Говрлево: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°55′58″N 21°20′38″E / 41.93278° СГШ; 21.34389° ИГД / 41.93278; 21.34389
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
→‎Историја: Исправена грешка при пишување
Ознаки: Мобилно уредување Уредување од мобилен извршник Уредување од прилогот за Андроид
Ред 25: Ред 25:


== Историја ==
== Историја ==
Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 280 жители христијани (Македонци).<ref>[http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_40.htm Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256]</ref>
Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 250 жители христијани [Булгари] 30 Ортодокси [Албанци] . .<ref>[http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_40.htm Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256]</ref>


== Население ==
== Население ==

Преработка од 21:19, 24 октомври 2023

Говрлево

Запуштени куќи во Говрлево

Говрлево во рамките на Македонија
Говрлево
Местоположба на Говрлево во Македонија
Говрлево на карта

Карта

Координати 41°55′58″N 21°20′38″E / 41.93278° СГШ; 21.34389° ИГД / 41.93278; 21.34389
Регион Скопски
Општина Сопиште
Население 3 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25059
Надм. вис. 527 м
Говрлево на општинската карта

Атарот на Говрлево во рамките на општината
Говрлево на Ризницата

Говрлевосело во Општина Сопиште, во областа Каршијак, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Каршијак, на јужните падини на планината Водно и источно од реката Треска во долината и сливното подрачје на Маркова Река. Селото е ридско, на надморска височина од 527 метри. Сместено е на источното подножје на ридест предел чија почва е богата со цементен лапорец, поради што цементарницата „Усје“ има отворено ископ и рудник за цемент во непосредната близина на селото. Соседни села се Света Петка, Соње, Чифлик, Барово и Осинчани.

Интересна камена архитектура на куќите во Говрлево, повеќето се напуштени и обраснати со зеленило.
Интересна камена архитектура на куќа во Говрлево, полека пропаѓа под тежината на времето.
Интересна камена архитектура на куќите во Говрлево, повеќето се напуштени и обраснати со зеленило.

Историја

Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 250 жители христијани [Булгари] 30 Ортодокси [Албанци] . .[2]

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948501—    
1953521+4.0%
1961513−1.5%
1971290−43.5%
1981124−57.2%
ГодинаНас.±%
199147−62.1%
199424−48.9%
200230+25.0%
20213−90.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Говрлево живееле 280 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Говрлево имало 264 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Говрлево е село со исклучиво Македонци од православна христијанска вероисповед. Така, во 1961 година имало 513 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 24 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото имало 30 жители, од кои 28 Македонци и 2 Срби.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 280 400 501 521 513 290 124 47 24 30 3
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови

Говрлево е македонско село.

Во Говрлево отсекогаш па сѐ до денес живеат исклучиво Македонци од православна христијанска вероисповед.

Според истражувањата од 1950 година, родови во селото се:[10]

  • Староседелци: Блажовци (11 к.), Ѓоргијовци (6 к.), Лонгуровци (3 к.), Јанковци (4 к.), Спереловци (2 к.), Аврамовци (1 к.), Ѓоровци (6 к.), Акетовци (2 к.), Газиновци (1 к.), Бебешковци (1 к.) и Ивановци (7 к.),
  • Доселеници: Скендеровци (7 к.) доселени се од селото Жировница во сливот на реката Радика околу 1810 година. Се доселиле двајца роднини Скендер и Алил, Скендер во Говрлево се вратил во православие, а Алил, не сакал да живее меѓу православни и се преселил во Света Петка; Шкоровци (8 к.) доселени се од селото Зркле во Порече. Во Зркле живееле тројца браќа, еднаш во нивната куќа дошол Турчин арамија, кој се заседнал како гостин со денови, и сакал да го служи сестрата на браќата, браќа го убиле Турчинот, и околу 1820 избегале од Порече. Основачот на овој род се населил во Говрлево, вториот брат отишол во Љубош, па од таму во Долно Лисиче (Ѓокевци 7 к.), а третиот отишол во Скопска Црна Гора (некои мислат во Бањане); Манушовци (2 к.) доселени се од Козарево, сега раселено село во атарот на селото Света Петка; Николовци (1 к.) ништо не знаат за своето потекло; Богдановци (6 к.) исто така не знаат од каде се доселени; Ѓурчевци (3 к.) доселени се од Ботушје во Порече; Крстевци (3 к.) доселени се од селото Јаболци, каде биле староседелци; Џеповци (1 к.) доселени се од Осинчани, овој род по машка линија е изумрен, па сега се продолжува само со домазетовци; Поречановци (2 к.) доселени се од Пуста Брезница, подалечно потекло од Порече.

Општествени установи

Цркви
Манастирот „Св. Трифун“ во селото
Црквата „Св. Кузман и Дамјан“ во Говрлево

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[11]
  • Градиште — утврдена населба од римското и доцноантичкото време и старохристијанска базилика;
  • Манастириште — средновековна населба и некропола;
  • Св. Илија - средновековна црква;
  • Церје — населба од неолитското време.

Иселенишво

Селото е напуштено во текот на 60-тите и 70-тите години на 20-от век, како последица на познатите миграции село-град, во кои луѓето ги напуштале селата во потрага по полесен начин на издршка и вработување во фабриките во Скопје, поради што најголем број жители се иселиле во приградските населби и села Горно Лисиче, Пинтија, Припор, Драчево. Сосема мал број жители се останати во селото, воглавно старци.

Личности

Поврзано

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име :0.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. Трифуноски, Јован (1958). Филозофски факултет. Отсутно или празно |title= (help)
  11. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 368. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски