Кракорница

Координати: 41°45′20.2″N 20°41′36.9″E / 41.755611° СГШ; 20.693583° ИГД / 41.755611; 20.693583
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кракорница

Традиционална куќа во Кракорница

Кракорница во рамките на Македонија
Кракорница
Местоположба на Кракорница во Македонија
Кракорница на карта

Карта

Координати 41°45′20.2″N 20°41′36.9″E / 41.755611° СГШ; 20.693583° ИГД / 41.755611; 20.693583
Регион  Полошки
Општина  Маврово и Ростуше
Област Горна Река
Население 1 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1256
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07042
Надм. вис. 1530 м
Слава Архангел Михаил
Кракорница на општинската карта

Атарот на Кракорница во рамките на општината
Кракорница на Ризницата

Кракорница — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горна Река. Селото се наоѓа на надморска височина од 1.530 м, со што претставува највисоко населено место во Македонија.[2][3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Кракорница се наоѓа во горното сливно подрачје на реката Радика, меѓу планините Кораб и Шар Планина. Селото е планинско, на надморска височина од 1.530 м, и се смета за највисоко населено место во Македонија. Оддалечено е 31 км од Гостивар. Атарот на селото зафаќа површина од 8,2 км2.[2]

Селото е поврзано со макадамски пат од Богдево, кој понатаму продолжува до селото Бродец.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Кракорница било село во Реканската каза на Отоманското Царство.

Во периодот по Балканските војни, селото потпаѓа под српска власт.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има главно сточарска функција. Во неговиот атар преовладуваат пасиштата на вкупна површина од 468 ха, потоа следуваат шумите на кои отпаѓаат 250 ха, додека обработливото земјиште зафаќа површина од само 92 ха.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Шарената чешма во селото
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948130—    
1953143+10.0%
1961167+16.8%
1971112−32.9%
198175−33.0%
ГодинаНас.±%
199123−69.3%
199430+30.4%
200215−50.0%
20211−93.3%

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кракорница било село со 80 домаќинства, при што населението го сочинувале 120 жители Албанци со христијанска и 85 жители Албанци со муслиманска вероисповед.[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Кракорница имало 180 жители Албанци со христијанска и 180 жители Албанци со муслиманска вероисповед.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кракорница се води како чисто албанско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 57 куќи.[6]

Според митрополит Поликарп Дебарски и Велешки, во 1904 година, во Крекорница имало 35 српски куќи.[7]

Според податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), населението на селото во 1905 година го сочинувале 210 Албанци.[8]

Во издание на весникот „Дебарски Глас“ од 1911 година е наведена статистика според која селото броело 64 албански патријаршиски куќи, но селото било зафатено со српската пропаганда.[9]

На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 година, Атанасиј Селишчев го забележал Кракорница како албанско село.[10]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Албанци.[11]

Бројот на населението започнал значително да се намалува во периодот од 1960-тите години, па така од 167 жители според пописот во 1961 година се намалил на 30 жители во 1994 година.[2]

Според пописот од 2002 година, во Кракорница имало 15 жители, сите Македонци. Во селото имало 3 домаќинства и 16 живеалишта.[12]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Македонец.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 360 210 130 143 167 112 75 23 30 15 1
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]

Родови[уреди | уреди извор]

Како родови во селото се спомнуваат. Кросовит (6 к.), Врескаловит (12 к.), Томовит (7 к.), Угриновит (4 к.), Симановит (5 к.) и Маноловит (11 к.) сите православни. Родот Врескаловит поради богатството кое го поседувале биле нарекувани „паша“ многу христијани поради качачките напади се имаат иселено во Скопје и Гостивар.

За потеклото на населението ништо не се знае.[17]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Маврово и Ростуше, која настанала со спојување на поранешните општини Маврови Анови и Ростуша со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Маврови Анови.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната истоимена општина, во која влегувале и селата Богдево, Бродец и Ничпур.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Трница, во која влегувале и селата Беличица, Бибање, Богдево, Бродец, Волковија, Врбен, Грекеј, Жужње, Кичиница, Нивиште, Нистрово, Ничпур, Рибница, Сенце и Тануше.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната Општина Маврово.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гостивар.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Архангел Михаил“
Археолошки наоѓалишта[18]
Цркви[19]
Манастири
Реки

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Селска слава на селото е празникот посветен на Архангел Михаил на 21 ноември. Но, мештаните одржуваат свеченост за прослава на црковната слава посветена на Архангел Гаврил на 26 јули, а посебен вид на прослава има и за верскиот празник Водици на 19 јануари.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 162.
  3. „Уште нешто интересно за географијата на Македонија“. Игеографија. 11 март 2012.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“. Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176–177.
  5. К’нчов, В.. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 264.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 50.
  7. Извештај на митрополит Поликарп, 25 февруари 1904.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 184–185.
  9. Дебърски глас, година 2, брой 38, 3 април 1911, стр. 2.
  10. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. София, 1929.
  11. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  12. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 ноември 2017.
  13. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  14. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  15. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  16. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  17. Смилјаниќ, Тома. Мијаци, Горна Река и Мавровско Поле.
  18. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 54. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]