Симит-погача
Изглед
Скопска симит-погача | |
| Дел од оброкот | појадок |
|---|---|
| Место на потекло | Македонија, Турција |
| Регион | Скопје |
| Температура на послужување | топло |
| Главни состојки | брашно, вода, масло, сол |
Симит-погача — јадење односно печиво од тесто во вид сендвич составен од лепче (кифла) и од мрсна (празна) пита без заире - полнење (сирење, месо или слично), која наликува на бурек. Потеклото на името е од турските зборови: симит кое се однесува на месеното лепче и погача кое се однесува на питата која се става во внатрешноста на лепчето. Бидејќи симитот е вид на месено лебно печиво, ваквиот вид на симит погача е препознатлив за Скопје, па оттаму е познат и како скопски симит, додека обичниот симит во Турција е месеното лепче налик на македонскиот ѓеврек.
Галерија
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Рецепт за симит-погача на семрежното место на Мои рецепти