Јанија
Посна јанија | |
Дел од оброкот | главно јадење |
---|---|
Место на потекло | Македонија, Турција, Балкан |
Температура на послужување | топло |
Главни состојки | компири, пиперки, домати, кромид |
Јанија — македонско традиционално чорбесто јадење од разен зеленчук (компири, пиперки, домати, кромид и др. во зависност од сезоната) со или без месо (телешко, свинско, пилешко).
Рецепт
[уреди | уреди извор]Ова јадење практично нема ограничување во однос на варијантите, секој ја прави на свој начин. 800 г телешка удина се сече на парчиња и се пржи додека не испари течноста од месото, потоа се додава една главица сечкан кромид и се запржува 5 минути. Се додаваат два сечкани домати и две пиперки и се динста на тивко додека не испари течноста од зеленчукот. Се зачинува со црвен пипер и се додаваат 500-600 мл вода, се остава да вари околу 40 минути, па се додаваат 4 сечкани компири и се вари уште 30 минути. На крајот се додава запршка од масло и брашно и се вари уште минута-две. [1].