Турлитава
Изглед
Дел од оброкот | главен оброк |
---|---|
Место на потекло | Македонија |
Температура на послужување | топло |
Турлитава (полнета со зеленчук и месо) има свое потекло во турските зборови турли (türlü во модерниот турски) што значи "мешан" и тава, керамичко јадење. Тоа е заедничко јадење за Македонија и за остатокот од јужниот дел на Балканот. Турлитава се прави од компири, ориз, бамји, модар патлиџан, моркови, пиперки, свинско, говедско или јагнешко месо. Сите овие состојки се мешаат и се печат во рерна во традиционална керамичка чинија (тава).[1]