Прејди на содржината

Википедија:Уредувачки маратони

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кратенки:
ВП:УМ

Уредувачки маратони — проект на здружението на граѓани „Викимедија МКД“ (во периодот 2014 — 2023 на „Споделено знаење“ и во периодот 2016 — 2023 на „ГЛАМ Македонија“) и Википедија на македонски јазик. Проектот се состои од организирање на отворен настан за уредување на претходно определена тема чија цел е подобрување на постоечките и создавање нови статии од различни области на Википедија на македонски јазик, како и воведување на недоволно искусни уредници во уредувањето на квалитетни статии. Понекогаш на овие настани им претходи предавање на темата, и тогаш најчесто се наречени: работилници.

Во текот на 2026 година се одржани следните уредувачки маратон:

  1. Медалисти на Зимските олимписки игри 2026
  2. Жени ботаничари со авторски кратенки
  3. Растенијата околу нас: Велес
  4. Растенијата околу нас: Демир Хисар
  5. Растенијата околу нас: Скопје
  6. Растенијата околу нас: Куманово

Во текот на 2025 година се одржани следните уредувачки маратон:

  1. Жените на Македонскиот фронт;
  2. Џез (2025);
  3. Лајка;
  4. Организацијата на жените на општина Свети Николе;
  5. Паркови во Словенија;
  6. Перу;
  7. Новинарство;
  8. Филм;
  9. Езера;
  10. Реки и езера во Словенија и
  11. Езера во Северна Америка

Во текот на 2024 година се одржани следните уредувачки маратон:

  1. Жената низ историјата;
  2. Млади правници;
  3. Клима и климатски промени (Велес)
  4. Џез;
  5. Чајанка
  6. Климатски промени во Македонија (Скопје)
  7. Планини

Поврзано

[уреди извор]