Макало
Изглед
Макало — намаз од различни видови на толчени состојки од зеленчуци, кој се користи како додаток и сос во главните јадења и исхраната. Вообичаено се мака односно се консумира со макање со леб од каде му потекнува и името макало на македонски јазик, а се консумира и мачкано на леб. Се прави најчесто од смеса од толчен лук, со додаток на варен и згмечен (пасиран) компир, печена сува (везена) црвена пиперка, модар патлиџан, праз, кромид и др. Во Македонија постојат повеќе познати регионални видови на макала како: охридско макало, лукарник - препознатливо за велешкиот регион, итн.