Прејди на содржината

Википедија:Вики ја сака храната 2018/Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Погледајте ги освојувачите на награди и победничката фотографија на Вики ја сака храната 2018!

Лого на Вики ја сака храната
Добре дојдовте на
Вики ја сака храната 2018
Македонија
Зелник со празЃеврециСкараДомашна пита со јаболка, ореви и суво грозје
Видеоупатство за прикачување слики на Ризницата

Вики ја сака храната (англиски: Wiki Loves Food; WLF) — натпревар на фотографии организиран од Википедија/Викимедија за храната, традиционалните јадења и специјалитети во Македонија. Натпреварот беше прв пат организиран во 2015 г. од страна на Викимедија Индија, а во Македонија за прв пат е спроведен во 2017 година. Во 2018 се одржува второто издание на фотографскиот натпревар Вики ја сака храната

Целта на натпреварот?

Со овој натпревар сакаме да собереме фотографии од македонските национални јадења како и јадења, специјалитети и воопшто храна од целиот свет. Овие фотографии потоа ќе можат да се прикачат на Ризницата на Викимедија под слободна лиценца, а понатаму ќе можат да се користат за илустрирање на статии за тие области на Википедија, како и за други слободни проекти!

Приказ на патот на една фотографија до Википедија, преку слободна лиценца на Ризницата
Награди!

Најуспешните фотографии според оценката на стручно жири ќе бидат наградени со парични награди, и тоа:

  1. Награди за фотографии со професионален квалитет:
  • Прва награда – денарска противвредност во бруто-износ од 400 евра;
  • Втора награда – денарска противвредност во бруто-износ од 200 евра;
  • Трета награда – денарска противвредност во бруто-износ од 100 евра;
  1. Наградии за фотографии со аматерски квалитет:
  • Прва награда – денарска противвредност во бруто-износ од 200 евра;
  • Втора награда – денарска противвредност во бруто-износ од 100 евра.
Победници

Сите фотографии кои ќе бидат дел од натпреварот, потоа ќе бидат искористени во статиите за самите јадења и специјалитети, кои што ќе се создаваат, подобруваат и уредуваат во рамки на уредувачките потфати како што се Уредувачки маратон на тема „Македонска кујна“ и „Храна“ кој ќе се одржат во рамки на свечениот настан за доделување на наградените фотографии, организирано во заедничка соработка со „Слоу Фуд“ Водно и Уредувачки натпревар кој ќе се орджи во наредниот период по завршувањето на овој фотографски натпревар. Уредувачките потфати се отворени за учество од страна на сите заинтересирани регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик.

Како да учествувам?
  1. Внимателно прочитајте ги правилата за учество и изгледајте го видео-упатството;
  2. Направете квалитетни фотографии од документарен карактер од храна и јадења од Македонија и од различни кујни од светот, а потоа, прикачете ги на Заедничката ризница со слободна лиценца преку образецот за прикачување слики. Не заборавајте да ја дадете предлошката(види во правилата);
  3. Пријавете се за учество, наведувајќи ги Вашите информации преку формуларот за пријавување;

Правила за учество на натпреварот

[уреди извор]
  1. Фотографијата мора да прикажува готово јадење кое е македонско традиционално или од било која земја во светот. Ги препорачуваме оние кои се наведени во списокот подолу, но слободно може да сликате традиционални јадења кои ги знаете вие или се од вашиот крај, а не се наведени во списокот подолу.
  2. Фотографиите треба да бидат во оригинална големина (без компресија) и не треба да содржат дигитален жиг или да бидат во голема мера дигитално изменувани.
  3. Фотографиите мора да бидат прикачени на Заедничката ризница на Викимедија (Wikimedia Commons). За ова секој учесник мора да поседува корисничка сметка на Заедничката ризница. (Отворање на корисничка сметка е можно да направите и на Википедија на македонски јазик при што со истата може да пристапите и на Заедничката Ризница)
  4. Секоја прикачена фотографија мора да биде прикачена под лиценца за слободна документација: Криејтив Комонс Наведи извор 4.0.
  5. Сите фотографии мора да бидат прикачени за време на одржување на натпреварот: помеѓу 1 ноември 2018 во 0:00:00 часот и 30 ноември 2018 г. во 23:59:59 часот.
  6. Автор на фотографијата мора да биде самиот учесник во натпреварот.
  7. Содржината на фотографијата мора да биде од документарен карактер.
  8. Секоја подигната слика мора да ја содржи предлошката {{wlf18mk}} и да биде категоризирана во Category:Images from Wiki Loves Food 2018 in Macedonia и соодветната категорија Category:Professional images from Wiki Loves Food 2018 in Macedonia за пријавените со професионални фотографии и Category:Amateur images from Wiki Loves Food 2018 in Macedonia за пријавените со аматерски фотографии (види: Чекор 5 во видео-упатството).
  9. Сликите мора да имаат соодветен, описен наслов. Задолжително е за сликите да се додаде опис на она што е сликано (пр. името на самото јадење, специјалитет)
  10. Учесникот во натпреварот мора да биде пријавен за учество преку пополнување на формуларот на оваа врска: Пријава за учество. Учесникот треба да го наведе неговото име и презиме, корисничкото име на Commons, како и е-пошта и телефонски број за контакт.

Список на јадења

[уреди извор]

Список на македонски традиционални јадења

[уреди извор]
Македонски традиционални јадења
Реден број Јадење
1. Полнети пиперки
2. Турлитава
3. Зелник
4. Кромидарник
5. Мазник
6. Кравајче
7. Симит-погача
8. Свирипиле (Царопиле)
9. Јанија
10. Чорба (Манџи: компир, боранија, леќа, грашок)
11. Буламач
12. Мезал’к
13. Пача
14. Бегова тава
15. Бајалди тава (Имам Бајалди)
16. Скара
17. Проја
18. Туршија (жива, печи-гмечи, сечкана (руска), царска, медицинска, гамби, барена, резанец, пеглани пиперки, чорбаџиски пиперки)
19. Макало (Лукарник, Охридско)
20. Попара
21. Сарма (Дроб сарма, сарма од лозов лист, штавел, кисела зелка - посна и мрсна)
22. Мусака (со компир, со тиквички)
23. Тавче-гравче
24. Чкембе чорба
25. Ширден
26. Качамак (бакардан, мамалига)
27. Селско месо
28. Подварок
29. Плескавица (Шарска/Спиковска, Ајдучка, Македонска, Ловечка, Комитска)
30. Ќебап (Орман кебап, Паша ќофте)
31. Колбас (Луканец, Струмички, Кичевски, Скарџиски)
32. Ориз-тава
33. Вардарско грне
34. Питулици (Мекици, Пишии)
35. Циронки
36. Охридска пастрмка
37. Полнет крап
38. Перкија (Дојранска)
39. Топеница
40. Бурек
41. Баница
42. Јуфки
43. Тарана
44. Гроздов маџун
45. Пастрмајлија (велешка; штипска; радовишки Самун; кратовска)
46. Лапа
47. Сарамсаклии
48. Чомлек
49. Ширден
50. Таратор
51. Биено сирење (обично; на жар)
52. Питулици (Мекици, Пишии)
53. Охридска пастрмка
54. Полнет крап
55. Перкија (Дојранска)
56. Елбасан тава
57. Ајвар
58. Лутеница
59. Пинџур
60. Буковец (К’цана сол, Црвена сол, Чубрица)
61. Таратор
62. Шопска салата
63. Жетварска салата (Жетварско макало)
64. Пастрма
65. Кавурма
66. Капама
67. Васина торта
68. Шеќерпаре
69. Гурабии
70. Кадаиф
71. Раванија
72. Сутлијаш
73. Назлифатме
74. Оревници
75. Компот
76. Слатко (од смокви, сливи, бели цреши; џем)
77. Мармалад (сливи, кајсии, капини, јагоди)
78. Мед (ливадски; боров; дабов; костенов;)
79. Сок (домашен од: малини, капини, праска, кајсии)
80. Татлии
81. Баклава
82. Боза

Списоци на јадења од светските кујни

[уреди извор]
Италијански традиционални јадења
Реден број Јадење
1. Њоки (и сите други видови тестенини/паста)
2. Канелони (и сите други видови тестенини/паста)
3. Тортелини (и сите други видови тестенини/паста)
4. Капрезе (салата)
5. Фокача
6. Пица (Капричиоза, Маргарита, Кватро Фромаџи, Наполитана и сите други видови на пица)
7. Пармезан (Пармезан Реџиано)
8. Пиадина
9. Песто
10. Пана Кота (Пане Тоне)
  • За повеќе италијански јадења видете ја статијата List of Italian dishes на Википедија на англиски јазик


Кинески традиционални јадења
Реден број Јадење
1. Пржен ориз (и сите други видови на подоготвен ориз)
2. Дим Сам
3. Пекиншка патка
4. Месо во луто-кисел сос (Месо во Сечуански сос и во други видови сосови и преливи)
5. Кинески тестенини (резанци (noodles), кнедли (dumplings), секаков вид на кинески јадења во тестенини)
  • За повеќе кинески јадења видете ја статијата List of Chinese dishes на Википедија на англиски јазик
Јапонски традиционални јадења
Реден број Јадење
1. Суши (и сите други видови на суши)
2. Окономијаки
3. Такојаки
4. Теријаки
5. Гохан (Окоме) (и сите други видови на подоготвен ориз)
  • За повеќе јапонски јадења видете ја статијата List of Japanese dishes на Википедија на англиски јазик
Мексикански традиционални јадења
Реден број Јадење
1. Бурито
2. Такос
3. Тортиља
4. Кесадиља
5. Енчилада
  • За повеќе мексикански јадења видете ја статијата List of Mexican dishes на Википедија на англиски јазик
Арапски традиционални јадења
Реден број Јадење
1. Кускус
2. Хумус
3. Фалафел
4. Лахмаџун
5. Баба Гануш
  • За повеќе арапски јадења видете ја статијата Arab cuisine на Википедија на англиски јазик