Севр Нантез

Координати: 47°11′46″N 1°32′49″W / 47.19611° СГШ; 1.54694° ЗГД / 47.19611; -1.54694
Од Википедија — слободната енциклопедија
Севр Нантез
Sèvre Nantaise
Севр Нантез кај Тифож
Текот на Севр Нантез
Изворно имеLa Sèvre Nantaise  (француски)
Местоположба
ДржаваФранција
Физички особености
Извор 
 • местоДе Севр
 • надм. вис.215 m
Устие 
 • место
Лоара
 • координати
47°11′46″N 1°32′49″W / 47.19611° СГШ; 1.54694° ЗГД / 47.19611; -1.54694
Должина141,8 km
Големина на сливот2.356 km2
Проток 
 • просечен9,5 m3/s
Особености на сливот
ТечениеЛоараАтлантски Океан

Севр Нантез (француски: Sèvre Nantaise, француски изговор: [sɛvʁ nɑ̃tɛz]) — река во Лоарскиот Крај во западна Франција. Таа е лева притока на Лоара. Нејзината вкупна должина изнесува 141,8 км.[1] Извира во департманот Де Севр, во близина на Секондињи. Тече од југ кон север низ департманите и градовите наведени подолу, и се влева во реката Лоара во градот Нант. Според градот го добила името Севр Нантез, со што се прави разлика со појужната Севр Ниортез.

Департмани и општини по нејзиниот тек[уреди | уреди извор]

Списокот е подреден од изворот до устието:

Целосниот список е на француската страница за оваа река.

Пловност[уреди | уреди извор]

Реката е пловна во должина од 21,5 км, од селото Мониер до сливот. Има брана (Шосе де Моан) и преводницата кај Верту, отворена за бродови еден час пред и по плимата во Пон-Русо, во предградието на Нант.[се бара извор] Реката е важен ресурс за туризмот во областа. Вон пловидбениот дел, реката е популарна дестинација за кануистите.[се бара извор] Нејзината лева притока Мен е исто така пловна во должина од 6 км, до Шато-Требо. Порано тука имало преводница (денес напуштена) со што се овозможувала пловидба подалеку спротиводно.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Сандр. „Податоци за течението — Sèvre Nantaise (M7--0240)“.