Љумница: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
|||
Ред 2: | Ред 2: | ||
|name = Љумница |
|name = Љумница |
||
|name_local = |
|name_local = |
||
|image_skyline = |
|image_skyline = Lyumnitsa Skra Greece2.JPG |
||
|caption_skyline = |
|caption_skyline = Централниот дел на селото |
||
|city_flag = |
|city_flag = |
||
|city_seal = |
|city_seal = |
Преработка од 14:59, 22 јули 2016
Љумница | |
---|---|
Централниот дел на селото | |
Координати: 41°06′N 22°24′E / 41.100° СГШ; 22.400° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукуш |
Општина | Пајонија |
Општ. единица | Ругуновец |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 187 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Љумница или Лумница (грчки: Σκρα, Скра, до 1927 година Λούμνιτσα, Лумница) — село во областа Бојмија, Гевгелиско, а денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ во Егејска Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото Љумница се наоѓа на 12 километри југозападно од Гевгелија, сместено на 560 метри надморска височина во северозападните истурени ридови на планината Пајак[2]. Тоа претставувало самостојна општина во Гуменџиската околија со вкупна површина на општинскиот атар од 96 километри квадратни[2].
Историја
Од своето основање па сè до денес селото Љумница е населено исклучително со влашко население од групата позната какоа Пајакашки Власи. Како такво К'нчов го споменува со 2600, егзархиската статистика го бележи со 2630 жители, додека Милоевиќ го регистрира со 200 влашки куќи. Како погранично село Љумница, настрадала во Првата светска војна кога во 1916 година од бугарските воени власти населението било принудно интернирано во внатрешноста на Бугарија, главно во Стара и Нова Загора. По војната се вратил само дел од жителите кои што го обновиле селото. Под влијание на романската пропаганда и поради тешките услови за живеење во 1925 година се иселиле 90 семејства кои според Младенов биле сместени во добруџанските села Сребрино, Аснаќој, Кадиќој, Кочина и Валјушница. Љумница исто така многу настрадала и во Втората светска војна и за време на Граѓанската војна, кога покрај големиот број дадени жртви повеќе семејства биле принудени да го напуштат селото и да се иселат во Македонија при што пребегнатите жители главно се сместени во Скопје и во Велес.
Стопанство
Бидејќи е планинско селото е многу пасивно[3]. Покрај сточарството, селаните се занимаваат и со земјоделство, при што главни производи се компири, костење и малку пченица. Поради скудноста на земјиштето, уште од порано постои традицијата помладите да одат во внатрешноста на земјата на печалба за да можат да ги прехранат своите семејства.
Население
Во пописот од 1913 година селото е евидентирано со 1405 жители, додека во 1920 година само со 854 жители[3]. Со бројните иселувања, бројот на жителите во 1928 опаднал на 647, а во 1940 се искачува на 886. Поради воените страдања бројот на жителите во 1951 опаднал на 446, во 1961 останал на истата бројка од 446, за да опадне во 1971 на 276, во 1981 на 219, а во 1991 пораснало на на 246 жители[3]. Поради бројните иселувања Љумница како едно од некогаш најголемите села во Гуменџиската околија, денес одвај живурка со своите малобројни жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 886 | 446 | 446 | 276 | 219 | 246 | 219 | 187 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Иселеништво
Под влијание на романската пропаганда и поради тешките услови за живеење во 1925 година се иселиле 90 семејства (во нив се вклучени и семејствата кои подоцна се вратиле во селото) кои биле сместени во областа Добруџа. За време на Граѓанската војна, повеќе семејства биле принудени да го напуштат селото и да се иселат во Македонија при што пребегнатите жители главно се сместени во Скопје и во Велес. Поголемиот дел од иселените се сместени во Солун и Бојмица.
Општествени установи
Во селото е сместена жандармериска станица и погранична воена чета.
Наводи
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 Симовски Христов, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 2. Скопје: Здружение на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија. стр. 61–62. ISBN 9989-9819-4-9.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). „Кукушки округ (XI/1)“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 61–62.
|