Радослав Петковиќ
Радослав Петковиќ (српски: Радослав Петковић; 1953, Белград) — српски писател.
Животопис[уреди | уреди извор]
Радослав Петковиќ е роден во Белград, во 1953 година. Тој живее и работи во Нови Сад.[1]
Творештво[уреди | уреди извор]
Петковиќ е автор на повеќе романи, збирки раскази и есеистички дела:[1]
- Романи:
- Патот во Двиград (1979, 1997)
- Записи од годините на јагодите (1983)
- Сенки на ѕидот (1985, 1994)
- Судбина и коментари (1993)
- Совршено сеќавање на смртта (2008)
- Настан на годината (2010)
- Збирки раскази:
- Извештај за чумата (1989)
- Човекот кој живееше во соништата (1998)
- Есеистички книги:
- Оглед за мачката (1995)
- За Микеланџело зборувајќи (2006)
- Византиски интернет (2007)
- Употребата на вилениците (2008)
Неговите дела се преведени на повеќе јазици: француски, германски, грчки, унгарски, бугарски, словенечки и словачки. Тој, пак преведувал од англиски јазик (Честертон, Толкин, Дефо, Стивенсон). Неговите раскази се дел од повеќе антологии во Србија и во други земји.[1]
Награди[уреди | уреди извор]
За своите дела, Петковиќ освоил повеќе книжевни награди. Така, романот „Судбина и коментари“ ги освоил наградите: „Меша Селимовиќ“, НИН-овата награда и Борбината награда; романот „Совршено сеќавање на смртта“ ја освоил наградата „Борисав Станковиќ“; збирката „Извештај за чумата“ ја освоила Андриќевата награда; а збирката „Човекот кој живееше во соништата“ се закитила со Виталовата награда.[1]