Прејди на содржината

Покрајчево

Координати: 41°34′23″N 22°34′18″E / 41.57306° СГШ; 22.57167° ИГД / 41.57306; 22.57167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Покрајчево

Поглед на селото

Покрајчево во рамките на Македонија
Покрајчево
Местоположба на Покрајчево во Македонија
Покрајчево на карта

Карта

Координати 41°34′23″N 22°34′18″E / 41.57306° СГШ; 22.57167° ИГД / 41.57306; 22.57167
Регион  Југоисточен
Општина  Радовиш
Население 319 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2423
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22035, 22535
Надм. вис. 310 м
Покрајчево на општинската карта

Атарот на Покрајчево во рамките на општината
Покрајчево на Ризницата

Покрајчево — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 434 жители,[2] со што селото се вбројува во средни села во областа на Конче и Радовиш.[3]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Сретселото

Селото се наоѓа на крајниот југоисточен дел на територијата на Општина Радовиш, сместено на левата страна на реката Струмица, во источниот дел на Радовишкото Поле.[4] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 310 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 17 километри.[4]

Селото се наоѓа во Радовишкото Поле, во јужното подножје на планината Готен, источно од општинскиот центар Радовиш.

До селото води асфалтен пат, кој се води како регионален пат 29471.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 6,6 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 302 хектари, на пасиштата отпаѓаат 276 хектари, а на шумите 97 хектари.[4]

Во основа, селото има полјоделска функција. Во селото работела земјоделска задруга и има продавници.[4]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948213—    
1953260+22.1%
1961303+16.5%
1971324+6.9%
1981390+20.4%
ГодинаНас.±%
1991433+11.0%
1994415−4.2%
2002434+4.6%
2021319−26.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Покрајчево живееле 90 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Покрајчево имало 96 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци и 25 до 50 Турци.[7]

Покрајчево е средно село по големина, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото броело 303, а во 1994 година 415 жители.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Покрајчево живееле 434 жители, сите Македонци.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 319 жители, од кои 298 Македонци и 21 лице без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 90 96 213 260 303 324 390 433 415 434 319
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Покрајчево е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[13]

  • Староседелци: Темчовци (4 к.), Коцевци (3 к.) и Василевци (3 к.);
  • Доселеници: Спасовци и Ристомановци (8 к.), доселени се во XVIII век од раселеното село Восанци, се наоѓало помеѓу Дукатино и Калуѓерица.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Покрајчево било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на Општина Подареш.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Подареш, во која покрај селото Покрајчево, се наоѓале и селата Дурутлија, Јаргулица, Калуѓерица, Ново Село, Ораовица, Папавница, Подареш, Саригон, Смиланци, Ќоселија и Худаверлија. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Подареш, во која влегувале селата Јаргулица, Подареш и Покрајчево.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1622 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 319 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 324 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви
Манастири

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 21 јануари 2022.
  3. Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-19. Посетено на 20 јануари 2022.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 239. Посетено на 21 јануари 2022.
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 233.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138-139.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивиски фонд на МАНУ к-9,AE 116/II I.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  16. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 21 јануари 2022.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]