Прејди на содржината

Српска книжевност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Српска култура
Уметност
Книжевност  • Музика  • Театри  • Сликарство  • Фотографии  • Кинематографија
Традиција
Народни обичаи  • Народна носија  • Игри  • Кујна  • Сродни односи  • Религија  • Хералдика  • Епска поезија
Споменици
Културно наследство  • Музеи  • Архитектура  • Тврдини  • Манастири  • Светско наследство  • Воени гробишта
Разно
Познати Срби  • САНУ  • Спорт  • Дигитализација
Статии поврзани со јужнословенскиот народ

Српска култура
Книжевност · Музика
Уметност · Кинематографија
Кујна · Народна носија

Историски српски земји
Бела Србија · Рашка · Дукља
Захумје · Босна · Херцеговина
Зета · Косово и Метохија · Војводина
Лика · Кордун · Банија · Славонија

Српски наречја и говори
Српски јазик
Штокавски дијалект · Екавски изговор
Јекавски изговор · Икавски изговор
Торлачки дијалект · Шатровачки говор

Религија
Српска православна црква
Свети Сава · Пеќска патријаршија

Историја
Потекло · Владетели
Немањиќи од Србија
Обреновиќи од Србија
Караѓорѓевиќи од Србија

Oстанати статии поврзани со Србите
Србофобија · Србоманија
Велика Србија · Југословенски војни
Познати Срби · Знаме на Србите
Оцила

Српска книжевност - книжевност пишувана на српски јазик.

Историја на српската книжевност

[уреди | уреди извор]

Најстариот ракопис и споменик на старата српска книжевност пишуван на српски јазик е Евангелието на Мирослав, литургиска книга од 362 страници, пишувана во преодна форма меѓу старословенски и српскословенски јазик, која е напишана во осумдесеттите години на XII век. Со филолошки анализи е утврдено дека на текстот работеле двајца писари од кои само еден се потпишал во четири кратки записи, и тоа како Глигорије, Глигор и Григорије. Во неа се пишува за хумскиот кнез Мирослав Завидовиќ, син на Завида, братот на Стефан Немања. Веројатно, текстот бил создаден во манастирот Св. Петар и Павле во Бијело Поље. Постои и теорија дека тој бил создаден во манастирот Хиландар. Направено е фототипско издание во Јужноафриканската Република, а во 2001 година, УНЕСКО го вброил во својата библиотека „Памтење на светот“.

Книжевноста во просветителството

[уреди | уреди извор]

Сè до седумдесеттите години на XVIII век, просветата и книжевноста го задржале претежно доминантното влијание на црквата. Училиштата се основале во црквите или во архијерејските столици. Во нив предавале главно свештеници, а наставата, иако опфаќала и световни предмети, имала претежно духовна содржина. Книжевноста и јазикот биле црковни и се наоѓале под руско црковно и културно влијание.

Книжевноста во романтизмот

[уреди | уреди извор]

Епохата на српскиот романтизам е во знакот на Вук Стефановиќ Караџиќ и неговата борба за афирмација на народниот јазик. Практично сите големи српски романтичари биле поддржувачи на идеите на Караџиќ и се инспирирале од народната поезија, за чие систематско собирање Караџиќ има најголеми заслуги. Насоченоста кон народната, „наивна“ книжевност е една од романтичарските црти која влечи потекло од идеите на Русо за првобитниот, нерасипан човек. Кај Србите, како и кај многу други европски народи кои во тоа време се наоѓале под политичка и културна хегемонија на странски земји, ова време се поклопува со времето на национално будење и културен препород. Работата на Вук Караџиќ, исто така, наишла на одушевување кај многу водечки европски романтичари, како што е Јохан Волфганг Гете, а овој позитивен прием дополнително ја засилил националната самосвест. Книжевното творештво на Србите во ова раздобје главно е поетско. Се истакнуваат следниве поети: Бранко Радичевиќ, Ѓура Јакшиќ, Јован Јовановиќ-Змај и Лаза Костиќ.

Во текот на XVIII век и во првата половина од XIX век, во српската проза преовладувале преводите на туѓи текстови, басните, класичните приказни, библиските параболи, источните раскази, идилите, преработките направени според помалку вредни странски автори, поучните приказни за животот, приказните од поновата историја, итн. Дури и во 1850-тите, српската проза била аморфна и жанровски неиздиференцирана, без трајна книжевна вредност. Во тоа време, оригиналните прозни текстови биле вистинска вредност, за што сведочи, на пример, Богобој Атанацковиќ, кој во придружниот текст на „Книгата за добри цели“ (Књига за добре цели) од 1852 година, ги повикува Србите да му испратат „Белетристички оригинални состави“. Исто така, Ѓорѓе Поповиќ, уредникот на списанието „Седмица“ во едно писмо од 1858 година пишува: „Воопшто, кај нас е беда во поглед на прозата... Песните некако поминуваат, но прозата никако. Нема ни три-четири кај кои не треба нешто да се поправи.“ Благодарение на собирачкото творештво на Караџиќ, српската книжевна периодика се свртела кон народната книжевност, со цел да се пополни големата празнина предизвикана од недостигот на автентични српски прозни дела. За развојот на автентичната српска проза особено значење имала книгата на Караџиќ „Српски народни приказни“ од 1853 година, која не само што го отворила патот кон српскиот реализам, туку го овозможила и внесувањето на фикцијата во српската проза. Најпосле, треба да се забележи дека голем српски писатели биле преплатници на оваа книга, како: Јован Стерија Поповиќ, Јанко Веселиновиќ, Бранко Радичевиќ, итн.[1]

Книжевноста во реализмот

[уреди | уреди извор]

Во времето на српскиот реализам доминираат прозните жанрови – романот и, особено расказот. Најзначајни претставници се: Светозар Марковиќ (теоретичар), Јаков Игњатовиќ, Милован Глишиќ, Лаза Лазаревиќ, Јанко Веселиновиќ, Илија Вукиќевиќ, Симо Матавуљ, Стеван Сремац, Радоје Домановиќ, Војислав Илиќ (поет), Бранислав Нушиќ (кој најмногу се пројавил во драмската книжевност, и кој продолжил да пишува и во наредните периоди – во модерната и меѓувоената книжевност).

Современа книжевност

[уреди | уреди извор]

Во XX век и во 21 век, српската книжевноста доживеала процут и се појавиле голем број значајни писатели, како:

Поетите Миодраг Павловиќ и Васко Попа

Книжевни здруженија

[уреди | уреди извор]

Книжевни награди

[уреди | уреди извор]

Српскиот народен препород

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:
  1. Миодраг Матицки, „Вукове народне приповетке - источник аутентичне српске прозе са средине 19 века“, во: Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 20-28.