Бурито

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бурито
Hippie Kitchen, Jefferson Highway, Old Jefferson Louisiana Burrito Unwrapped.jpg
Бурито со мал сад со сос
ВидВрап
Дел од оброкотпојадок, ручек и вечера
Место на потеклоМексико
Температура на послужувањетопло или на собна температура
Главни состојкипченична тортилја, месо и грав или кашест грав
Вообичаени состојкисирење, ориз, салата, гвакамоле, салса, павлака (во САД, домати)


Бурито[1] – традиционално мексиканско јадење.[2][3] Буритото се состои од тортилја од пченично брашно полнета со прилози.[4] Вообичаено тортилјата полека се пече на жар или се вари на пареа, да омекне и да може да се витка. Во Мексико најчести прилози се месо и грав, а понекогаш нема други прилози.

Во Соединетите Американски Држави, буритото вообичаено вклучува комбинација од состојки како што се: ориз на мексикански начин (со домат, лук и сл.) или обичен ориз, грав или кашест грав, зелена салата, салса, гвакамоле (сос од авокадо), месо, сирење и павлака, а количината варира. Типичното бурито во американски стил се полни со повеќе состојки од она во мексикански стил.

Историја[уреди | уреди извор]

Пред развојот на модерното бурито, мезоамериканските народи на Мексико користеле пченкарни тортилји 10.000 години пр.н.е. за да ја замотаат храната, со полнење од чили пиперки, домати, печурки, тиквички и авокадо. Историски гледано, народите Пуебло на југозапад на САД исто така правеле тортилји полнети со грав и месо и ги спремале како модерниот бурито. Меѓутоа, ваквиот начин на спремање може да биде потекло на поедноставен тако, а не модерен бурито.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Bayless, Rick; Bayless, Deann Groen; Hirsheimer, Christopher (2007). Authentic Mexican: Regional Cooking from the Heart of Mexico. HarperCollins. стр. 197. ISBN 978-0-06-137326-8. https://books.google.com/books?id=lCkXPPSrXXEC&lpg=PT197. 
  2. Ramos y Duarte, Féliz (1895). Diccionario de Mejicanismos. Imprenta de Eduardo Dublan. стр. 98. https://books.google.com/books?id=u2xQAAAAMAAJ&q=burrito#v=snippet&q=burrito&f=false. 
    Pilcher, Jeffrey M. Taco: A Global History of Mexican Food (2012). Planet. Oxford University Press. стр. 46-47. ISBN 978-0-19-991158-5. https://books.google.com/books?id=UJskrNcyLGkC&pg=PA46. 
    Arreola, Daniel D. South Texas: A Mexican American Cultural Province (2010). Tejano. University of Texas Press. стр. 174-175. ISBN 978-0-292-79314-9. https://books.google.com/books?id=RX_tNHHnGGIC&pg=PA174. 
    Miers, Thomasina (2012). Wahaca - Mexican Food at Home. Hodder & Stoughton. стр. 74-75. ISBN 978-1-4447-5692-0. https://books.google.com/books?id=foI4AgAAQBAJ&pg=PT74. 
  3. Anand, Karen (2005). International Cooking With Karen Anand. Popular Prakashan. стр. 28. ISBN 9788171549085. https://books.google.com/?id=BWw-61xANqoC&pg=PA28. 
    Prandoni, Anna; Zago, Fabio (2013) (на Spanish). Los Sabores de la Cocina Tex-Mex. Parkstone International. ISBN 9788431555009. https://books.google.com/?id=UWUdcASDk_kC&pg=PT16&dq=burritos+comida+texmex#v=onepage&q=burritos%20comida%20texmex&f=false. 
    Armendariz Sanz, Jose Luis (на Spanish). Gastronomía y nutrición. Ediciones Paraninfo, S.A.. стр. 86. ISBN 9788497324403. https://books.google.com/?id=LqNQAgAAQBAJ&pg=PA86&dq=burritos+comida+texmex#v=onepage&q=burritos%20comida%20texmex&f=false. 
  4. Griffith, Dotty (2018). The Ultimate Tortilla Press Cookbook: 125 Recipes for All Kinds of Make-Your-Own Tortillas--and for Burritos, Enchiladas, Tacos, and More. Harvard Common Press. стр. 140. ISBN 978-0-7603-5488-9. https://books.google.com/books?id=MnpFDwAAQBAJ&pg=PA140. 
    Morton, Paula E. A Cultural History (2014). Tortillas:. UNM Press. стр. 117. ISBN 978-0-8263-5215-6. https://books.google.com/books?id=Q_Y6BAAAQBAJ&pg=PA117. 
    Sparks, Pat; Swanson, Barbara (1993). Tortillas!: 75 Quick and Easy Ways to Turn Simple Tortillas Into Healthy Snacks and Mealtime Feasts. St. Martin's Press. стр. 100. ISBN 978-0-312-08912-2. https://books.google.com/books?id=lYV77mWEV7sC&pg=PA100. 

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]