Светски конгрес на есперанто
Светски конгрес на есперанто (есп. Universala Kongreso de Esperanto, UK) е еден од најважните настани во есперанто движењето во светот. Конгресите се одржуваат секоја година, скоро без прекин 113 години. Од 1905 година, прекините биле направени само за време на двете светски војни. Настанот е организиран од Светскиот есперанто сојуз.
Овој конгрес не е само работен состанок на Светскиот есперанто сојуз со другите есперанто сојузи, туку е и фестивал на есперантската култура, туризмот и светски форум на есперантистите. Сè до осмиот конгрес, во 1912 година, тој бил нарекуван Меѓународен конгрес, а од деветтиот, во 1913 година, се нарекува Светски конгрес.
Организација
[уреди | уреди извор]Светскиот есперанто сојуз одржува секоја година конгрес во друга земја, земајќи го предвид географскиот распоред и организационите способности на локалните сојузи.
За местото на одржување на конгресот одлучува Претседстелството на сојузот. Битна улога во одлучувањето има и Генералниот директор на сојузот, кој потпишува одредени документи, но секојдневната работа околу организирањето сепак ја одработува постојаниот секретар на Сојузот кој е службеник во седиштето на сојузот во Ротердам. Во градот во кој се одржува конгресот, дел од работата ја организира и Месниот конгресен комитет, кој е соработник на Светскиот есперанто сојуз.
Историја
[уреди | уреди извор]По средбите на есперантистите во 1904 година во Довер и Кале, францускиот адвокат Алфред Мишо, го организирал првиот Светски есперанто конгрес во Булоњ на Море во 1905 година.
Во почетокот, за одржување на следниот конгрес било одлучувано на тековниот конгрес, а подоцна разните есперантски работни тела одлучувале околу организацијата на следниот.
Конгресот собира неколку стотини до неколку илјади есперантисти од целиот свет. Најмногу пријавени 5986 учесници имало на конгресот во Варшава во 1987 година, кога била и стогодишнината на есперантото. Сепак за најголем број на вистински есперанто учесници се смета конгресот во Нирнберг во 1923 година, кога учествувале преку 3500 есперантисти. Бројот на земјите учеснички исто така варира, но просечно учествуваат околу шеесетина земји од разни делови од светот. Конгресот се одржува обично последната недела на јули или првата недела од август, почнувајќи и завршувајќи во сабота со траење од осум дена. До 1980 година средбите биле организирани главно во Европа или САД, со исклучок на конгресот во 1965 година кој бил одржан во Јапонија, но од тогаш се одржувале и во други земји како на пример: Бразил, Канада, Кина, Јужна Кореја,[1] Австралија, Израел, Виетнам[2] и Аргентина.[3]
Список на досегашните и планираните конгреси
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Wayback Machine“ (PDF). web.archive.org. 2018-08-14. Архивирано од изворникот на 2018-08-14. Посетено на 2019-04-15.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Kongresa Kuriero de la 97a Univerzala Kongreso en Hanojo, Vjetnamio“ (PDF).
- ↑ „Universala Esperanto-Asocio“. uea.org. Посетено на 2019-04-15.
- ↑ [1]
- ↑ La Kandellumo Verda 6
- ↑ https://uea.org/pdf/uk2016/Pribina6.pdf
- ↑ Universala Esperanto-Asocio: "Fina statistiko de Lillo: 2698 aliĝintoj el 80 landoj".
- ↑ Universala Esperanto-Asocio: "Rezolucio de la 99-a Universala Kongreso de Esperanto".
- ↑ Universala Esperanto-Asocio: "La 98-a Universala Kongreso de Esperanto Архивирано на 3 мај 2013 г.".
- ↑ https://uea.org/pdf/uk2012/Loa!-5.pdf
- ↑ Vikinga Voĉo, n-ro 6 (La kongresa Kuriero de la 96-a Universala Kongreso de Esperanto.
- ↑ Gazetaraj Komunikoj de UEA: N-ro 391 (2010-07-28)