Тавче-гравче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тавче-гравче
Тавче гравче е традиционален македонски специјалитет..jpg
Тавче-гравче со колбаси
Потекло
Изворно име
Место на потекло Македонија
Поединости
Дел од оброкот главен
Температура топло
Главни состојки грав
Калоричност 350 кал/прц.
Препознатливиот изглед на традиционалното македонско тавче-гравче. Кој не пробал не знае!

Тавче-гравче — традиционален македонски специјалитет. Се подготвува од свеж македонски грав и може да се најде скоро во сите македонски ресторани. Се сервира во македонски земјени чинии.

Во македонското поднебје се произведува на повеќе места, но посебно е познат и прочуен тетовскиот грав.

Состојки[уреди | уреди извор]

Во прилог се прикажани основните состојки и начин на приготвување, но секоја кујна користи и други додатоци кон овие состојки како и свој оригинален начин на приготвување:

Начин на приготвување[уреди | уреди извор]

Гравот прво добро се чисти, се потопува да лежи во ладна вода најмалку три часа (по традиција се остава преку ноќ) за да омекне, потоа се мие и се вари во лонец. По првото вриење водата се истура (бидејќи создава гасови), па се става нова вода. Во втората вода се додава дел од кромидот и црниот пипер, а може и неколку парчиња ловоров лист. Посебно во тавче запржуваме кромид заедно со црвен пипер. Сувата пиперка можеме да ја запржиме заедно со кромидот, а може и посебно. После 90-тина минути колку што му се потребни на гравот да се свари, му го додаваме запржениот кромид и пиперката и добро промешуваме. Потоа содржината се става во земјен сад и се пече на температура околу 220 степени сè додека не запече одозгора. Во варењето треба да се внимава да нема ниту премногу, ниту премалку вода. А при печењето да се внимава да не биде премногу сув.

Земјената тава покрај што му дава препознатлив традиционален изглед на јадењето ја чува топлината со часови.

Комбинација[уреди | уреди извор]

Освен само тавче-гравчето често се подготвува во комбинација со некои јадења од месо, како македонски плескавици, македонска сланина, македонско суво месо, македонски ребра и слично.

Калоричност[уреди | уреди извор]

Треба да се внимава на количината која ќе се изеде бидејќи гравот спаѓа во покалоричните јадења и содржи околу 350 калории на 100 грама чист грав.

Во нашето поднебје се произведува на повеќе места, но посебно е познат и прочуен тетовскиот грав.