Чомлек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чомлек
Дел од оброкотглавен оброк
Место на потеклоМакедонија
РегионБитола
Температура на послужувањетопло
Главни состојкителешко месо, кромид, лук

Чомлек (од турски çömlek што значи грне) — македонско традиционално јадење, карактеристично за кулинарството во Битола, но постои и охридски, овчарски, итн. Се смета за зимско јадење. Во Бугарија се нарекува „македонски чомлек“.[1]

Рецепт[уреди | уреди извор]

Главни состојки се 1 кг телешко месо, 1,5 кг кокар или поситни главици кромид, 5 чешниња лук, суви црвени пиперки, 2 дл црвено вино, сол, црн бибер, доматно пире (100 грама), морков, помас (маслиново масло за готвење) или свинска маст.

Месото кратко се пропржува на малку маснотија, се додава вода и на тивок оган се динста околу 2 часа. Главиците кромид се чистат и се додаваат во тенџерето со месо. Потоа се додаваат сувите црвени пиперки, зачините и виното. Се остава уште десетина минути да прокрчка, а потоа содржината се префрла во земјено тавче.

Морковите се пропржуваат на тивок оган и кога маснотијата ќе се обои и малку ќе омекнат, се потурува врз месото и кромидот. Се додаваат и лукчињата исечени на крупно. На крај се додава доматното пире или кечап, се промешува и се пече на 220 степени 1 час. Потоа се намалува температурата на 180 степени и се пече уште еден час. Готово е кога течноста ќе биде испарена.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски чомлек с телешко месо. Архивирано од изворникот на 2022-03-08. Посетено на 2017-01-27.