ФК Партизан
Партизан | |||
Целосно име | Фудбалски клуб Партизан | ||
Основан | 1945 | ||
---|---|---|---|
Распаднат | |||
Стадион | Стадион на Партизан | ||
Капацитет | 32.710 | ||
Претседател | Милорад Вучелиќ | ||
Тренер | Александар Станојевиќ | ||
Лига | Суперлига Србија | ||
2022-23 | 4. | ||
|
ФК Партизан е фудбалски клуб од Белград. 27 пати ја има освоено шампионската титула (прво на СФРЈ, подоцна на Југославија и на крајот на Србија), а освојувач е и на 15 национални купови. Најголем успех на Партизан на европско тло е финалето во Купот на европските шампиони против мадридски Реал. По распадот на заедничката држава, Партизан е првиот клуб од Србија кој се има пласирано во Лигата на шампионите и кој ја има поминато фазата по групи во Купот на УЕФА, стигнувајќи до осминафиналето.
Историја
[уреди | уреди извор]Партизан е основан на 4 октомври 1945 година, како дел од Југословенското спортско друштво. Клубот сè уште е член на истото друштво, чие име денес е променето во Спортско друштво на Србија и кое брои 25 клубови во различни спортови, но е потполно независно во поглед на организација, управа, финансии, материјални средства и објекти.
На почетокот формиран е под закрила на Југословенската Народна Армија, поради што и самиот стадион на Партизан долго време го носи името Стадион ЈНА. Сепак, на почетокот на 1950-тите станува независен од војската. Првиот меѓународен натпревар, Партизан го одигрува на 6 декември 1946 година против ЦСКА Москва.
Моментално, боите на Партизан се црна и бела, иако првите 13 години дресовите им се во сино-црвена комбинација.
Навивачи
[уреди | уреди извор]Навивачите на Партизан, познати под името Гробари, се организираат кон крајот на 1970-тите. Прекарот го добиваат од навивачите на нивниот најголем соперник – Црвена Ѕвезда - кои на ваков начин алудираат на воглавно црната клупска боја, која е сосема иста како облеката на гробарите.
За време на постоењето на СФРЈ, Гробарите, заедно со уште неколку навивачки групи на територијата на поранешна Југославија, важат за едни од најсложните и најпосветените навивачи; сепак, по распадот на заедничката држава, доаѓа до несогласувања во рамките на навивачката група, па од 1999 година, до денес постојано следат поделби.
Денес постојат три посебни групи: Јужен фронт, Гробари 1970 и Гробари Белград.
Стадион
[уреди | уреди извор]Стадионот на Партизан е објект со најдолга спортска традиција во Југославија. Се наоѓа на местото каде пред почетокот на Втората светска војна, било сместено игралиштето на тогашниот шампион БСК – Белградски Спортски Клуб.
Непосредно по завршувањето на војната, започнува изградбата на модерен стадион токму на тоа место. На 9 октомври 1949 година на него е одигран првиот натпревар, и тоа меѓу Југославија и Франција (1:1) во квалификациите за Светското првенство 1950 година.
Од 1950-тите до 1987 година, стадионот се користи како цел на годишниот фестивал наречен „Ден на младоста“. На секој 25 мај, „Штафетата на младоста“ е предавана на Јосип Броз Тито, претседателот на Југославија, токму на Стадионот ЈНА.
Долго време, стадионот на Партизан прима 55.000 навивачи, бројка која многу често е и надминувана за време на поважните натпревари; сепак поради заострените критериуми на Меѓународниот фудбалски сојуз, стадионот е реконструиран во 1998 година, па по оваа интервенција гледалиштето е сведено на 32.710 места.
Награди и признанија
[уреди | уреди извор]- Фудбалскиот клуб Партизан 27 патa бил шампион на Југославија: 1947, 1949, 1961, 1962, 1963, 1965, 1976, 1978, 1983, 1986, 1987, 1993, 1994, 1996, 1997, 1999, 2002, 2003, 2005, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012,2013, 2015, 2017
- Победник на Фудбалскиот куп на Југославија бил 15 пати: 1947, 1952, 1954, 1957, 1989, 1992, 1994, 1998, 2001, 2008, 2009, 2011, 2016, 2017, 2018
Во 1966 година, Партизан е вицешампион на Европа, а во 1978 година, победник на Средноевропскиот куп. Момчило Вукотиќ е рекордер по бројот на одиграни натпревари - 752, а рекордер по бројот на постигнати голови за црно-белите е Стјепан Бобек со 403 погодоци. За репрезентацијата на Југославија имаат настапено преку 130 Партизанови фудбалери, а повеќе од педесет натпревари во редовите на СФРЈ имаат одиграно Стјепан Бобек, Бранко Зебец, Златко Чајковски, Фахрудин Јусуфи, Милан Галиќ и Милутин Шошкиќ. За фудбалската репрезентација на Југославија Славиша Јокановиќ и Предраг Мијатовиќ ја имаат надминато таа бројка. Поранешниот играч на Партизан Саво Милошевиќ има одиграно 101 натпревар за репрезентацијата, што пак е апсолутен рекорд.
Пред распадот на Југославија, Партизан има шест пати победено со десет или повеќе дадени голови, а во две првенства има постигнато по повеќе од сто гола; Партизан го држи и рекордот за најмногу постигнати голови во рамките на југословенската прва лига со 107 погодоци во едно првенство. Еден од највозбудливите натпревари, Партизан го има одиграно против Селтик во 1989 година, непосредно пред распадот на СФРЈ. На првиот натпревар, одигран во Мостар, Партизан победува со 2-1. Реваншот се игра во Шкотска, а Селтик победува со 5-4. Партизан постигнува гол во последната минута и на таков начин се квалификува во наредното коло.
Партизан има играно и во финалето на Купот на европските шампиони во 1966 година против Реал Мадрид, откако го исфрла Манчестер Јунајтед во полуфиналето. Партизан поведува со 1-0 во финалето, но на крајот Шпанците сепак победуваат со 2-1.
Партизан на европските натпреварувања
[уреди | уреди извор]* Поради нередите предизвикани од Партизановите навивачи во Мостар, со одлука на УЕФА, ФК Партизан е исфрлен од УЕФА купот во сезоната 2007/08.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Официјални
- ФК Партизан. Архивирано на 14 март 2007 г.
- Профил на УЕФА.
Страници на обожаватели