Фрајбург (Елба)
Фрајбург | |
Селската црква во Фрајбург | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Штаде |
Општ. заед. | Нордкединген |
Градоначалник | Херварт фон дер Декен (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 34,11 км2 |
Надм. височина | 0−5 м |
Население | 1.830 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 54 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | STD |
Пошт. бр. | 21729 |
Повик. бр. | 04779 |
Портал | www.nordkehdingen.de |
Местоположба на Фрајбург во рамките на округот Штаде | |
Координати | 53°49′23″N 9°17′4″E / 53.82306° СГШ; 9.28444° ИГД |
Фрајбург (службено: Фрајбург/Елба; германски: Freiburg/Elbe; долногермански: Fryborg) — општина во округот Штаде, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.
Општината претставува административно седиште на општинската заедница Нордкединген.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Општината се наоѓа на југозападниот брег на реката Елба. Од градот Штаде е оддалечен 27 километри, додека од градот Куксхафен се наоѓа 40 километри. На спротивниот брег на реката Елба се наоѓа Гликштат, со кој е поврзан со ферибот.
Соседни општини
[уреди | уреди извор]На спротивниот брег на Елба се наоѓаат општините во Шлезвиг-Холштајн, Брокдорф и Вевелсфлет. На истиот брег се наоѓа Вишхафен на југоисток, Едеркварт на југ и Крумендајх на запад.
Општински единици
[уреди | уреди извор]Кон општината Фрајбург припаѓаат следниве места:
- Алверден
- Шеневорт
Покрај овие места, во општината влегуваат имотите Алверденердајх, Еш, Курцененде, Лак, Лангенхоф, Нојенштеден, Рутенштајн, како и делови од Штеленфлет.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Фрајбург (Елба) на Ризницата ?
|