Градско: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°34′39″N 21°56′34″E / 41.57750° СГШ; 21.94278° ИГД / 41.57750; 21.94278
Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознаки: Отповикано Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Одбиена последната промена (од 92.53.22.186) и ја поврати преработката 4437669 на Bjankuloski06
Ознака: Рачно отповикување
Ред 169: Ред 169:


* '''Постари доселеници:''' ''Димовци'' (Долно Маало, 2 к.), дошле на чифлик на почетокот на {{римски|19}} век; ''Крстевци'' (Горно Маало, 1 к.), дошле од [[Виничани]] на средината на {{римски|19}} век и ''Левовци'' (Долно Маало, 1 к.), дошле од Виничани на средината на {{римски|19}} век.
* '''Постари доселеници:''' ''Димовци'' (Долно Маало, 2 к.), дошле на чифлик на почетокот на {{римски|19}} век; ''Крстевци'' (Горно Маало, 1 к.), дошле од [[Виничани]] на средината на {{римски|19}} век и ''Левовци'' (Долно Маало, 1 к.), дошле од Виничани на средината на {{римски|19}} век.
* '''Понови доселеници:''' ''Темелковци'' (Долно Маало, 1 к.), дошле од [[Долно Чичево]] околу 1860 година; ''Станковци'' (Долно Маало, 1 к.), доселен извесен Нацо од [[Курија|Турска Курија]] околу 1865 година; ''Коцевци'' (Горно Маало, 1 к.), дошле од [[Паликура]] околу 1874 година; ''Соколовци'' (Горно Маало, 1 к.), дошле од Долно Чичево околу 1888 година; ''Димитријовци'' (Горно Маало, 1 к.), дошле од [[Свеќани]] околу 1895 година; ''Јовановци'' (Горно Маало, 1 к.), доселен извесен Диме од [[Грнчиште]] околу 1896 година; ''Коловци'' (Горно Маало, 1 к.), дошле од Паликура околу 1898 година, а претходно живееле во Курија, Камен Дол и Мрзен Ораовец; ''Андовци'' (Долно Маало, 1 к.), дошле од Курија околу 1903 година; ''Науновци'' (Долно Маало, 1 к.), дошле од [[Џидимирци (Неготинско)]] околу 1905 година; ''Ставровци'' (Долно Маало, 1 к.), дошол извесен Трајче од [[Марена]] околу 1911 година и ''Маѓаровци'' (Горно Маало, 1 к.), дошол извесен Андреја од Долно Чичево околу 1915 година, а по потекло од Дојран. Извесни Петрушеви во средината на 20от век
* '''Понови доселеници:''' ''Темелковци'' (Долно Маало, 1 к.), дошле од [[Долно Чичево]] околу 1860 година; ''Станковци'' (Долно Маало, 1 к.), доселен извесен Нацо од [[Курија|Турска Курија]] околу 1865 година; ''Коцевци'' (Горно Маало, 1 к.), дошле од [[Паликура]] околу 1874 година; ''Соколовци'' (Горно Маало, 1 к.), дошле од Долно Чичево околу 1888 година; ''Димитријовци'' (Горно Маало, 1 к.), дошле од [[Свеќани]] околу 1895 година; ''Јовановци'' (Горно Маало, 1 к.), доселен извесен Диме од [[Грнчиште]] околу 1896 година; ''Коловци'' (Горно Маало, 1 к.), дошле од Паликура околу 1898 година, а претходно живееле во Курија, Камен Дол и Мрзен Ораовец; ''Андовци'' (Долно Маало, 1 к.), дошле од Курија околу 1903 година; ''Науновци'' (Долно Маало, 1 к.), дошле од [[Џидимирци (Неготинско)]] околу 1905 година; ''Ставровци'' (Долно Маало, 1 к.), дошол извесен Трајче од [[Марена]] околу 1911 година и ''Маѓаровци'' (Горно Маало, 1 к.), дошол извесен Андреја од Долно Чичево околу 1915 година, а по потекло од Дојран.


== Општествени установи ==
== Општествени установи ==

Преработка од 09:48, 24 јуни 2021

Градско

Поглед на селото од патот кон Горно Чичево

Градско во рамките на Македонија
Градско
Местоположба на Градско во Македонија
Градско на карта

Карта

Координати 41°34′39″N 21°56′34″E / 41.57750° СГШ; 21.94278° ИГД / 41.57750; 21.94278
Регион Предлошка:Грбови
Општина  Градско
Област Клепа
Население 2.219[1] жит.
(поп. 2021)[2]

Пошт. бр. 1420
Повик. бр. 043
Шифра на КО 29018
Надм. вис. 135 м
Слава Ѓурѓовден
Градско на општинската карта

Атарот на Градско во рамките на општината
Градско на Ризницата

Градско — село и административно седиште на истоимената општина, во областа Клепа, во околината на градот Велес.

Низ годините, селото има прераснато во мало гратче и поседува бројни општествени установи.[3]

Потекло на името

Самото село Градско своето име го има земено од античката населба Стоби, оддалечена 3 километри источно од селото. Во 518 година од нашата ера, по катастрофалниот земјотрес што ја зафатил Античка Македонија, градот Стоби бил разрушен и опустошен. Поради тоа околното население го нарекло Пуст Град, а тоа го прифатиле и жителите на селото Градско како име на своето село. Бидејќи со време придавката Пуст одпаднала останало името Град, кое подоцна се нарекло Градско.[4]

Географија и местоположба

Ова големо село се наоѓа на крајниот јужен дел на истоимената општина, од десната страна на реката Вардар, чиј атар се допира со територијата на Општина Росоман.[3] Селото е рамничарско, расположено на надморска височина од 135 метри. Од градот Велес селото е оддалечено нешто повеќе од 20 километри.[3]

Во минатото селото се наоѓало на самата траса на регионалниот пат од Велес до Гевгелија, а денес е во непосредна близина на новиот автопат помеѓу овие два града.[3]

Селото Градско се наоѓа во рамнина, на десниот брег на реката Вардар, над устието со Црна Река. До 1912 година, селото земало вода од самата река, за подоцна да биде ископан бунар. По Првата светска војна биле ископани четири пумпи.[4]

Селото имало чифлички карактер во минатото, но денес претставува збиена населба, долж патот за станицата Градско.[4]

Селото Градско или старата населба се наоѓа непосредно до брегот на реката Вардар,[3] на оддалеченост од 2 километри источно од новата населба Градско, која е сместена на самата железничка пруга СкопјеСолун. До селото, поголеми градови се Неготино и Кавадарци, оддалечени околу 18 километри на север од местото.

Историја

Градско за време на Првата светска војна
Старата железничка станица во Градско, која била минирана од германските трупи во 1944 година при нивниото повлекување од Солунскиот фронт. Во времето на нејзиното постоење била една од најголемите и најубавите во Македонија

Во XIX век, Градско било село во Велешката каза, нахија Клепа, на Отоманското Царство.

Сѐ до изградбата на железничката линија Велес-Прилеп-Битола во средината на 1930-тите години, Градско имало тенденција да порасне во поголема населба, бидејќи од кон Прилеп водела теснолиниска пруга, која што престанала со работа по изградбата на стандардната пруга.[3]

Селото во Втората светска војна било ослободено од страна на Петтата македонска народноослободителна бригада на 6 септември 1944 година.[5]

Стопанство

Селото зафаќа простор од 12,8 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина 782,5 хектари, пасиштата заземаат 267 хектари, додека на шумите отпаѓаат само 47,3 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Селаните главно се занимавале со земјоделство, употребувајќи ги површините покрај реките Вардар и Црна. Неговите пасишта се користат во зимно време од страна на овчари од другите краеви од земјата.[4]

Население

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Градско било село со 11 домаќинства и 49 жители.[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година, селото има 158 жители, сите Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Градско имало 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

Градско е големо село, коешто во 1961 година броело 1.132 жители, од кои 1.035 биле Македонци, 35 Турци, 23 Албанци и 22 Срби. По голема имиграција на населението, Градско во 1994 година пораснало на 2.221 жител, од кои 1.936 биле Македонци, 18 Турци, 31 Ром, 8 Албанци, 9 Срби и 219 други (претежно муслимани од Санџак).[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Градско живееле 2.219 жители, од кои 1.920 Македонци, 6 Албанци, 7 Турци, 48 Роми, 14 Срби, 215 Бошњаци и 9 останати.[1]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Градско:

Години Македонци Албанци Турци Роми Срби Бошњаци Останати Вкупно
1948 660
1953 718 43 19 0 22 7 809
1961 1.035 23 35 22 17 1.132
1971 1.280 55 41 1 20 66 1.463
1981 1.625 16 23 7 26 227 1.924
1991 1.940 10 47 12 25 264 2.298
1994 1.936 8 18 31 9 219 2.221
2002 1.920 6 7 48 14 215 9 2.219

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови

Селото Градско е населено со Македонци од православна христијанска вероисповед. Сите негови родови се доселени. Како родови во Градско се споменуваат:[4]

  • Постари доселеници: Димовци (Долно Маало, 2 к.), дошле на чифлик на почетокот на XIX век; Крстевци (Горно Маало, 1 к.), дошле од Виничани на средината на XIX век и Левовци (Долно Маало, 1 к.), дошле од Виничани на средината на XIX век.
  • Понови доселеници: Темелковци (Долно Маало, 1 к.), дошле од Долно Чичево околу 1860 година; Станковци (Долно Маало, 1 к.), доселен извесен Нацо од Турска Курија околу 1865 година; Коцевци (Горно Маало, 1 к.), дошле од Паликура околу 1874 година; Соколовци (Горно Маало, 1 к.), дошле од Долно Чичево околу 1888 година; Димитријовци (Горно Маало, 1 к.), дошле од Свеќани околу 1895 година; Јовановци (Горно Маало, 1 к.), доселен извесен Диме од Грнчиште околу 1896 година; Коловци (Горно Маало, 1 к.), дошле од Паликура околу 1898 година, а претходно живееле во Курија, Камен Дол и Мрзен Ораовец; Андовци (Долно Маало, 1 к.), дошле од Курија околу 1903 година; Науновци (Долно Маало, 1 к.), дошле од Џидимирци (Неготинско) околу 1905 година; Ставровци (Долно Маало, 1 к.), дошол извесен Трајче од Марена околу 1911 година и Маѓаровци (Горно Маало, 1 к.), дошол извесен Андреја од Долно Чичево околу 1915 година, а по потекло од Дојран.

Општествени установи

Како развиено село и седиште на општина, Градско поседува бројни општествени установи:

Општествени установи во селото

Самоуправа и политика

Селото се наоѓа во Општина Градско, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес, додека во периодот по војната од 1955 до 1962 година селото било во рамките на некогашната општина Градско.

Во периодот 1952-1955 година, селото било седиште на тогашната Градска општина, во која покрај Градско се наоѓале и селата Виничани, Водоврати, Горно Чилево, Долно Чичево, Подлес, Убого и Уланци. Самата Градска општина била дел од Титоввелешката околија. Во периодот од 1950-1952 година, селото било седиште на некогашната Општина Градско, во која влегувале селата Градско и Уланци.

Изборно место

Во селото постојат изборните места бр. 2218, 2219 и 2219/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни места биле запишани вкупно 1.922 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[11]
  • Стоби — градска населба од античко време
Цркви[12]
Споменици од НОБ
  • Споменик на НОБ
Реки[13]

Редовни настани

Личности

Родени во Градско
Починати во Градско

Галерија

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 21 мај 2020.
  2. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 82. ISBN 9989-862-00-1.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Радовановиќ; Воислав (1924). Tikveš i Rajec : antropogeografska ispitivanja. Белград: Српска кралска академија. OCLC 28391240.
  5. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Петрушевски-Папучар“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1154. Text "series " ignored (help)
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 184-185.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 158.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 118 – 119.
  9. „Описи на ИМ“. Посетено на 21 мај 2020.
  10. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 21 мај 2020.
  11. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  13. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 67. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врски