Светски конгрес на есперанто

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марк Фетес, претседател на Светскиот есперанто сојуз, за време на 100-тиот Светски конгрес на есперанто во Лил (Франција), 2015 година.
Посетеност на секој Светски конгрес на есперанто, од првиот во 1905 година, до 100-тиот во 2015 година.

Светски конгрес на есперанто (есп. Universala Kongreso de Esperanto, UK) е еден од најважните настани во есперанто движењето во светот. Конгресите се одржуваат секоја година, скоро без прекин 113 години. Од 1905 година, прекините биле направени само за време на двете светски војни. Настанот е организиран од Светскиот есперанто сојуз.

Овој конгрес не е само работен состанок на Светскиот есперанто сојуз со другите есперанто сојузи, туку е и фестивал на есперантската култура, туризмот и светски форум на есперантистите. Се до осмиот конгрес, во 1912 година, тој бил нарекуван Меѓународен конгрес, а од деветтиот, во 1913 година, се нарекува Светски конгрес.

Организација[уреди | уреди извор]

Светскиот есперанто сојуз одржува секоја година конгрес во друга земја, земајќи го во предвид географскиот распоред и организационите способности на локалните сојузи.

За местото на одржување на конгресот одлучува Претседстелството на сојузот. Битна улога во одлучувањето има и Генералниот директор на сојузот, кој потпишува одредени документи, но секојдневната работа околу организирањето сепак ја одработува постојаниот секретар на Сојузот кој е службеник во седиштето на сојузот во Ротердам. Во градот во кој се одржува конгресот, дел од работата ја организира и Месниот конгресен комитет, кој е соработник на Светскиот есперанто сојуз.

Историја[уреди | уреди извор]

По средбите на есперантистите во 1904 година во Довер и Кале, францускиот адвокат Алфред Мишо, го организирал првиот Светски есперанто конгрес во Булоњ на Море во 1905 година.

Во почетокот, за одржување на следниот конгрес било одлучувано на тековниот конгрес, а подоцна разните есперантски работни тела одлучувале околу организацијата на следниот.

Конгресот собира неколку стотини до неколку илјади есперантисти од целиот свет. Најмногу пријавени 5986 учесници имало на конгресот во Варшава во 1987 година, кога била и стогодишнината на есперантото. Сепак за најголем број на вистински есперанто учесници се смета конгресот во Нирнберг во 1923 година, кога учествувале преку 3500 есперантисти. Бројот на земјите учеснички исто така варира, но просечно учествуваат околу шеесетина земји од разни делови од светот. Конгресот се одржува обично последната недела на јули или првата недела од август, почнувајќи и завршувајќи во сабота со траење од осум дена. До 1980 година средбите биле организирани главно во Европа или САД, со исклучок на конгресот во 1965 година кој бил одржан во Јапонија, но од тогаш се одржувале и во други земји како на пример: Бразил, Канада, Кина, Јужна Кореа,[1] Австралија, Израел, Виетнам[2] и Аргентина.[3]

Список на досегашните и планираните конгреси[уреди | уреди извор]

Земји-домаќини на Светскиот конгрес на есперанто, во периодот од 1905-2016 година.
Број Година Град Држава Број на
учесници
105 2020 Монтреал  Канада  
104 2019 Лахти  Финска  
103 2018 Лисабон  Португалија 1567[4]
102 2017 Сеул  Јужна Кореја 1173[5]
101 2016 Нитра  Словачка 1252[6]
100 2015 Лил  Франција 2698[7]
99 2014 Буенос Аирес  Аргентина 706[8]
98 2013 Рејкјавик  Исланд 1034[9]
97 2012 Ханој  Виетнам 866[10]
96 2011 Копенхаген  Данска 1458[11]
95 2010 Хавана  Куба 1002[12]
94 2009 Бјалисток  Полска 1860
93 2008 Ротердам  Холандија 1845
92 2007 Јокохама Flag of Japan.svg Јапонија 1901
91 2006 Фиренца  Италија 2209
90 2005 Вилнус  Литванија 2235
89 2004 Пекинг Народна Република Кина НР Кина 2031
88 2003 Гетеборг  Шведска 1791
87 2002 Форталеза  Бразил 1484
86 2001 Загреб  Хрватска 1691
85 2000 Тел Авив Израел Израел 1212
84 1999 Берлин  Германија 2712
83 1998 Монпелје  Франција 3133
82 1997 Аделаида Австралија Австралија 1224
81 1996 Прага  Чешка 2972
80 1995 Тампере  Финска 2443
79 1994 Сеул  Јужна Кореја 1776
78 1993 Валенсија (град)  Шпанија 1863
77 1992 Виена  Австрија 3033
76 1991 Берген  Норвешка 2400
75 1990 Хавана  Куба 1617
74 1989 Брајтон  Обединето Кралство 2280
73 1988 Ротердам  Холандија 2321
72 1987 Варшава  Полска 5946
71 1986 Пекинг Народна Република Кина НР Кина 2482
70 1985 Аугсбург  Западна Германија 2311
69 1984 Ванкувер  Канада 802
68 1983 Будимпешта  Унгарија 4834
67 1982 Антверпен  Белгија 1899
66 1981 Бразилија  Бразил 1749
65 1980 Стокхолм  Шведска 1807
64 1979 Луцерн  Швајцарија 1630
63 1978 Варна  Бугарија 4414
62 1977 Рејкјавик  Исланд 1199
61 1976 Атина  Грција 1266
60 1975 Копенхаген  Данска 1227
59 1974 Хамбург  Западна Германија 1651
58 1973 Белград  Југославија 1638
57 1972 Портланд (Орегон)  САД 923
56 1971 Лондон  Обединето Кралство 2071
55 1970 Виена  Австрија 1987
54 1969 Хелсинки  Финска 1857
53 1968 Мадрид  Шпанија 1769
52 1967 Ротердам  Холандија 1265
51 1966 Будимпешта  Унгарија 3975
50 1965 Токио  Јапонија 1710
49 1964 Хаг  Холандија 2512
48 1963 Софија  Бугарија 3472
47 1962 Копенхаген  Данска 1550
46 1961 Харогејт  Обединето Кралство 1646
45 1960 Брисел  Белгија 1930
44 1959 Варшава  Полска 3256
43 1958 Мајнц  Западна Германија 2021
42 1957 Марсеј  Франција 1468
41 1956 Копенхаген  Данска 2200
40 1955 Болоња  Италија 1687
39 1954 Харлем  Холандија 2353
38 1953 Загреб  Југославија 1760
37 1952 Осло  Норвешка 1614
36 1951 Минхен  Западна Германија 2040
35 1950 Париз  Франција 2325
34 1949 Борнмут  Обединето Кралство 1534
33 1948 Малме  Шведска 1761
32 1947 Берн  Швајцарија 1370
31 1939 Берн  Швајцарија 765
30 1938 Лондон  Обединето Кралство 1602
29 1937 Варшава  Полска 1120
28 1936 Виена  Австрија 854
27 1935 Рим  Италија 1442
26 1934 Стокхолм  Шведска 2042
25 1933 Келн  Германија 950
24 1932 Париз  Франција 1650
23 1931 Краков  Полска 900
22 1930 Оксфорд  Обединето Кралство 1211
21 1929 Будимпешта  Унгарија 1200
20 1928 Антверпен  Белгија 1494
19 1927 Гдањск Слободен град Данциг 905
18 1926 Единбург  Обединето Кралство 960
17 1925 Женева  Швајцарија 953
16 1924 Виена  Австрија 3400
15 1923 Нирнберг  Германија 4963
14 1922 Хелсинки  Финска 850
13 1921 Прага Чехословачка 2561
12 1920 Хаг  Холандија 408
11 1915 Сан Франциско  САД 163
10 1914 Париз  Франција откажан поради

Прва светска војна

9 1913 Берн  Швајцарија 1203
8 1912 Краков  Австроунгарија 1000
7 1911 Антверпен  Белгија 1800
6 1910 Вашингтон  САД 357
5 1909 Барселона  Шпанија 1287
4 1908 Дрезден  Германија 1500
3 1907 Кембриџ  Обединето Кралство 1317
2 1906 Женева  Швајцарија 1200
1 1905 Болоњ на море  Франција 688

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Wayback Machine" (PDF). web.archive.org. 2018-08-14. конс. 2019-04-15. 
  2. "Kongresa Kuriero de la 97a Univerzala Kongreso en Hanojo, Vjetnamio" (PDF). 
  3. "Universala Esperanto-Asocio". uea.org. конс. 2019-04-15. 
  4. [1]
  5. La Kandellumo Verda 6
  6. https://uea.org/pdf/uk2016/Pribina6.pdf
  7. Universala Esperanto-Asocio: "Fina statistiko de Lillo: 2698 aliĝintoj el 80 landoj".
  8. Universala Esperanto-Asocio: "Rezolucio de la 99-a Universala Kongreso de Esperanto".
  9. Universala Esperanto-Asocio: "La 98-a Universala Kongreso de Esperanto Архивирано 2013-05-03 во Archive.is".
  10. https://uea.org/pdf/uk2012/Loa!-5.pdf
  11. Vikinga Voĉo, n-ro 6 (La kongresa Kuriero de la 96-a Universala Kongreso de Esperanto.
  12. Gazetaraj Komunikoj de UEA: N-ro 391 (2010-07-28)