Kiss (телевизија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од TV KISS)
Kiss TV
Отпочната1994
СопственикЗлате Тодоровски
СлоганСекогаш со Вас
ДржаваТетово, Македонија Македонија
Веб-странаkiss.com.mk

Kiss TV e телевизиски канал од Тетово, Македонија. Телевизијата емитува програма од 1994 година што ја прави една од првите приватни телевизиски куќи во Македонија. Во сопственост на телевизијата е и радиото Радио Kiss.

Покриеност[уреди | уреди извор]

Телевизискиот сигнал на ТВ Кисс ја покрива полошката котлина и планинскиот регион и опфаќа два града, Тетово и Гостивар и стотина села, односно, околу 300 до 350 илјади потенцијални гледачи.

Програма[уреди | уреди извор]

Програмата тече 24 часа, а емитува програма од свое производство како и лиценцни содржини.Од информативната програма, секој ден, во 17.00 и 22.00 часот се емитува централната информативна емисија Регионални вести, преку која до гледачите се пренесуваат информациите од сите настани во регионот. Двапати дневно се емитува и Блиц вести. На вестите работи екипа млади дипломирани новинари. На програмата редовно се емитува и спортска емисија, емисија за деца како и младнска програма. Многу успешно функционира и редакцијата за документарна програма, па во минативе години има создадено преку 100 документарни филмови, од кои дел се резултат на соработка со Советот за радиодифузија и соработка со ОБСЕ, ИОМ, УСАИД и други организации. Телевизијата има и снимано еден игран и еден сериски филм во своја продукција.

Членство[уреди | уреди извор]

Тв Кисс е основач и член на Тв мрежата "Мрежа +", член е на АППЕМ и на Македонскиот институт за медиуми, соработува со Организацијата на медиуми од Југоисточна Европа и со други организации[1].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „РТВ КИСС“. Директориум. Архивирано од изворникот на 2010-10-24. Посетено на 2011-01-08.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]