0, Google Print: p3, p12
  4. 4,0 4,1 Paul W. Schroeder, The Transformation of European Politics 1763–1848, Oxford University Press, 1996, ISBN 0-19-820654-2, Google print p84
  5. 5,0 5,1 Rett R. Ludwikowski, Constitution-Making in the Region of Former Soviet Dominance, Duke University Press, 1997, ISBN 0-8223-1802-4, Google Print, p34
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 George Sanford, Democratic Government in Poland: Constitutional Politics Since 1989, Palgrave, 2002, ISBN 0-333-77475-2, Google print p11—constitutional monarchy, p3—anarchy
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 Aleksander Gella, Development of Class Structure in Eastern Europe: Poland and Her Southern Neighbors, SUNY Press, 1998, ISBN 0-88706-833-2, Google Print, p13
  8. 8,0 8,1 Halina Stephan, Living in Translation: Polish Writers in America, Rodopi, 2003, ISBN 90-420-1016-9, Google Print p373
  9. 9,0 9,1 Feliks Gross, Citizenship and Ethnicity: The Growth and Development of a Democratic Multiethnic Institution, Greenwood Press, 1999, ISBN 0-313-30932-9, Google Print, p122 (notes)
  10. Francis Dvornik (1992). „The Slavs in European History and Civilization“. Rutgers University Press. стр. 300. ISBN 08-13507-99-5. http://books.google.com/books?id=LACpYP-g1y8C&printsec=frontcover&hl=pl. 
  11. Salo Wittmayer Baron (1976). „A social and religious history of the Jews“. Columbia University Press. ISBN 02-31088-53-1. 
  12. 12,0 12,1 Martin Van Gelderen, Quentin Skinner, Republicanism: A Shared European Heritage, Cambridge University Press, 2002, ISBN 0-521-80756-5 Google Print: p54
  13. 13,0 13,1 13,2 The Causes of Slavery or Serfdom: A Hypothesis, Evsey Domar (1970) "The Causes of Slavery or Serfdom: A Hypothesis", Economic History Review 30:1 (March), стр.18–32
  14. "Poland." Encyclopædia Britannica. 2009. Encyclopædia Britannica Online.
  15. Blaustein, Albert (January 1993). „Constitutions of the World“. Fred B. Rothman & Company. http://books.google.com/books?ie=UTF-8&vid=ISBN083770362X&id=2xCMVAFyGi8C&pg=PA15&lpg=PA15&dq=May+second+constitution+1791&sig=CSUWpkkxK7voCkrPXYAmFyfMWMY. 
  16. Isaac Kramnick, Introduction, Madison, James (November 1987). „The Federalist Papers“. Penguin Classics. ISBN 0-14-044495-5. http://books.google.com/books?ie=UTF-8&visbn=0140444955&id=WSzKOORzyQ4C&pg=PA13&lpg=PA13&dq=May+second+oldest+constitution&sig=V8SxrTUQsbI3LI8RUgTbFKJFgE0. 
  17. "Poland." Encyclopædia Britannica. 2009. Encyclopædia Britannica Online.
  18. Blaustein, Albert (January 1993). „Constitutions of the World“. Fred B. Rothman & Company. http://books.google.com/books?ie=UTF-8&vid=ISBN083770362X&id=2xCMVAFyGi8C&pg=PA15&lpg=PA15&dq=May+second+constitution+1791&sig=CSUWpkkxK7voCkrPXYAmFyfMWMY. 
  19. Isaac Kramnick, Introduction, Madison, James (November 1987). „The Federalist Papers“. Penguin Classics. ISBN 0-14-044495-5. http://books.google.com/books?ie=UTF-8&visbn=0140444955&id=WSzKOORzyQ4C&pg=PA13&lpg=PA13&dq=May+second+oldest+constitution&sig=V8SxrTUQsbI3LI8RUgTbFKJFgE0. 
  20. 20,0 20,1 20,2 20,3 Pacy, James S.; James T. McHugh. „Diplomats Without a Country: Baltic Diplomacy, International Law, and the Cold War“ (1st Edition издание). Post Road West, Westport, Connecticut: Greenwood Press. ISBN 0-313-31878-6. http://books.google.com/books?ie=UTF-8&visbn=0313318786&id=wRbdAwtxVIAC&pg=PA18&lpg=PA18&dq=Union+of+Lublin&vq=autonomy&sig=gX3YrDKVd16OrwDC8RHYcz8UyVE. конс. 3 септември 2006. 
  21. 21,0 21,1 Henry Eldridge Bourne, The Revolutionary Period in Europe 1763 to 1815, Kessinger Publishing, 2005, ISBN 1-4179-3418-2, Google Print p161
  22. 22,0 22,1 Wolfgang Menzel, Germany from the Earliest Period Vol. 4, Kessinger Publishing, 2004, ISBN 1-4191-2171-5, Google Print, p33
  23. Isabel de Madariaga, Russia in the Age of Catherine the Great, Sterling Publishing Company, Inc., 2002, ISBN 1-84212-511-7, Google Print p431
  24. Carl L. Bucki, The Constitution of 3 мај, 1791
  25. Piotr Stefan Wandycz, The Price of Freedom: A History of East Central Europe from the Middle Ages to the Present, Routledge (UK), 2001, ISBN 0-415-25491-4, Google Print p131
  26. 26,0 26,1 26,2 26,3 26,4 Partitions of Poland (2008), Encyclopædia Britannica.
  27. 27,0 27,1 Edward Henry Lewinski Corwin, The Political History of Poland, 1917, стр. 310-315, Google Print
  28. Norman Davies, God's Playground: A History of Poland in Two Volumes, Oxford University Press, 2005, ISBN 0-19-925339-0, Google Print, p.392
  29. Jerzy Lukowski, Hubert Zawadzki, A Concise History of Poland, Cambridge University Press, 2001, ISBN 0-521-55917-0, Google Print, p.101-103
  30. Henry Smith Williams, The Historians' History of the World, The Outlook Company, 1904, Google Print, p.88-91
  31. "Poland." Encyclopædia Britannica. 2009. Encyclopædia Britannica Online. Retrieved 20 Feb. 2009
  32. Yale Richmond, From Da to Yes: Understanding the East Europeans, Intercultural Press, 1995, стр. 51
  33. Francis Dvornik (1992). „The Slavs in European History and Civilization“. Rutgers University Press. стр. 300. ISBN 08-13507-99-5. http://books.google.com/books?id=LACpYP-g1y8C&printsec=frontcover&hl=pl.  (англиски)
  34. Salo Wittmayer Baron (1976). „A social and religious history of the Jews“. Columbia University Press. ISBN 02-31088-53-1.  (англиски)
  35. "Poland." Encyclopædia Britannica. 2009. Encyclopædia Britannica Online. Retrieved 5 август 2009
  36. Blaustein, Albert (January 1993). „Constitutions of the World“. Fred B. Rothman & Company. http://books.google.com/books?ie=UTF-8&vid=ISBN083770362X&id=2xCMVAFyGi8C&pg=PA15&lpg=PA15&dq=May+second+constitution+1791&sig=CSUWpkkxK7voCkrPXYAmFyfMWMY. 
  37. Isaac Kramnick, Introduction, Madison, James (November 1987). „The Federalist Papers“. Penguin Classics. ISBN 0-14-044495-5. http://books.google.com/books?ie=UTF-8&visbn=0140444955&id=WSzKOORzyQ4C&pg=PA13&lpg=PA13&dq=May+second+oldest+constitution&sig=V8SxrTUQsbI3LI8RUgTbFKJFgE0. 
  38. Bardach, Juliusz (1998). „O Rzeczpospolitą Obojga Narodów“. Warszawa. 
  39. Joanna Olkiewicz, Najaśniejsza Republika Wenecka (Most Serene Republic of Venice), Książka i Wiedza, 1972, Warszawa
  40. Joseph Conrad, Notes on Life and Letters: Notes on Life and Letters, Cambridge University Press, 2004, ISBN 0-521-56163-9, Google Print, p422 (notes)
  41. David Sneath (2007). „The headless state: aristocratic orders, kinship society, & misrepresentations of nomadic inner Asia“. Columbia University Press. стр. 188. ISBN 02-31140-54-1. http://books.google.com/books?id=OR14qaApQbgC&printsec=frontcover&hl=pl.  (англиски)
  42. M. L. Bush (1988). „Rich noble, poor noble“. Manchester University Press ND. стр. 8-9. ISBN 07-19023-81-5. http://books.google.com/books?id=TIG7AAAAIAAJ&printsec=frontcover&hl=pl.  (англиски)
  43. David Sneath (2007). „The headless state: aristocratic orders, kinship society, & misrepresentations of nomadic inner Asia“. Columbia University Press. стр. 188. ISBN 02-31140-54-1. http://books.google.com/books?id=OR14qaApQbgC&printsec=frontcover&hl=pl.  (англиски)
  44. M. L. Bush (1988). „Rich noble, poor noble“. Manchester University Press ND. стр. 8–9. ISBN 07-19023-81-5. http://books.google.com/books?id=TIG7AAAAIAAJ&printsec=frontcover&hl=pl. 
  45. Piotr Stefan Wandycz (1980). „The United States and Poland“. Harvard University Press. стр. 17. ISBN 06-74926-85-4. http://books.google.com/books?id=_XaFaNshCrkC&printsec=frontcover&hl=pl. 
  46. William Bullitt, The Great Globe Itself: A Preface to World Affairs, Transaction Publishers, 2005, ISBN 1-4128-0490-6, Google Print, pp42–43
  47. John Adams, The Political Writings of John Adams, Regnery Gateway, 2001, ISBN 0-89526-292-4, Google Print, p.242
  48. „Welcome to Encyclopædia Britannica's Guide to History“. Britannica.com. 31 јануари 1910. http://www.britannica.com/blackhistory/article-24160. конс. 1 февруари 2009. 
  49. Perry Anderson, Lieages of the Absolutist States,Verso, 1 декември 1996, ISBN 978-0-86091-710-6, Google Print p285
  50. Krzysztof Olszewski (2007). „The Rise and Decline of the Polish-Lithuanian Commonwealth due to Grain Trade“. стр. 7. http://venus.unive.it/olszewski/Polish%20Grain%20Trade%20-%20Krzysztof%20Olszewski.pdf. конс. 22 април 2009. 
  51. 51,0 51,1 The role of East-Central Europe in international trade, 16th and 17th centuries“. Akadémiai Kiadó. 1970. стр. 220. http://books.google.com/books?id=xFZ9AAAAMAAJ&hl=pl&pgis=1. 
  52. „"Polonaise" carpet“. „www.museu.gulbenkian.pt“. http://www.museu.gulbenkian.pt/obra.asp?num=t71&nuc=a4&lang=en. конс. 18 мај 2009.  (англиски)
  53. 53,0 53,1 A Republic of nobles: studies in Polish history to 1864“. CUP Archive. 1982. стр. 209. ISBN 05-21240-93-X. http://books.google.com/books?id=p7U8AAAAIAAJ&printsec=frontcover&hl=pl. 
  54. Norman Davies (2005). „God's Playground: A History of Poland“. Columbia University Press. стр. 167. ISBN 02-31128-19-3. http://books.google.com/books?id=EBpghdZeIwAC&hl=pl. 
  55. „Setting Sail“. „www.warsawvoice.pl“. 29 мај 2003. http://www.warsawvoice.pl/view/2437/. конс. 21 мај 2009.  (англиски)
  56. Paul Peucker. „Jan Amos Comenius (1592–1670)“. „www.moravian.org“. http://www.moravian.org/news/2007/550_resources/Jan_Amos_Comenius_Bulletin_Insert.pdf. конс. 18 мај 2009. 
  57. „Portraits collection“. „www.muzeum.leszno.pl“. http://www.muzeum.leszno.pl/new/_index.php?wer=en&op=zbiory. конс. 18 мај 2009. 
  58. Mariusz Karpowicz (1991). „Baroque in Poland“. Arkady. стр. 68. ISBN 83-21334-12-1. http://books.google.pl/books?id=A3lZAAAAIAAJ&pgis=1. 
  59. Michael J. Mikoś. „Baroque“. „www.staropolska.pl“. http://www.staropolska.pl/ang/baroque/Mikos_baroque/Cultural_b.html. конс. 13 мај 2009.  (англиски)
  60. 60,0 60,1 Based on Карта со население од 1615 (p115), карта со јазици од 1618 (p119), карта со загуби од 1657–67 (p128) иГеографска карта од 1717 (p141), Iwo Cyprian Pogonowski, Poland a Historical Atlas, Hippocrene Books, 1987, ISBN 0-88029-394-2
  61. 61,0 61,1 61,2 61,3 61,4 61,5 61,6 61,7 Anatol Lieven, The Baltic Revolution: Estonia, Latvia, Lithuania and the Path to Independence, Yale University Press, 1994, ISBN 0-300-06078-5, Google Print, p.48
  62. Stephen Barbour, Cathie Carmichael, Language and Nationalism in Europe, Oxford University Press, 2000, ISBN 0-19-925085-5, Google Print p.184
  63. Östen Dahl, Maria Koptjevskaja-Tamm, The Circum-Baltic Languages: Typology and Contact, John Benjamins Publishing Company, 2001, ISBN 90-272-3057-9, Google Print, p.45
  64. Glanville Price, Encyclopedia of the Languages of Europe, Blackwell Publishing, 1998, ISBN 0-631-22039-9, Google Print, p.30
  65. 65,0 65,1 65,2 65,3 Mikulas Teich, The National Question in Europe in Historical Context, Cambridge University Press, 1993, ISBN 0-521-36713-1, Google Print, p.295
  66. 66,0 66,1 Daniel. Z Stone, A History of East Central Europe, p.46
  67. 67,0 67,1 67,2 67,3 Kevin O'Connor, Culture And Customs of the Baltic States, Greenwood Press, 2006, ISBN 0-313-33125-1, Google Print, p.115
  68. Karin Friedrich et al., The Other Prussia: Royal Prussia, Poland and Liberty, 1569–1772, Cambridge University Press, 2000, ISBN 0-521-58335-7, Google Print, p.88
  69. Piotr Eberhardt, Jan Owsinski, Ethnic Groups and Population Changes in Twentieth-century Central-Eastern Europe: History, Data, Analysis, M.E. Sharpe, 2003, ISBN 0-7656-0665-8, Google Print, p.177
  70. Östen Dahl, Maria Koptjevskaja-Tamm, The Circum-Baltic Languages: Typology and Contact, John Benjamins Publishing Company, 2001, ISBN 90-272-3057-9, Google Print, p.41
  71. Zinkevičius, Z. (1993). „Rytų Lietuva praeityje ir dabar“. Vilnius: Mokslo ir enciklopedijų leidykla. стр. 70. ISBN 5-420-01085-2. „Official usage of Lithuanian language in the 16th century Lithuania's cities proves magistrate's decree of Vilnius city, which was sealed by Žygimantas Augustas in 1552...//Courts juratory were written in Lithuanian language. In fact, such [courts juratory written in Lithuanian] survived from the 17th century...“ 
  72. „"Mes Wladislaus..." a letter from Wladyslaw Vasa issued in 1639 written in Lithuanian language. http://i34.photobucket.com/albums/d101/no_name_2/Edt1458.jpg. конс. 3 септември 2006. 
  73. Ališauskas, V.; L. Jovaiša, M. Paknys, R. Petrauskas, E. Raila and others (2001). „Lietuvos Didžiosios Kunigaikštijos kultūra. Tyrinėjimai ir vaizdai“. Vilnius. стр. 500. ISBN 9955-445-26-2. „In 1794 Government's declarations were carried out and in Lithuanian.“ 
  74. Czesław Miłosz, The History of Polish Literature, University of California Press, 1983, ISBN 0-520-04477-0, Google Print, p.108
  75. Jan K. Ostrowski, Land of the Winged Horsemen: Art in Poland, 1572–1764, Yale University Press, 1999, ISBN 0-300-07918-4, Google Print, p.27
  76. 76,0 76,1 Joanna B. Michlic (2006). „Poland's threatening other: the image of the Jew from 1880 to the present“. U of Nebraska Press. стр. 42. ISBN 08-03232-40-3. http://books.google.com/books?id=t6h2pI7o_zQC&printsec=frontcover&hl=pl.  (англиски)
  77. Rosemary A. Chorzempa (1993). „Polish roots“. Genealogical Pub.. ISBN 08-06313-78-1. 
  78. 78,0 78,1 78,2 Francis W. Carter (1994). „Trade and urban development in Poland: an economic geography of Cracow, from its origins to 1795 - Volume 20 of Cambridge studies in historical geography“. Cambridge University Press. стр. 186-187. http://books.google.com/books?id=-XdByzq85zMC&pg=PA187&dq=warsaw+capital+1611&cd=2#v=onepage&q=warsaw%20capital%201611&f=false. 
  79. Daniel Stone (2001). „The Polish-Lithuanian state, 1386-1795“. University of Washington Press. стр. 221. ISBN 9780295980935. http://books.google.com/books?id=LFgB_l4SdHAC&pg=PA221&dq=warsaw+real+capital+commonwealth&lr=&cd=1#v=onepage&q=warsaw%20real%20capital%20commonwealth&f=false. 
  80. Robert Bideleux, Ian Jeffries (1998). „A history of eastern Europe: crisis and change“. Routledge. стр. 126. ISBN 9780415161114. http://books.google.com/books?id=6Eh9KQTrOckC&pg=PA126&dq=warsaw+became+capital+new+union&lr=&cd=1#v=onepage&q=warsaw%20became%20capital%20new%20union&f=false. 
  81. Norman Davies (1998). „Europe: A History“. HarperCollins. стр. 657-660. http://books.google.com/books?id=4StZDvPCcJEC&pg=PA660&dq=vilnius+capital+grand+duchy&cd=2#v=onepage&q=vilnius%20capital%20grand%20duchy&f=false. 
  82. Politics and reformations: communities, polities, nations, and empires, 2007 стр. 206
  83. Zeitschrift für Ostmitteleuropa-Forschung, 2006, изд. 55; стр. 2
  84. Thomas A. Brady, Christopher Ocker; entry by David Frick (2007). „Politics and reformations: communities, polities, nations, and empires : essays in honor of Thomas A. Brady, Jr“. Brill Publishers. стр. 206. ISBN 9789004161733. http://books.google.com/books?id=_bU1jKS2ETkC&pg=PT232&dq=vilnius+second+capital+commonwelath&lr=&cd=27#v=onepage&q=&f=false. 
  85. Marcel Cornis-Pope, John Neubauer; essay by Tomas Venclova (2004). „History of the literary cultures of East-Central Europe: junctures and disjunctures in the 19th and 20th centuries (Volume 2)“. John Benjamins Publishing Company. стр. 11. ISBN 9789027234537. http://books.google.com/books?id=5pAwqsSyTlsC&pg=PA11&dq=vilnius+capital+commonwealth+venclova&lr=&cd=1#v=onepage&q=vilnius%20capital%20commonwealth%20venclova&f=false. 
  86. Heritage: Interactive Atlas: Polish-Lithuanian Commonwealth, [1] и [2].
  87. Norman Davies, Europe: A History, Pimlico 1997, стр. 554
  88. Union of Lublin“. Encyclopædia Britannica. (2006).
  89. Burton, Robert, The Anatomy of Melancholy, Sixth edition, J. W. Moore, 1847
  90. "Poland". Encyclopædia Britannica. 2009. Encyclopædia Britannica Online.
  91. John Markoff, Waves of Democracy, 1996, ISBN 0-8039-9019-7, стр. 121
  92. Charles A. Frazee, World History the Easy Way, Barron's Educational Series, ISBN 0-8120-9766-1, Google Print, 50
  93. Zinkevičius, Z. (1993). „Rytų Lietuva praeityje ir dabar“. Vilnius: Mokslo ir enciklopedijų leidykla. стр. 70. ISBN 5-420-01085-2. 

Надворешни врски[уреди]

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Полско-литванска унија“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).