Зодијак

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Знаците на Зодијакот, 16 век, средновековна резба

Зодијакот преставува замислен појас на небесниот свод и се протега приближно 8 степени од двете страни на сончевата еклиптика (патеката на Сонцето) којшто ги вклучува и еклиптиките на Месечината, и на планетите Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн. Името зодијак потекнува од грчкиот збор ζώο - што значи животно. Постои зодијак и во хиндуистичката астрологија, сличен на овој во западната астрологија и многу поразличен зодијак во кинеската астрологија.


Историско потекло[уреди]

Зодијакот потекнува од Сумерите кои живееле во Месопотамија.

Видете историја на астрологијата за повеќе информации.


Зодијачки соѕвездија[уреди]

Зодијакот вклучува дванаесет од соѕвездијата низ кои еклиптиката поминува. Еклиптиката всушност поминува и низ тринаесетто соѕвездие - соѕвездието на борецот со змии (латински: Ophiuchus) но тоа не се смета за дел од зодијакот. Поради тоа што еклиптиката лежи во главната рамнина на Сончевиот систем, Сонцето, Месечината и планетите изгледаат како да се движат низ зодијачките соѕвездија.

Следната табела ги споредува датите во кои Сонцето влегува во астролошки знак или од Западниот или од Хиндуистичкиот астролошки систем, и датата кога Сонцето влегува во астрономското соѕвездие со истото име. Датите можат да варираат најмногу до два дена, од година во година, во зависност циклусот на престапните години, и од изместувањето на оската на Перихелот на Земјината орбита низ текот на многу векови.

Латинско име
Име и симбол
Астролошки дати
Астрономски дати
(од 1977)
Елементи на Зодијакот
Западен зодијак
Хиндуистички зодијак
Aries
Овен, Aries
21 март19 април 14 април14 мај 19 април14 мај Оган
Taurus
Бик, Taurus 20 април20 мај 15 мај14 јуни 14 мај21 јуни Земја
Gemini
Близнаци, Gemini 21 мај20 јуни 15 јуни16 јули 21 јуни21 јули Воздух
Cancer
Рак, Cancer 21 јуни22 јули 17 јули16 август 21 јули11 август Вода
Leo
Лав, Leo 23 јули22 август 17 август16 септември 11 август17 септември Оган
Virgo
Девица, Virgo 23 август22 септември 17 септември17 октомври 17 септември31 октомври Земја
Libra
Вага, Libra 23 септември22 октомври 18 октомври16 ноември 31 октомври23 ноември Воздух
Scorpius
Скорпија, Scorpio 23 октомври21 ноември 17 ноември15 декември 23 ноември30 ноември Вода
Ophiuchus
борец со змии     30 ноември18 декември  ???
Sagittarius
Стрелец, Sagittarius 22 ноември21 декември 16 декември14 јануари 18 декември15 јануари Оган
Capricornus
Јарец, Capricornus 22 декември19 јануари 15 јануари12 февруари 19 јануари16 февруари Земја
Aquarius
Водолија, Aquarius 20 јануари18 февруари 13 февруари14 март 16 февруари12 март Воздух
Pisces
Риби, Pisces 19 февруари20 март 15 март13 април 12 март19 април Вода

Ангели на зодијакот[уреди]

Астрологија
Astrologyproject.svg
Почетоци
Историја на астрологијата
Историја на астрономијата
Астрологија и астрономија
Традиции
Вавилонска астрологија
Арапска и персиска астрологија
Кинеска астрологија
Египетска астрологија
Хеленско-римска астрологија
Индиска астрологија
Исламска астрологија
Сидерална астрологија
Западна астрологија
Видови
Хороскоп
Натална астрологија
Годишен хороскоп
Хорарна астрологија
Мундана астрологија
Категории
Астролози
Портал:Астрологија


Со појавата на христијанизацијата на Европа, ангелите беа поврзувани со знаците на зодијакот за да ги заменат традиционалните богови. Традиционалните поврзувања се:

Знак Ангел
Овен Малахидаел
Бик Азмодел
Близнаци Амбриел
Рак Муриел
Лав Верхиел
Девица Хамалиел
Вага Уриел
Скорпија Барбиел
Стрелец Адвахиел
Јарец Ханиел
Водолија Габриел
Риби Бархиел


Надворешни врски[уреди]