Попара

Од Википедија — слободната енциклопедија
Попара
Попара
Видпојадок
Место на потеклоМакедонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Турција
Температура на послужувањетопла, или ладна
Главни состојкисув леб
Варијантислатка или солена

Попара — здробен сув леб попарен со врела вода, масло, млеко, чај и др.[1][2]

Покрај во Македонија, попарата се среќава и во Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Грција и Турција. Ретко се става на куќната трпеза – кога ќе остане доста сув леб и истата се смета за сиромашно јадење.

Традиционално се подготвува од сув леб (од неколку дена) кој се потопува со некоја течност, најчесто топла, но може и ладна, на пример јогурт. Во зависност од вкусот попарата може да биде слатка или солена, па соодветно се додава џем, мед, шеќер или сирење, маст. Подготовката на ова јадење е многу брза и едноставна.

Сè повеќе се појавуваат рецепти кои ја видоизменуваат попарата вклучувајќи дополнителни состојки за истата да биде попривлечна[3].

Попара со сирење

Наводи[уреди | уреди извор]