Вандеја (департман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вандеја
Vendée
департман
Зградата на префектурата во департманот Вандеја во Ла Рош-сир-Јон
Зградата на префектурата во департманот Вандеја
во Ла Рош-сир-Јон
Знаме на Вандеја
Знаме
Грб на Вандеја
Грб
Местоположба на Вандеја во Франција
Местоположба на Вандеја во Франција
ДржаваФранција
РегионЛоарски Крај
ПрефектураЛа Рош-сир-Јон
ПотпрефектуриФонтене-ле-Конт
Ле Сабл-д’Олон
Управа
 • Претседател на советот на департманотИв Овине
Површина1
 • Вкупна6.720 км2 (2,590 ми2)
Население (2013)
 • Вкупно655.506
 • Ранг37-ми
 • Густина98/км2 (250/ми2)
Часовен појасЦЕЛВ (UTC+1)
 • Лете (DST)ЦЕЛВ (UTC+2)
Број на департманот85
Арондисмани3
Кантони17
Општини267
^1 Француски катастар на земјиште кој не ги вклучува естуарите, езерата, вештачките езера и ледниците поголеми од 1 km².

Вандеја (француски: Vendée ) – департман во регионот Лоарски Крај во централниот дел на западна Франција, на Атлантскиот Океан. Името Вандеја департманот го добил според реката Вандеја која минува низ неговиот јуогисточен дел.

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето денес наречено Вандеја првично било познато како Долно Поату и било дел од поранешната провинција Поату. На крајниот југоисток, се наоѓа селото Ниел-сир-л’Отиз за кое се верува дека е родното место на Елеонора Аквитанска (1122-1204). Синот на Елеонора, Ричард I од Англија (Лавовско Срце), честопати имал база во Талмон. Стогодишната војна (1337-1453) голем дел од Вандеja го претворила во бојно поле.

Со оглед дека Вандеја имала голем број на влијателни протестанти, вклучувајќи ја и Жан д'Албре, мајката на Анри IV од Франција, областа била во голема мера под влијание на француските религиозни војни кои избувнале во 1562 и продолжиле сè до 1598 година. Во април истата година, кралот Анри IV го издал Нантскиот едикт и војните завршиле. Отповикувањето на Нантскиот едикт во 1685 година предизвикало многу хугеноти да избегаат од Вандеја. Во празнината, регионот станал строго католички под влијание на проповедникот и маријанскиот мисионер Луј де Монфор, кој радикално ја променил духовноста на регионот. Многумина му ја припишале на неговото проповедање подготвеноста на Вандејците за нивниот бунт против Француската револуција. [1]

Вендејците се спротивставиле на револуционерната влада во 1793 година, што било започнато во март со масакр во Машекул. Тие биле огорчени од тешките услови наметнати на Римокатоличката црква од страна на одредбите од Граѓанскиот уставот за законот за свештенство (1790) и влегле во отворен револт по воведувањето на воената регрутација на Револуционерната влада. Герилската војна, позната како Револт во Вандеја, предводена од самиот почеток од страна на селаните, кои биле локално избрани, резултирала со повеќе од 240.000 погинати пред да биде завршена во 1796 година (190.000 Вандејци кои биле републиканци или ројалисти и 50.000 невандејски републиканска војници според Жак Исене и книгата „Уништете ја Вандеја“ од историскиот истражувачки центар на Вандеја. Револтот во Вандеја не смее да се меша со револтот на шуаните, кој се одвивал истовремено во Мен и Бретања. Во 1804 година, Наполеон I го избрал Ла Рош-сир-Јон да биде главен град на департманот. Во тоа време, поголемиот дел од Ла Рош бил искоренет во текот на Вандејскиот револт (1793-96); преименуваниот Наполеонвил бил уреден и било доведено ново население на војници и државни службеници. Наполеонвил имал квадратна улична мрежа и бил дизајниран да смести 15.000 луѓе. [2]

Во 1815, кога Наполеон побегнал од егзил на Елба за неговите Сто дена, Вандеја одбила да го признае и му останала лојална на кралот Луј XVIII. Генералот Ламарк довел 10.000 луѓе во Вандеја за да го смири регионот. [3] Неуспешниот бунт во Вандеја во 1832 година за поддршка на Мари-Каролин од Бурбон-Сицилија, војвотката од Бери, снаата вдовица на поранешниот крал Шарл X бил неуспешен обид да се врати династијата Бурбон за време на владеењето на орлеанскиот монарх, кралот Луј Филип (1830-1848).

Во 1850 година, англискиот автор Ентони Тролоп ја објавил својата книга „Вандеја“, со детали за историјата на регионот и војната. Во предговорот тој ѝ оддал почит на Мадам де ла Рошежакелин, врз чии мемоари на војната се заснова книгата.

Географија[уреди | уреди извор]

Највисоката точка на Вандеја е Пиј-Крапо (295 м). Низ департманот минуваат четири реки: Севр Нантез (долга 135 километри), Вандеја (70 километри), Леј (110 километри) и Севр Ниортез (150 килметри).

Туризам[уреди | уреди извор]

Брегот на Вандеја се протега на повеќе од 200 километри претежно песочни плажи. Познати одморалишта се Ле Сабл-д'Олон, Ла Транш -сир-Мер и Сен-Жан-де-Мон. Некои плажи се сертифицирани за чистота.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Davies, Michael (1997). For Altar and Throne. St. Paul, MN: Remnant Press. стр. 98. ISBN 1890740004. 
  2. Graham Robb, The Discovery of France, Picador, London (2007), pp257-8
  3. Encyclopædia Britannica Eleventh Edition Waterloo Campaign

Надворешни врски[уреди | уреди извор]