Динамика (музика)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Секоја од повекето музички елементи мелодија, хармонија, динамика, боја, ритам итн. се среќава во секој момент од развојот на музичката мисла, помалку или повеќе воочливи, но сепак многу ретко можат да се издвојат посебно, без да е поврзана, барем со една од претходно наведените мизички компоненти. Затоа и поединечното излагање на овие муз.елементи и нивното посебно разгледување има оправдување само како методолошка постапка при воведувањето на младите композитори во творечката област на оркестарската комбинаторика. Таков е случајот и со динамиката како една од музичките елементи, која посебно ќе ја разгледаме.

Пропороционална динамика помеѓу музичките инструменти[уреди | уреди извор]

Сите интрументи не се исти по јачина.Некои се повеќе проодни,други помалку,како што се по звук едни остри,други меки,со голем или мал волумен итн.Кога секој инструмент во својот регистар би ја задржал својата особина во пглед на боја,јачина на звукот и др. карактеристики многу лесно би ги воочиле законитостите на основата при комбинација на заеднички истовремен звук- воспоставување на правилни меусебни пропорцииво поглед на претходно споменатите особини,пред се на нивната природна динамика.Но тоа за нас не е сосема возможно,па нашите обиди за систематизам и утврдување на закономерностите ќе бидат понекогаш и релативни.Тоа е и разумливо: оркестарот во себе содржи многубројни можности за комбинирање,па е доста тешко да се среди тоа во еден прецизен став.Затоа во ова поглавје пред се ќе говориме за нивниот меѓусебен однос,во поглед на нивната природна динамика,т.е на моментот кога инструментот настапува рамноправно И под исти услови во излагањето и во развојот на музичката мисла.


Пропорционалност во рамките на иста окестарска група[уреди | уреди извор]

Гудачки инструменти[уреди | уреди извор]

За гудачките интрументи најчесто се кажува дека меѓусебната динамика е рамноправна.Под тоа се подразбира дека секоја делница во поглед на природната динамика е еднаква,со тоа што во секоја делница е компактна спрема приближените пропорции на корпусот на самиот муз.гудачки инструмент.Меѓутоа сепак треба да укажеме на извесни мали разлики во однос на проодноста на жицата и позицијата. Споменатата пропорција е точна доколку секоја делница настапувва под приближно исти услови:да е секоја од нив во иста динамика,во иста ли блиска позиција,во ист или близок регистар и да е на иста или соседна жица.пр.(кб.-А, вч.-а,вле.е1,а1; 2 в-ни-ц2,и први виолини е 2.Во овој пример звукот е урамнотежен,бидејќи во секој интрумент е застапен тонот во основната позиција на првата жица (освен на втората виолина,тон на втората жица ,како и двофатот во виолата).Овој акорд во поглед на динамика звучи хомогено и во форте и во пијано динамика.Меѓутоа истиот акорд во следниов облик(А,а,ц1,е1,а1) веќе пакажува мало тежнеење за потиснување на виолините и виолата од страна на виолончелото и контрабасот,пред се во форте,бидејќи тоновите се изведуваат на проодни-први жици,за разлика од останатите инструменти кои ги произведуваат тоновите на помалку проодни жици.

Во следниот пример споменетата тенденција на басовската линија исто така доаѓа до израз,пред се во форте динамика (си големо,си мало,д 1,ф1,г1) Меѓутоа ако истиот акорд се постави со тоа што виолините и виолите ќе свират во висока позиција на ниска жица сул г,тогаш таа изедначеност се постигнува поради напнатоста на самата жица.И во тој случај акордот звучи хомогено во било која динамика форте,пијано.

Постојат и други начини за корекција на динамичката неизедначеност,кои се појавуваат слично како во горниот пример,но за тоа повеќе кога ќе говориме за поимот-компензација на звукот.Покрај сите напомени кои се дадени,сепак може да се каже дека пропорционалниот однос на секоја гугачка делница спрема друга гудачка делница е 1:1.Спрема тоа,дури и кога не се обрнува внимание на моментите кои се горе изнесени,сеуште постојат можности за евентуални динамички неизедначености сосема се елиминира вградената работа кон која диригентот ги упатува изведувачите. Доколку пак истиот акорд е даден во друга оркестарска група (дрвени или метални дувачки инструменти или обемот на групата),препораките кои се однесуваат на суптилните нееднаквости поради ненаштиманата жица и позиција,немаат никакво практично значење.

Дрвени музички инструменти[уреди | уреди извор]

Меѓусебните односи на сите дрвени дувачки инструменти имаат исто така динамичка пропорција 1:1.Тоа значИ дека една флејта во природна динамика приближно одговара на една обоа, односно на еден кларинет или на еден фагот. Но,ни тој однос не е прецизен, особено ако се инсистира на регистрите во кој инструментите ги менуваат своите вообичаени карактеристични особености,т.е. во ниските регистри.Подоцна веќе било кажано дека некои инструменти,како на пр.обоата и фаготот,во својот длабок регистар неможат постапно да исвират пп,како што ни флејтата во својот длабок регистар не може да свири фф или да прави големи динамички контрасти. Ако во еден инструмент ја има следнава постапка: до(Об.) ми (Фл.) (терца) - ќе заклучиме дека обоата сепак- повеќе дава груби и продорни тонови,и така што по својата звучност преминува кон темната и назална флејта.Исто така во следниот пр.б (Фг.) ге (Цл.бассо) – остар и груб тон на фаготот во динамичка смисла ќе биде над мекиот и тивкиот тон на бас- кларинетот.За да на истиот степен јачината на звукот остане на иста динамичка пропорција потребно е инструментите подеднакво или приближно да се во исти услови,понатаму да бидат во својот подеднаков добар и звучен регистар.Затоа порано наведените примери интервал терца( до1 во обоа и ми1 во флејта),во кој обоата повеќе се истакнува,ќе бидат погодни во регистарот за октава повисоко,значи до2 и е 2,но нивниот однос ќе биде најизедначен дури во октава над претходниот пример,бидејќе флејтата тука го добива својот сјај и прородност:до3 и ми3 Исто така и наведениот пр.интервал 6 во фагот и бас-кларинет (реален звук Бе1 во фагот и Ге големо во бас-кларинет) преффрлајќи ги во некои од горните октави ја губат заедничката неизедначеност и стануваат значајно хомогени и компактни (реален звук) Бе во фагот и Ге големо во бас-кларинет.

Според тоа,доколку се појави потреба на пр.Акордот (це1,е1,г1и бе1) – се појави застапен за четири дрвени дувачки инструменти( во пп или фф),мора да се обрне внимание на природната динамика која ја имаат инструментите и која би сакале да ја употребиме за да добиеме најизедначено пропорционален звук.Во следните пр.тој ист акорд е даден во некои лоши и добри негови поставувања:

- це 1,е1 – две обои, ге 1 ,бе1 две флејти или два кларинета,тоа е лошо бидејќи се итакнува обоата,звукот не е изедначен; - це1,е1 - два кларинета,ге1,бе1 две флејти-тоа е добро звукот е изедначен.Ова се однесува за динамиката пп; - це1,е1- две флејти,ге1,бе1 две обои-лошо бидејќИ флејтата недоволно се слуша; - це1,е1-два кларинета,или две обои,ге1,бе-две обои или два кларинета,подобро звукот е изедначен.Ова се однесува за динамиката фф.

Со начините кои се дадени при користењето со ,звучно различни регистри можеме да кажеме дека меѓусебно имаат пропорционален однос такашто дрвените дуваки инструменти сепак остануваат во основа 1:1,но пожелно е при тоа инструментите да бидат во приближно слични услови,при донесувањето на своите тонови.

МЕТАЛНИ ДУВАЧКИ ИНСТРУМЕНТИ[уреди | уреди извор]

За металните дувачки инструменти порано е кажано дека според јачината на звукот се најсилни и дека нивната неизедначеност на регистрите во поглед на динамиката во мал обем и значење отколку кај дрвените дувачки инструменти.Меѓу металните инструменти треба да се извои хорната,која по природа во однос на својата звучност е послаба од останатите инструменти(труба, тромбон, туба). Н.Р.Корсаков прецизирал дека хорната во ф, во однос на останатите метални дувачки инструменти,се во пропорционален однос 2:1,т.е.две хорни се звуковни еквивалентни со една труба,т.е.еден тромбон или туба.Наведениве неколку акордски примери во однос на изедначеноста на звукот во комбинација хорна и останати инструменти(сите акорди се во ф - реален звук) :

ф1,це2 - две труби,а1-две хорни. Ф1 - две хорни,а1 и це2 -две труби. це1 - еден тромбон,е1 - две хорни,ге1 - една труба. це 1 – еден тромбон,е1,ге1 - четири хорни фа,це1 – два тромбони,ла – две хорни фа,ла – два тромбона,це1 – две хорно