Гинтерслебен-Вехмар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гинтерслебен-Вехмар
Црквата во Вехмар
Црквата во Вехмар
Грб на Гинтерслебен-Вехмар
Гинтерслебен-Вехмар is located in Германија
Гинтерслебен-Вехмар
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Гота
Месни единици 2
Градоначалник Франк Ритер
Основни податоци
Површина 26,80 км2
Надм. височина 303 м
Население 2.999 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 112 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. GTH
Пошт. бр. 99869
Повик. бр. 036256
Портал www.wechmar-bach.de
Местоположба на Гинтерслебен-Вехмар во рамките на округот Гота
Карта
Координати 50°54′0″N 10°46′30″E / 50.90000° СГШ; 10.77500° ИГД / 50.90000; 10.77500Координати: 50°54′0″N 10°46′30″E / 50.90000° СГШ; 10.77500° ИГД / 50.90000; 10.77500

Гинтерслебен-Вехмар (германски: Günthersleben-Wechmar) е општина во сојузната покраина Тирингија, во округот Гота. Селото Вехмар е познато како дом на семејството Бах на музичари и композитори.

Географија[уреди | уреди извор]

Еден од главните автопати А4 поминува во близина на општината. Неговата близина до блискиот административен центар на округот Гота ја прави општината лесно достапна и придонесува за развој на двете села, Гинтерслебен и Вехмар.

Историја[уреди | уреди извор]

Најстариот документ во кој се споменуваат двете села е brevarium lulli, список на поседите на опатијата Херсфелд. Во овој документ од 786, тие се именувани како Wehemare и Gonresleibin. До крајот на средниот век не се случиле позначајни историски настани во селото. Меѓутоа, во периодот 1590 и 1600 во Вехмар се населил Фајт Бах, кој се смета за татко на музичката фамилија Бах. Најпозната личност во целото семејство е Јохан Себастијан Бах, кој бил праправнук на Фајт Бах и чиј дедо Кристоф Бах изразнал во Вехмар пред да го заземе местото на градски музичар во Ерфурт. Засновано на овие факти, селото Вехмар гордо се нарекува „Дом на татковците на музичкото семејство Бах“ (Urväterheimat der Musikerfamilie Bach).

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Градбите поврзани со семејството Бах се главни знаменитости, вклучувајќи ја куќата на Фајт Бах и мелницата, во која работело семејството. Други позначајни знаменитости се:

  • Ландхаус Штудниц, со неговото рококо сала
  • Црквите Св. Витиј во Вехмар и Св. Петар во Гинтерслебен
  • Остатоци на замокот во Гинтерслебен

Наводи[уреди | уреди извор]