Културно наследство на Србија

Културното наследство на Србија е наследството од областа на културата на Република Србија кое е од општ интерес. Тука се вбројуваат предметите и творбите од материјално и нематеријално културно наследство. Културното наследство е дефинирано, категоризирано и заштитено со посебен закон (Закон за културно наследство).[1] Во зависност од значењето, културното наследство се дели на три категории кои се дефинирани со законот: заштитено културно наследство, културно наследство од големо значење и културно наследство од исклучително значење. Во зависност од физичките, уметничките, културните и историските особености, културното наследство се дели на неподвижно и подвижно. Во неподвижно културно наследство спаѓаат: споменици на културата, просторни културно-историки целини, археолошки наоѓалишта и места на знаменитости. Во подвижно културно наследство спаѓаат: уметничко-историски дела, архивски материјал, филмски материјал и стари и ретки книги.
Неподвижно културно наследство на Србија
[уреди | уреди извор]Категории на неподвижно културно наследство
[уреди | уреди извор]Неподвижното културно наследство на Србија е дефинирано со Законот за културно наследство (член 19-22) и е поделено во четири категории:
- Споменик на културата е градежно архитектонски објект од посебно културно или историско значење, како и неговата градителска целина, објект на народното градителство, друг неподвижен објект, дел од објект и целина со особености врзани за одредена средина, дело на монументално и декоративно сликарство, вајарство, применети уметности и културотехнички експонати, како и други подвижни нешта во нив од посебно културно и историско значење.
- Просторна културно-историска целина е урбано или рурално место или пак делови од нив, односно простор со повеќе неподвижни културни наследства од посебно културно и историско значење.
- Археолошко наоѓалиште е дел од земјиште или површина под вода кои содржат остатоци на градби и други неподвижни објекти, гробни и други наоѓалишта, како и подвижни предмети од поранешни историски периоди, а се од посебно културно и историско значење.
- Место на знаменитост е простор врзан за настан од посебно историско значење, подрачје со изразени елементи на природни или со труд создадени наследства како единствена целина, како и спомен гробишта или гробишта и други спомен обележја кои се подигнати за трајно чување на спомени на значајни настани, личности и места од националната историја (меморијали) од посебен културен и историски значај.
Централен регистер на неподвижно културно наследство
[уреди | уреди извор]Во централниот регистер на Републичкиот завод за заштита на споменици од културата моментално се запишани 2.536 неподвижни културни наследства од кои 2.192 се споменици на културата, 77 се просторни културно-историски целини, 191 се археолошки наоѓалишта и 77 се места на знаменитости.
Има 782 категоризирани неподвижни културни наследства од кои 200 се од исклучително значење, а 582 се од големо значење.
Меѓу неподвижните културни наследства од исклучително значење има 155 споменици на културата, 11 просторни културно-историски целини, 18 археолошки наоѓалишта и 16 места на знаменитости.
Меѓу неподвижните културни наследства од големо значење 512 се споменици на културата, 28 се просторни културно-историски целини, 25 се археолошки наоѓалишта и 17 се места на знаменитости.
Список на неподвижни културни наследства на Србија
[уреди | уреди извор]
Списокот на неподвижните културни на наследства претставува база на културните наследства на Србија и се со највисоко ниво на заштита од страна на државата.[2] За да бидат ставени на овој список местата мора да исполнуваат најмалку еден од следните критериуми:
- Да има посебно значење кое се однсеува на општествениот и културен развој на народот во историјата на нацијата и развојот на природното опкружување на нацијата;
- Да сведочи за клучен историски настан, личности и нивни активности во историјата на нацијата;
- Да дава единствени и ретки творби на човечкото творештво во одредено временско раздобје или пак единствен пример од природната историја;
- Да поседува исклучителни уметнички или естетски вредности.
Регистарот содржи 2409 места и наоѓалишта и е поделен во дванаесет категории:
Исклучително значење | Големо значење | Заштитени |
---|---|---|
Археолошки наоѓалишта од исклучително значење | Археолошки наоѓалишта од големо значење | Заштитени археолошки наоѓалишта |
Споменици на културата од исклучително значење | Споменици на културата од големо значење | Заштитени споменици на културата |
Места на знаменитости од исклучително значење | Места на знаменитости од големо значење | Заштитени места на знаменитости |
Просторни културно-историски целини од исклучително значење | Просторни културно-историски целини од големо значење | Заштитени просторни културно-историски целини |
Подвижни културни наследства на Србија
[уреди | уреди извор]Категории на подвижни културни наследства
[уреди | уреди извор]Подвижните културни наследства на Србија се дефинирани со Законот за културно наследство (член 23-26) и се поделени во четири категории:
- Уметничко-историски дела се предмети, односно групи на предмети кои самостојно или заеднички имаат посебно значење за запознавање на историскиот, културниот, научниот и техничкиот развој, како и природата и нејзиниот развиток, без оглед на тоа кога и каде настанале, дали се наоѓаат во установи за заштита или се надвор од нив.
- Архивски материјал опфаќа изворни или репродуцирани пишани, цртани, комјутеризирани, печатени, фотографирани, филмувани, микрофилмувани, фонографирани или на друг начин забележани документирани материјали од посебно значење за науката и културата, кои настанале при работа на државни органи и организации, органи на единици на територијална автономија и локална самоуправа, политички организации и нивни органи, установи и други организации, верски заедници, како и поединци, без оглед кога и каде настанале и дали се наоѓаат во установи за заштита или надвор од нив.
- Филмски материјал опфаќа филмски материјали (оригинал, негатив слики и тон негатив) копии на филмови, оригинали и копии на видео ленти и други носачи на записи на регистрирани слики во движење, без оглед на техниката на снимањето и на тоа кога и каде се направени; како и други фимски материјали (сценарио, книга на снимање, листа на дијалози, филмски плакат, филмски фотографии, скици на декор и костими, нотни записи на филмска музика, рекламни публикации и други документи настанати пред, во тек и по снимањето на филмот).
- Стари и ретки книги опфаќаат ракописи, ракописни и печатени книги и друг библиотекарски материјал настанат до крајот на 1867 година, ретки книги, одредени примероци на периодични изданија и други ретки библиотекарски материјали настанати и после 1867 година, одреден библиотекарски материјал кој на база на овој закон се дава на овластена библиотека како задолжителен примерок и документација за неа, како и посебни библиотекарски целини кои поради својата содржина, уметничка, културна и историска вредност се значајни за науката и културата.
Централни регистри на подвижни културни наследства
[уреди | уреди извор]Централните регистри на подвижни културни наследства во Србија се водат (според категории) од: Народниот музеј во Белград, Архивот на Србија, Народна библиотека на Србија Народната библиотека на Србија и Југословенската кинотека (Закон за културно наследство, член 61).
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ЗАКОН О КУЛТУРНИМ ДОБРИМА РЕПУБЛИКЕ СРБИЈЕ“ (PDF). Посетено на 21 март 2018.
- ↑ „Министарство културе и информисања - Културна добра“. www.kultura.gov.rs. Посетено на 2018-03-21.
Литература
[уреди | уреди извор]- Правилник о стављању ознака на непокретна културна добра (Службени гласник Републике Србије, бр. 51/96)
- Будимир, Милорад (1997). „Покрајински завод за заштиту споменика културе - Приштина“. Енциклопедија српске историографије. Београд: Knowledge. стр. 249.
- Jelena Vilus, Pravna zaštita kulturnih dobara, Beograd 2007.
- Милица Вучковић, "Ограничења права својине на културним добрима", у: Заштита људских и мањинских права у европском правном простору: Тематски зборник радова Правног факултета у Нишу, књ. 6, Ниш 2016, стр. 121-132.
- Марија Каличанин-Крстић, Марко Грковић, Предраг Вукашиновић, "Проблем уништавања археолошких налазишта и покретног археолошког материјала приликом нелегалних ископавања", Гласник Српског археолошког друштва, бр. 30 (2014), стр. 263-272.
- Предраг Малбаша, "Инвентар културних добара", Гласник Друштва конзерватора Србије, бр. 33 (2009), стр. 49-50.
- Jovan Popović, "Zaštita arhivske građe i drugih pokretnih kulturnih dobara u vreme NATO agresije na SRJ 1999. godine", Pravni život: Časopis za pravnu teoriju i praksu, god. 55, knj. 504, br. 12 (2006), str. 591-603.
- Марко Поповић, "Рад Комисије у области заштите културних добара од изузетног значаја и добара српског порекла у иностранству", Гласник Друштва конзерватора Србије, бр. 34 (2010), стр. 16.
- Милена Поповић-Субић, Ненад Предојевић, "Неки проблеми у примени Закона о културним добрима", Архивски анали: Часопис архивских радника Војводине, год.. 2, бр. 2 (1994), стр. 151-155.
- Трајковић, Ненад (1997). „Завод за заштиту споменика културе града Приштине“. Енциклопедија српске историографије. Београд: Knowledge. стр. 250.
- Шутаковић-Андрић, Наташа (1997). „Општински завод за заштиту споменика културе у Призрену“. Енциклопедија српске историографије. Београд: Knowledge. стр. 248–249.
- Конзервација покретних културних добара у Србији данас, Београд 2017. (зборик радова)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Republički zavod za zaštitu spomenika kulture - Beograd Архивирано на 6 февруари 2021 г.
- Непокретна културна добра Архивирано на 19 март 2012 г.
- Листа споменика
- База података градитељског наслеђа Србије Архивирано на 22 мај 2015 г.