Илија Несторовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Илија Несторовски
Лични податоци
Полно име Илија Несторовски
Роден на 12 март 1990(1990-03-12)(34 г.)
Роден во Прилеп, СР Македонија
Држава Македонија Македонија
Висина &100000000000001830000001,83 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Удинезе Удинезе
Број 30
Агент Хрватска Давор Цурковиќ[1]
Младинска кариера
2000–2006 Победа Победа
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006-2010 Победа Победа 96 (39)
2010-2013 Словачко Словачко 28 (2)
2011-2012Викторија Жижков Викторија Жижков 13 (1)
2012-2013Металург Скопје Металург Скопје 20 (1)
2013-2016 Интер Запрешич Интер Запрешич 90 (69)
2016-2019 Палермо Палермо 99 (39)
2019- Удинезе Удинезе 17 (1)
Репрезентација
2008 Македонија Македонија 19 3 (1)
2009-2012 Македонија Македонија 21 19 (5)
2015- Македонија Македонија 36 (8)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 26 септември 2015
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 9 октомври 2015

Илија Несторовски (12 март 1990) — македонски фудбалер, напаѓач на Удинезе и на македонската репрезентација

Животопис[уреди | уреди извор]

Несторовски е роден во Прилеп на 12 март 1990. Својте први фудбалски чекори ги направил во приватните фудбалски школи во Прилеп, а на 13 години се приклучил на младинскиот тим на Победа.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Несторовски ја започнал професионалната кариера во екипата на Победа,[3] за која дебитирал во сезоната 2006-2007. Во неговата дебитантска сезона одиграл 21 натпревар и постигнал 8 голови во Првата македонска фудбалска лига, придонесувајќи за втората шампионска титула на Победа во историјата на прилепскиот клуб. Во Победа играл сè до февруари 2010 година, забележувајќи 96 настапи и 39 гола за клубот.[4]

Во февруари 2010, Несторовски потпишал за Словачко, клуб кој се натпреварувал во Првата фудбалска лига на Чешка. Своето деби за Словачко го имал во поразот со 0-2 на домашен терен против Збројовка Брно влегувајќи во игра во второто полувреме од клупата за резерви, а својот прв гол за клубот го постигнал во својот втор настап (прв како стартер) во победата со 3-1 на домашен терен над Славија Прага на 20 март 2010. Својата прва сезона во Словачко ја завршил со 10 настапи и 1 гол.

Следната сезона, тој одиграл 18 натпревари и постигнал исто така само еден гол, по што следните две сезони ги поминал на позајмици најпрво во Викторија Жижков (15 настапи и 1 гол), a потоа се вратил во Македонија каде го носел дресот на Металург Скопје (26 настапи и 4 гола).

На 9 август 2013, Несторовски му се приклучил на Интер Запрешиќ, најпрво како позајмен играч, а потоа потпишал и траен договор со клубот. Авантурата во хрватскиот клуб му донела најголем успех дотогаш во кариерата, кога тој се претвора во голем голгетер и завршува како најдобар стрелец во првенството трипати по ред: двапати во Втора ХНЛ, со 20 и 24 голови помагајќи му исто така на својот клуб да влезе во Прва ХНЛ во неговата втора сезона,[3] а последователно станал најдобар стрелец и во најсилната фудбалска лига во Хрватска со 25 гола.[5]

На 6 јануари 2016 година, италијанскиот Палермо го купил Несторовски од Интер за 500.000 евра, но го оставил во Хрватска до крајот на сезоната поради тоа што тогаш не биле во можност да регистрираат играч кој не е од држава членка на ЕУ.[2][6] Своето деби за "сицилијанците" го направил на 12 август 2016 година, во натпреварот од Купот на Италија Палермо-Бари (1-0 по продолженија), во кој започнал како стартер, додека своето деби во Серија А го имал на 21 август во натпреварот Палермо-Сасуоло (0-1), влегувајќи на местото на Норберт Балог во второто полувреме. Својот прв гол за Палермо го постигнал на 18 септември 2016, во ремито 1-1 на гостувањето кај Кротоне,[7] а само една недела подоцна со својот втор гол за сезоната му ја донел првата првенствена победа на Палермо во Бергамо против Аталанта (0-1).[8][9] Неговата добра форма продолжила до крајот на ноември кога имал 7 гола на 14 настапи, но сепак слабата игра на целиот тим во втората половина од сезоната придонела и неговиот број на голови да опадне. Својата прва сезона во Италија ја завршил со 38 настапи и 11 гола, но и покрај тоа што бил убедливо најдобар стрелец на клубот не успеал да им помогне на Росанеро да останат во Серија А и сезоната завршила со нивно испаѓање во Серија Б.

Во летото 2017, и покрај понудите од други екипи од Серија А, вклучувајќи ги Фјорентина и Торино,[10] Несторовски решил да остане во Палермо. Следната сезона тој бил капитен на клубот и постигнал 14 голови во Серија Б, но во нивната мисијата за враќање во Серија А биле сопрени од Фрозиноне во финалето на плејофот.

По завршувањето на сезоната 2018-2019, Палермо објавил банкрот и сите негови играчи биле ослободени од клубот.

На 26 јули 2019, како слободен играч Несторовски потпишал тригодишен договор со Удинезе.[11] Дебитирал за црно-белите на 18 август во третото коло од Купот на Италија против Зудтирол. На 24 ноември го постигнал својот прв гол за "фриуланците", во поразот со 2-1 на гостувањето кај Сампдорија.[12] Во април 2021 година, за време на тренинг, тој ги скинал предните вкрстени лигаменти на левото колено, повреда која го отстранила од терените за најмалку шест месеци и поради која морал да го прескокне Европското првенство со својата репрезентација.[13]

Репрезентативна кариерa[уреди | уреди извор]

Несторовски бил дел од составот на Македонија до 21 година, и ги одиграл сите шест квалификациски натпревари за Европското првенство до 21 година кое се одржало во 2013 година.[14]

На 9 октомври 2015 година, тој го забележал својот прв настап за репрезентацијата на Македонија, влегувајќи од клупата за резервни играчи на натпреварот против Украина. Својот прв гол за репрезентацијата го постигнал во победата со 3-1 над Азербејџан во пријателски натпревар одигран во Бад Ерлах. На 9 октомври 2016 година, тој бил протагонист во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2018 против Италија во Скопје, во кој тој го постигнал израмнувачкиот гол и потоа асистирал за голот на Ферхан Хасани две минути подоцна за моментален резултат 2-1, пред да излезе надвор поради повреда. Натпреварот сепак завршил со пораз на Македонија од 2-3.[15]

На 28 март 2021 година, тој бил исфрлен од репрезентацијата откако бил снимен од камерите на стадионот како упатува навреди веднаш откако го постигнал голот од пенал со кој ги поставил конечните 5-0 за Македонија во натпреварот против Лихтенштајн.[16][17][18] По завршувањето на натпреварот, тој изјавил дека неговите зборови биле упатени кон луѓе кои му се заканувале со смрт.[18]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Македонија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
9-10-2015 Скопје Македонија Македонија 0 – 2 Украина Украина Квал. за Евро 2016 - влегол во игра 79'
12-10-2015 Борисов Белорусија Белорусија 0 – 0 Македонија Македонија Квал. за Евро 2016 - влегол во игра 86'
12-11-2015 Скопје Македонија Македонија 4 – 1 Црна Гора Црна Гора Пријателска - влегол во игра 58'
17-11-2015 Скопје Македонија Македонија 0 – 1 Либан Либан Пријателска - заменет 46'
23-3-2016 Копер Словенија Словенија 1 – 0 Македонија Македонија Пријателска - заменет 46'
29-3-2016 Скопје Македонија Македонија 0 – 2 Бугарија Бугарија Пријателска - влегол во игра 76' добил жолт картон во 80-тата минута 80'
29-5-2016 Бад Ерлах Македонија Македонија 3 – 1 Азербејџан Азербејџан Пријателска 1 влегол во игра 73'
2-6-2016 Скопје Македонија Македонија 1 – 3 Иран Иран Пријателска - влегол во игра 62'
6-10-2016 Скопје Македонија Македонија 1 – 2 Израел Израел Квал. за СП 2018 1
9-10-2016 Скопје Македонија Македонија 2 – 3 Шпанија Шпанија Квал. за СП 2018 1 заменет 68'
12-11-2016 Гранада Шпанија Шпанија 4 – 0 Македонија Македонија Квал. за СП 2018 - заменет 82'
24-3-2017 Вадуц Лихтенштајн Лихтенштајн 0 – 3 Македонија Македонија Квал. за СП 2018 2
28-3-2017 Скопје Македонија Македонија 3 – 0 Белорусија Белорусија Пријателска - заменет 79'
5-6-2017 Скопје Македонија Македонија 0 – 0 Турција Турција Пријателска - заменет 81'
1-6-2017 Скопје Македонија Македонија 1 – 2 Шпанија Шпанија Квал. за СП 2018 -
2-9-2017 Хаифа Израел Израел 0 – 1 Македонија Македонија Квал. за СП 2018 - заменет 86'
5-9-2017 Струмица Македонија Македонија 1 – 1 Албанија Албанија Квал. за СП 2018 -
6-10-2017 Торино Италија Италија 1 – 1 Македонија Македонија Квал. за СП 2018 -
9-10-2017 Струмица Македонија Македонија 4 – 0 Лихтенштајн Лихтенштајн Квал. за СП 2018 -
23-3-2018 Анталија Финска Финска 0 – 0 Македонија Македонија Пријателска - заменет 79'
27-3-2018 Анталија Азербејџан Азербејџан 1 – 1 Македонија Македонија Пријателска - влегол во игра 60'
6-9-2018 Гибралтар Гибралтар Гибралтар 0 – 2 Македонија Македонија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза - влегол во игра 46'
9-9-2018 Скопје Македонија Македонија 2 – 0 Ерменија Ерменија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза - влегол во игра 69'
13-10-2018 Скопје Македонија Македонија 4 – 1 Лихтенштајн Лихтенштајн УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза - заменет 83'
16-10-2018 Ереван Ерменија Ерменија 4 – 0 Македонија Македонија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза - влегол во игра 64' добил жолт картон во 88-мата минута 88'
16-11-2018 Вадуц Лихтенштајн Лихтенштајн 0 – 2 Македонија Македонија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза 1
19-11-2018 Скопје Македонија Македонија 4 – 0 Гибралтар Гибралтар УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза 2 заменет 82'
21-3-2019 Скопје Македонија Македонија 3 – 1 Латвија Латвија Квал. за Евро 2020 -
24-3-2019 Љубљана Словенија Словенија 1 – 1 Македонија Македонија Квал. за Евро 2020 - добил жолт картон во 18-тата минута 18' заменет 88'
7-6-2019 Скопје Македонија Македонија 0 – 1 Полска Полска Квал. за Евро 2020 - добил жолт картон во 87-мата минута 87'
10-6-2019 Скопје Македонија Македонија 1 – 4 Австрија Австрија Квал. за Евро 2020 - заменет 56'
5-9-2019 Бершева Израел Израел 1 – 1 Македонија Македонија Квал. за Евро 2020 - заменет 69'
9-9-2019 Рига Латвија Латвија 0 – 2 Македонија Македонија Квал. за Евро 2020 - заменет 65'
10-10-2019 Скопје Македонија Македонија 2 – 1 Словенија Словенија Квал. за Евро 2020 -
13-10-2019 Варшава Полска Полска 2 – 0 Македонија Македонија Квал. за Евро 2020 - добил жолт картон во 34-тата минута 34' заменет 74'
19-11-2019 Скопје Македонија Македонија 1 – 0 Израел Израел Квал. за Евро 2020 - влегол во игра 60'
Вкупно Настапи 36 Голови (7. место) 8

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Calciomercato Palermo: l'incontro con Davor Curkovic, ecco il futuro di Nestorovski-Rajkovic e…“ (италијански). mediagol.it. 2 јули 2017. Посетено на 22 мај 2020.
  2. 2,0 2,1 А.Г. (5 февруари 2017). „Го оствари сонот, Палермо шанса за нов подем – Интервју со Илија Несторовски“. Markukule. Посетено на 5 февруари 2017.
  3. 3,0 3,1 „Ќе биде ли Несторовски спасител на Палермо“, Дневник, година XX, број 6172, петок, 23 септември 2016, стр.26.
  4. „Oggetti misteriosi: I cinque più imprevedibili di questa sessione di mercato“. 20 септември 2016. Архивирано од изворникот на 10 септември 2016.
  5. 'Hat trick' Nestorovskog na oproštaju od HNL-a“ (хрватски). 13 мај 2016. Посетено на 22 мај 2020.
  6. „Najbolji strijelac HNL-a potpisao za Palermo, odšteta 500.000 eura“ (хрватски). gol.hr. 9 јануари 2016. Посетено на 22 мај 2020.
  7. „Si sblocca Nestorovski, il Palermo agguanta il Crotone: 1-1“. 20 септември 2016. Посетено на 22 мај 2016.
  8. „Atalanta-Palermo 0-1: Nestorovski inguaia Gasperini, De Zerbi fa festa“. 22 септември 2016. Посетено на 22 мај 2020.
  9. „Ќе биде ли Несторовски спасител на Палермо“, Дневник, година XX, број 6172, петок, 23 септември 2016, стр. 26.
  10. „Palermo prepara l'addio a Nestorovski. La Fiorentina c'è, solo ad una condizione“. fiorentina.it. Посетено на 22 мај 2020.
  11. „Ilija Nestorovski è bianconero!“. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 12 ноември 2019.
  12. „Gabbiadini più Ramirez: è festa Samp. All'Udinese non basta Nestorovski“. Посетено на 22 мај 2020.
  13. https://www.corrieredellosport.it/news/calcio/serie-a/udinese/2021/04/26-81154128/udinese_nestorovski_crociato_rotto_stagione_finita. Отсутно или празно |title= (help)
  14. „Ilija Nestorovski“. Under-21 Championship. UEFA. Посетено на 9 August 2012.
  15. „Qual. Mondiali 2018: l'Italia batte la Macedonia, ma è Nestorovski show. Gol e standing ovation per l'attaccante del Palermo“. 10 октомври 2016. Архивирано од изворникот на 2019-04-01. Посетено на 2022-08-20.
  16. „Голем „офсајд" пред ЕП: Несторовски, ова не ти требаше!“. sportclub.mk. 29 март 2021. Архивирано од изворникот на 2022-08-20. Посетено на 20 август 2022.
  17. „Несторовски си го доби заслуженото – нема да игра против Германија“. sportclub.mk. 29 март 2021. Посетено на 20 август 2022.[мртва врска]
  18. 18,0 18,1 „Nestorovski cacciato dalla nazionale per motivi disciplinari“. Посетено на 30 март 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]