Шкембе-чорба

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Чкембе чорба)
Шкембе-чорба
Шкембе-чорба
Дел од оброкотглавен оброк
РегионБалкан и Источна Европа
Температура на послужувањетопло
Главни состојкишкембе

Шкембе-чорба или чкембе-чорба – јадење кое често се среќава во балканската, македонската, бугарската, грчката, турската и источноевропската кујна. Се приготвува од добро сварено и ситно исечкано телешко или јагнешко шкембе. На чорбата ѝ се додаваат зачини – лук, киселина, лут црвен пипер или лути пиперки. Популарна е како средство против мамурлак.

Рецепт[1][уреди | уреди извор]

Потребни состојки:

Шкембето добро се мие и се става во тенџере. Се тура 1-2 литри вода и тенџерето се става на оган за да зоврие содржината. Шкембето треба да се вари додека не омекне. По желба може да се додаде јунешка коска да се вари заедно со шкембето. Кога шкембето е сварено, се вади од тенџерето и се става настрана.

Во друго тенџере со малку масло се пропржуваат морковите, лукот и целерот исечкан на коцки.

Вареното шкембе се сече на ленти или коцки и се додава во тенџерето. Се пропржува, па се додава течноста од варењето (процедена), зачините и исечканиот компир и се остава да се вари.

Се подготвува запршка од масло, брашно и црвен пипер. Се додава во тенџерето и се остава да се вари уште 1-2 минути.

Толчен лук се меша со магдонос и оцет и може да се додаде во готовата чорба.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Шкембе-чорба[мртва врска] на семрежното место на Мое мени