Фредерик Шопен: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 28: Ред 28:
=ajajajaja=
=ajajajaja=


gomna sareni :D:D:D
== Музика ==
== Музика ==
[[Податотека:Pillar containing Chopin's heart.JPG|thumb|160px|left|Столб во кој е вѕидано Шопеновото срце, во [[варшава|варшавската]] [[Црква на св. Крст, Варшава|Црква на св. Крст]]]]
[[Податотека:Pillar containing Chopin's heart.JPG|thumb|160px|left|Столб во кој е вѕидано Шопеновото срце, во [[варшава|варшавската]] [[Црква на св. Крст, Варшава|Црква на св. Крст]]]]

Преработка од 20:44, 21 мај 2013

Фредерик Шопен
Fryderyk (Franciszek) Chopin
Frédéric (François) Chopin
Шопен во 1835 г.
Животописни податоци
Родено имеФредерик (Францишек) Шопен
Познат(а) и какоШопен
Роден(а)1 март 1810
Знаме на Варшавското војводство
Знаме на Варшавското војводство
Желазова Вола, Варшавско војводство
Починал(а)17 октомври 1849
Знаме на Франција
Знаме на Франција
Париз, Франција
ЖанровиРомантизам
ЗанимањаКомпозитор
пијанист
наставник

Фредерик Шопен (полски: Fryderyk (Franciszek) Chopin; француски: Frédéric (François) Chopin) (1 март 1810[1], Желазова Вола – 17 октомври 1849, Париз) бил полски[2] композитор за пијано од добата на романтизмот. Се смета за еден од најголемите композитори за пијано на сите времиња.

Шопен се родил во селото Желазова Вола во Варшавското војводство. Мајка му била полка, а татко му француски иселеник. Во татковината го сметале за чудо од дете, но тој ја напуштил Полска на 20 годишна возраст и никогаш повеќе не се вратил. Подоцна во Париз создал кариера како изведувач, учител и композитор и ја прифатил француската варијанта на неговото име „Фредерик-Франсоа“. Од 1837 до 1847 бил во бурна врска со француската писателка Жорж Санд. Секогаш бил со нежно и нарушено здравје, па на 39 годишна ворзаст се разболил од туберкулоза.[3]

Сите Шопенови дела се за пијано (главно соло), и тие се сметаат дека припаѓаат на врвот на репертоарот за пијано. Иако неговата музика се смета за мошне тешка за свирење, неговиот стил дава нагласок на нијанси и експресивна длабочина, а не само на техничка виртуозност. Тој има измислено некои музички форми како баладата,[4] но неговите најзначајни иновации лежат во рамките на постоечките структури како пијано сонатата, валцерот, ноктурното, етидата, импромптуто и прелудиумот. Покрај ова, Шопен бил првиот западен композитор кој го има користено словенскиот фолклор во своите композиции; така и до денес неговите мазурки и полонези се камен темелник на полската национална класична музика.

ajajajaja

gomna sareni :D:D:D

Музика

Столб во кој е вѕидано Шопеновото срце, во варшавската Црква на св. Крст
Шопеновиот гроб на гробиштата Пер Лашез во Париз

Шопеновата музика за пијано е комбинација од уникатен ритмички осет (особено со употребата на рубато), честа употреба на хроматицизам и контрапункт. Оваа мешавина дава особено нежен звук во мелодијата и хармонијата, кои сепак имаат за подлога интересни хармониски техники. Тој го зел новиот салонски жанр ноктурно измислен од ирскиот композитор Џон Филд, и го разработил до нови длабочини на софистикација. Само три од 21 ноктурно биле издадени по неговата смрт во 1849, наспроти неговата волја.[5] Тој исто така ги обдарил популарните танцови форми како полската мазурка и валцерот, Виенскиот валцер, со поширок дијапазон на мелодија и израз. Шопен бил првиот кој компонирал балади[4] и скерца како поединечни дела. Исто така го зел примерот на Баховите прелудиуми и фуги, претворајќи го жанрот во своите прелудиуми.

Неколку од Шопеновите дела се денес мошне познати — вакви примери се Револуционерна етида (Оп. 10, бр. 12), Минутен валцер (Оп. 64, бр. 1), и третиот став од сонатата поднасловена како Погребен марш (Оп. 35), која често се користи како архетипична претстава за тага. (Треба да се спомене дека самиот Шопен никогаш не им давал наслови на делата, туку само жанр и број, така оставајќи му ги сите потенцијални вонмузички асоцијации на слушателот. Експресивните и атмосферски наслови по кои денес знаеме многу негови дела се сите измислени од некој друг) Револуционерна етида не била искомпонирана заради неуспешното востание во Полска против Русија; тоа е временска коинциденција. Погребниот марш пак бил искомпониран пред остатокот од сонатата во која се содржи, но точната прилика не се знае; изгледа дека не бил инспириран од некоја конкретна психолошка состојба.[6] Други мелодии пак, биле понатаму искористени како основа за популарни песни, како на пример бавниот дел од Фантазија-импромпту (Оп. постх. 66) и првиот дел од Етида Оп. 10 бр. 3. Овие дела често се засноваат на интензивниот и персонализиран хроматицизам, како и од мелодиската крива сродна на оперите во Шопеновото време — оперите на Џоакино Росини, Гаетано Доницети, и особено на Белини. Шопен со помош на пијаното ја пресоздавал грациозноста на пејачкиот глас, а постојано зборувал и пишувал за пејачи.

Шопеновиот стил и дарби станале сѐ повеќе влијателни. Роберт Шуман бил неверојатно голем обожавател на Шопеновата музика— иако ова лувство не било возвратено — и тој земал мелодии од Шопен, па дури и именувал едно дело од неговата свита Карневал по Шопен.

Франц Лист пак, уште еден голем обожавател и личен пријател на Шопен, траксрибирал шесто Шопенови полски песни за пијано.

Шопен ги изведувал своите дела во концерни сали, но почесто во пинтимна салонска атмосфера со пријатели. Но само подоцна, кога здравјето сериозно му се нарушило, Шопен сосема се откажал од јавни настапи.

Исто така влијателни станале и неговите технички иновации. НЕговите Прелудиуми (Оп. 28) и Етиди (Оп. 10 и 25) набргу станале стандардни дела, и инспирација за Листовите Трансцедентални етиди и Шумановите Симфониски етиди. Александар Скрјабин исто така претрпел големо влијание од Шопен; на пример, неговите 24 Прелудиуми, Оп. 11 се инспирирани од Шопеновиот Оп. 28.

Меѓу најголемите изведувачи на Шопеновата музика се вбројуваат: Владимир де Пахман, Раул Пуњо, Ингнациј Јан Падеревски, Мориц Розентал, Сергеј Рахманинов, Алфред Корто, Игнац Фридман, Раул Кочалски, Артур Рубинштајн, Мјечислав Хоршовски, Клаудио Аро, Владо Перлемутер, Свјатослав Рихтер, Владимир Хоровиц, Dinu Lipatti, Владимир Ашкенази, Марта Аргерич, Маурицио Полини, Мурај Пераија, Кристјан Цимерман, Евгениј Кисин, Симон Трпчески.

Рубинштајн се искажал за Шопен и универзалноста на неговата музика вака:

Шопен бил универзално препознатлив гениј. Неговата музика освојува најразновидна публика. Кога првите Шопенови ноти прозвучуваат низ салата, имаме среќни воздишки на препознавање. Ширум сиот свет мажи и жени ја знаат неговата музика. Ја обожаваат. Трогнати се од неа. Сепак ова не е „романтистичка музика“ во Бајроновска смисла. Не раскажува приказни и не слика сцени. Таа е експресивна и лична, но сепак е чиста уметност. Дури и во ова апстрактно атомско време кадешто чувствата не се во мода, Шопен продолжува да живее. Неговата музика е универзалниот јазик на меѓучовекото општење. Кога го свирам Шопен им зборувам директно на срцата на луѓето!

Стил

Статуа на Шопен во варшавскиот Лазјенковски парк

Иако Шопен живеел во првата половина на XIX век, тој бил образован во традицијата на Бетовен, Хајдн, Моцарт и Клементи; тој дури ја користел Клементиевата метода за подучување на пијано. Претрпил влијание и од Хумеловиот развој во виртуозната, но сепак Моцартовска, пијанистичка техника. Еден од неговите ученици, Фридерика Мулер во нејзиниот дневик напишала за Шопеновиот изведбен стил:

Неговата изведба секогаш беше благородна и прекрасна; тоновите му пееја, било во полно „форте“ или најмеко „пијано“. Со неизмерна макотрпност се трудеше да ги научи учениците на изведбениот стил „легато“, „кантабиле“. Најострата негова критика беше: „Не знае како да сврзе две ноти“. Исто така бараше најстрого внимавање на ритам. Мразеше секава флегматичност и влечкање, погрешно поставени „рубата“, како и претерани „ритарданда“ ... и токму тука луѓето прават такви ужасни грешки при изведба на неговите дела.

Шопеновите полонези ја довеле таа музичка форма до ниво повисоко отколку што било кој можел да си замисли дека таа може да оди. Низата од седум полонези издадени за време на неговиот живот (други девет се издадени постхумно), започнувајќи со парот Оп. 26, поставил сосема нов стандард за компонирање и изведба на музика. Ова било вкоренето во Шопеновата страст за компонирање и издавање на полска музика — по повторниот пад во рацете на Русија. Полонезата во А-дур Оп. 40 бр. 1, „Воена“ и полонезата во Ас-дур Оп. 53, „Херојска“, се вбројуваат меѓу неговите најсакани и најизведувани дела.

Романтизам

Шопен имал индиферентен став за најголемиот дел од неговите современици, иако имал доста пријатели од романтистите во музиката, книжевноста и ликовната уметност (многу од нив преку Жорж Санд). Меѓутоа многумина сметаат дека Шопеновата музика го претставува врвот на романтистичкиот стил. [7] Релативната класична чистина и дискретност на неговата музика, со малку екстравагантен егзибиционизам, делумно сведочи за неговата длабока почит кон Бах и Моцарт. Шопен никогаш не навлегувал во експлицитно „сценоотсликување“ во музиката, нити пак користел програмски наслови, дури и лутејќи им се на издавачите што ги именувале делата како што ги знаеме денес.

Дела

Сите Шопенови дела се за пијано, соло или со придружба. Главно се за соло пијано, но има и неколку за пијано ансамлбли со инструменти, меѓу кои второ пијано, виолина, виолончело, глас и оркестар.

Денес зачувани се над 230 Шопенови дела. Разните ракописи и дела од раното детство не се пронајдени.

Споменици

Пред Втората Светска војна, во горниот дел на варшавскиот Лазјенковски парк. При основата на статуата во летните неделни попладниња се одржуваат бесплатни пијано рецитали на Шопеновите композиции. Стилизираното дрво над Шопеновата фигура е во облик на неговата рака и прсти.

Секои пет години во Варшава се одржува Меѓународниот Шопенов пијанистички натпревар; повремено се доделува и наградата Grand prix du disque de F. Chopin за истакнати снимки на Шопенови дела, ремастерирани или нови.

Во негова чест, во Скопје е именувана улицата „Фредерик Шопен“.

Снимки

Марка на Македонска Пошта по повод 200-годишнината од раѓањето на Фреферик Шопен (ФДЦ 10б/2010, 8 јуни 2010)

Видете исто така

Белешки

  1. Некои извори го посочуваат 22 февруари како датум на раѓање; видете Живот за поподробно.
  2. Kennedy, Michael. Oxford Concise Dictionary of Music, Oxford, 2004, Четврто здание., стр. 141.
  3. Предлошка:Цитирана веб страница
  4. 4,0 4,1 Scholes, Percy (1938), The Oxford Companion to Music. Article Ballade.
  5. Писмо од 12 декември 1853 од Камил Плејел со Шопеновата сестра, Луиза Једрзејевич, споменато во Chopin — Nocturnes, со белешка од Евалд Цимерман, зима 1979/1980, издадено од G. Henle Verlag (ISM N M-2018-0185-8).
  6. Kornel Michałowski, Grove
  7. Видете на пр. Чарлс Розен, The Romantic Generation, глави 5-7, Harvard University Press 1995. ISBN 978-0-674-77933-4

Наводи

Надворешни врски

  • Chopin Music - мреж. место и форум за Шопеновата музика, вклучувајќи и снимки, партитури и галерии на слики.



Статијата „Фредерик Шопен“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA