Live Peace in Toronto 1969

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Live Peace in Toronto 1969 е албум во живо издаден од Џон Ленон, Јоко Оно и бендот „Plastic Ono Band“ од издавачката куќа „Apple Records“ (каталог „Apple Core 2001“ во Обединетото Кралство и каталог „Apple SW 3362“ во САД). Снимен е на фестивалот „Toronto Rock and Roll Revival“, ова беше првиот албум на било кој член од „The Beatles“ заедно или поединечно. Го зазема #10 на „Billboard 200“ и добри сертивикат злато од „RIAA“.[1]

Позадина[уреди | уреди извор]

Рок промоторите од Торонто, Џон Бровер и Кени Вокер, организираа фестивал кој се одржа во „Varsity Stadium“ на 13 септември, 1969, со цел да се „заживеат“ рок ен рол ѕвездите од 1950те наваму, меѓу кои Чак Бери, Литл Ричард, Џери Ли Левис, Фаст Домино, Бо Дидлеи и Џин Винсент.[2] Исто така вклучија и некои од помодерните свирачи како Алис Купер, Чикаго, и групата „The Doors“ и го исконтактирале Џон Ленон за да го прашаат дали би сакал да биде главен на церемонијата. Ленон одговорил дека доколку дојде тоа ќе биде само за да свири.[3]

Откако членовите на „The Beatles“, покрај сите намери, мораа да прекинат, Ленон за брзо време оформи бен под името „Plastic Ono Band“ сметајќи на напиштањето на Ерик Клептон на „Blind Faith“, Клаус Ворман и идниот тапанар Алан Вајт за да им се придружат на него и Оно. Нивната единствена проба беше за време на летоо од Лондон до Торонто.[4]

Снимање[уреди | уреди извор]

Албумот технички е снимање на песни за филм, со тоа што е дел од аудио делот на документарниот филм кој е направен од фестивалот, подоцна издаден како „Sweet Toronto“. Ленон и Оно склучија договор со Пинбејкер (режисерот на документарецот) за да го лиценцираат нивниот дел од шоуто за снимање, во замена на правата за да биде вклучено нивното појавување. Според списанието „Beatles Monthly“, поради несакана реакција за изведбата на бендот, Пинбејкер ги тргнал сегментите со Ленон и Оно по лимитираното појавување во филмот, подоцна реиздадено како „Keep On Rockin′“.[5] „Showtime“ конечно ја презентираше изведбата во 1989 и целиот филм се појави за домашно видео и ДВД.[6]

Албумот ја вклучува целата изведба на „Plastic Ono Band“. За да се синхронизира со фестивалот, Ленон избра три постари рок ен рол песни, од кои две беа снимени и издадени од „The Beatles“. Тој исто така селектираше и песна од „White Album“ и два негови синглови, „Give Peace A Chance“ и „Cold Turkey“. Оно селектираше песна која беше б-страна на песната „Cold Turkey“, „Don't Worry Kyoko“.[7]

Песни во албумот[уреди | уреди извор]

Прва страна[уреди | уреди извор]

# Наслов Текстописец/ци Времетраење
1 „Introduction by Fowley/Blue Suede Shoes“ Карл Перкинс 3:50
2 „Money (That's What I Want)“ Џени Бредфорд и Бери Горди 3:25
3 „Dizzy Miss Lizzy“ Лери Вилјамс 3:24
4 „Yer Blues“ Џон Ленон и Пол МекКартни 4:12
5 „Cold Turkey“ Џон Ленон 3:34
6 „Give Peace A Chance“ Џон Ленон и Пол МекКартни[8] 3:41

Втора страна[уреди | уреди извор]

# Наслов Текстописец/ци Времетраење
1 „Don't Worry Kyoko (Mummy's Only Looking for Her Hand in the Snow)“ Јоко Оно 4:48
2 „John John (Let's Hope for Peace)“ Јоко Оно 12:38

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Live Peace in Toronto RIAA website retrieved 09-12-10.
  2. Марк Левисон. The Complete Beatles Chronicle. Лондон: „Hamlyn Publishing“, 2000, ISBN 0-600-60033-5, стр. 331.
  3. Левисон, стр. 332.
  4. Левисон, стp. 332.
  5. John Whelan, Live Peace In Toronto researched for the Ottawa Beatles site retrieved 09-12-10.
  6. Левисон, стp. 332.
  7. Левисон, стp. 332.
  8. Пред скоро време авторските права на оваа песна се кредитирани само на Ленон.

Надворешни линкови[уреди | уреди извор]