Округот главно е сместен на територијата на поранешното војводствот Саксо-Мајнинген (дел од округот Мајнинген) и на поранешната област Шмалкалден. Округот како административна единица потекнува од 1994 година, кога бил создаден од претходните окрузи Шмалкалден, Мајнинген и (делумно) Зул, кои биле создадени за време на Источна Германија.
Општината Калтенордхајм преминала од округот Вартбург во Шмалкалден-Мајнинген на 1 јануари 2019 година.
Главна река во Шмалкалден-Мајнинген е реката Вера. Теренот во округот главно е планински, каде доминираат Рен и Тириншката Шума. Планинската патека „Ренштајг“ (Rennsteig) поминува низ округот. Областа околу Оберхоф е познат зимски скијачки центар.
Грбот на Шмалкалден-Мајнинген ги покажува симболите на грбовите на трите претходни окрузи, кои исто така ги прикажуваат историските држави кои постоеле на територијата на округот. Петелот во горниот лев дел потекнува од грбот на грофовите на Хенберг. Стои на три зелени ритчиња, кои потсетуваат на ридовите и планините во областа. Лавот на Хесен се појавува во горниот десен дел, бидејќи Хесен ја контролирал областа од 1360 до 1866. Знамето во долниот лев дел потекнува од грбот на округот Мајнинген и потекнува од грбот на градот Вирцбург. Принц-бискупите на Вирцбург го поседувале Мајнинген во минатото. Грбот на Саксонија во долниот десен дел потсетува на војводството Саксо-Мајнинген, кое постоеле од 1680 до 1918.