Прејди на содржината

Бесплатна програмска опрема

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Бесплатен софтвер)
Овој Венов дијаграм ја опишува типичната врска помеѓу бесплатниот софтвер и софтверот со отворен извор: Според Дејвид Росен од „Волфрајр игри“ во 2010 година, софтверот со отворен извор (портокалово) е најчесто бесплатен, но не секогаш. Бесплатниот (зелен) ретко ги изложува нивните изворни кодови. [5
Овој Венов дијаграм ја опишува типичната врска помеѓу бесплатниот софтвер и софтверот со отворен извор: Според Дејвид Росен од „Волфрајр игри“ во 2010 година, софтверот со отворен извор (портокалово) е најчесто бесплатен, но не секогаш. Бесплатниот (зелен) ретко ги изложува нивните изворни кодови. [5

Бесплатна програмска опрема или фривер (англиски: freeware) — програмска опрема која може да се користи без никакво плаќање, или пак со донација по волја.[1] Бесплатниот програм се разликува од времено-пробниот програм (шервер); второспоменатиот го приморува корисникот да плати по извесен пробен период или за да му бидат овозможени додатни функции.

Историја

[уреди | уреди извор]

Поимот freeware е кованка на програмерот и правник Ендрју Флигелман кој сакал да продава комуникациски програм наречен PC-Talk за кој не сакал да користи традиционални методи на дистрибуција заради нивната цена на чинење. Затоа Флигелман впрочем го дистрибуирал PC-Talk по пат на процесот денес наречен шервер. Денешната употреба на зборот freeware впрочем и не мора да соодветствува на замислата на Флигелман.

Критериум

[уреди | уреди извор]

Единствениот критериум за еден програм да се смета за „бесплатен“ (или „фривер“) е дека тој мора да биде наполно функционален и временски неограничен, а при тоа да нема цена на чинење (парична или поинаква). Лиценцата на програмот може да наложи ограничувања за видот на употреба како лична употреба, поединечна употреба, непрофитна употреба, некомерцијална употреба, академска употреба, комерцијална употреба или каква било комбинација од наведеното. На пример, лиценцата може да биде „слободна лична, некомерцијална употреба“.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]