Географија на Србија
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |


Србија е држава која се наоѓа во држава на Балканскиот полусотров и во Средна Европа.
Граници
[уреди | уреди извор]Вкупната површина на земјата изнесува 88 361 км2[1], и според тоа се наоѓа на 113 место по големина во светот. Границите на Србија вкупно зафаќаат 2.351,8 км; на север се граничи со Унгарија (174,7 км), на исток со Романија (547,9 км), Бугарија (360 км), на југ со Република Македонија (238 км) на југозапад со Црна Гора (249,5 км) и Албанија, преку Косово (113,4 км), на запад со Босна и Херцеговина (363 км) и Хрватска (259 км).
Главниот град Белград е најголемиот во државата и на Балканот со околу 1 500 000 жители.
Границата со Унгарија
[уреди | уреди извор]Границата со Унгарија е вештачка и отворена. Долга е 174,7 км. Гранични премини се Бачки Брег, Хоргош, Келебија, Бездан (речен, на Дунав) и Кањижа (речен, на реката Тиса).
Границата со Романија
[уреди | уреди извор]Границата со Романија е комбинирана (природно-вештачка), неетничка и отворена. Долга е 547,9 км, од кои 230 километри на Дунав. граничните премини се: Српска Црња, Ватин, Калуѓерово, Ѓердап,Велико Градиште (речен), Долни Милановац (речен), Усије (речен) и Прахово (речен).
Границата со Бугарија
[уреди | уреди извор]Границата кон Бугарија е долга 360 километри. Гранични премини се Мокрање, Вршка Чука, Градина, Стрезимировци и Рибарци.
Границата со Македонија
[уреди | уреди извор]Границата на Србија со Македонија е комбинирана (природно-вештачка). Долга е 273 километри и се протега од тромеѓето кај селото Жеравино до планинскиот врв кај селото Рестелица. Патни гранични премини се: Голеш, Прохор Пчињски, Прешево, и Глобочица. Железнички премин е: Прешево.
Границата со Албанија
[уреди | уреди извор]Границата со Албанија е долга 111 километри и се протега од тромеѓето меѓу Србија, во делот кон Косово, Македонија и Албанија кај местото Рестелица до тромеѓето на Србија, Црна Гора и Албанија на планината Богиќевици (2.092 мнв). Ова е најкратката државна граница на Србија и на неа постојат два патни премини: Ќафа Прушит (кај Ѓаковица и Врбница (кај Призрен). Од 10 јуни 1999, границата кон Албанија не е под контрола на Република Србија, иако Резолуција 1244 предвидува Србија да задржи контрола над клучните гранични премини.
Границата со Косово
[уреди | уреди извор]Границата со Косово е административна (провинциска). Се простира од тромеѓето меѓу Македонија, Косово и Србија во делот од Прешево па сè до Рашка. По војната, создаден е кумановскиот договор каде е договорено разграничување и формирање на Копнена зона на безбедност (5км) и на Воздушна зона на безбедност (25км). Поради тоа што Србија не го признава Косово како независна држава, суспендирани се сите цивилни и воени летови меѓу Централна Србија и Косово. Патни гранични премини за влез и излез се: Брњак и Јариње на Северно Косово, Мердаре во близината на Куршумлија, како и граничниот премин Кончуљ во близина на Бујановац. Воедно, оваа граница е една од најстарите поради тоа што е создадена како граница меѓу Србија и Отоманското Царство.
Границата со Црна Гора
[уреди | уреди извор]Границата со Босна и Херцеговина
[уреди | уреди извор]Границата со Хрватска
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]Според пописот, вкупното население во Србија е околу 6,647,003 (со Косово)[2] жители. Густината на населеноста е 107.46/км2 жители на квадратен километар.
Клима
[уреди | уреди извор]Србија се наоѓа на крстопатот од централна, јужна и источна Европа, помеѓу Балканскиот полуостров и Панонската низина. Голем потенцијал во Србија има речниот транспорт. Иако не излегува на море, во Србија има околу 2000 колометри пловни реки и канали од кои најголем е Дунав-Сава-Тиса со кој се поврзува со Западна Европа, Јужна Европа и Источна Европа. Регионални речн и пристаништа се Белград, Нови Сад и Смедерево.
Северната третина од земјата се наоѓа во Средна Европа, додека источниот дел од Србија зазема дел од Влашката низина. Остатокот од земјата е прекриен со планински венци. Најголем врв во Србија е Ѓеравица.
Национални паркови на Србија се:
- Фрушка Гора (250 км2)
- Копаоник (120 км2)
- Тара (220 км2)
- Ѓердап (640 км2)
- Шар Планина (390 км2)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Kovačević, Miladin (2023). „Статистички годишњак Републике Србије 2023“ [Statistical Yearbook of the Republic of Serbia 2023] (PDF). Statistical Yearbook of Serbia (српски и англиски). Belgrade: Statistical Office of the Republic of Serbia (32): 11. ISSN 0354-4206. Архивирано (PDF) од изворникот 5 February 2024. Посетено на 8 December 2023.
- ↑ „Final results of the Census of Population, Households and Dwellings, 2022“ (англиски). Statistical Office of the Republic of Serbia. 28 April 2023. Архивирано од изворникот 6 January 2024. Посетено на 28 April 2023.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Атлас на Србија (Wikimedia Commons)
- geoSerbia Архивирано на 9 март 2012 г., географски портал на Србија
- Институт за развој на водните ресурси