Претседателски избори во САД (2016)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Претседателски избори во САД, 2016
САД
2012 ←
8 ноември 2016 → 2020

538 членови на Изборниот колегиум
270 изборни гласови гласови за победа
Излезност 55,3%[1] (проценка) 0.4%
 
Donald Trump Pentagon 2017.jpg
Hillary Clinton by Gage Skidmore 2.jpg
Наименуваник Доналд Трамп Хилари Клинтон
Партија Републиканска партија Демократска партија
Матична држава Њујорк Њујорк
Потпред. кандидат Мајк Пенс Тим Кејн
Изборнички гласови 304[lower-alpha 1][2] 227[lower-alpha 1][2]
Застапувани држави 30
(+ 2. конгресен дистрикт на Мејн)
20
(+ фед. округ Колумбија)
Добиени гласови 62.984,825[3] 65.853,516[3]
Удел 46,1% 48,2%

ElectoralCollege2016.svg

Мапа на резултатите по сојузна држава. Црвената боја ги означува сојузните држави каде што победил Трамп, додека сината ги означува сојузните држави каде што победила Клинтон. Бројките го означуваат бројот на добиени изборни гласови распределени на победникот во секоја држава. „безнадежните изборни гласови“ биле за Колин Пауел (3), Џон Кејсик, Рон Пол, Берни Сандерс и Забележаниот Орел освоиле по еден изборен глас.[4].

претседател пред избирањето

Барак Обама
Демократска партија

Избран за претседател

Доналд Трамп
Републиканска партија

Претседателски избори во САД, 2016 — 58. претседателски избори во САД одржани на 8 ноември 2016 година. Републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп како и кандидатот за потпретседател и гувернер на Индијана, Мајк Пенс издвоиле победа над кандидатот за претседател и поранешен државен секретар на САД од редовите на Демократската партија, Хилари Клинтон и поранешниот сенатор од Вирџинија и кандидат за потпретседател Тим Кејн. Трамп и Пенс стапиле на функциите претседател односно потпретседател на САД 20 јануари 2017 година на инаугурацијата што се одржала во Вашингтон.

Гласачите ги бирале членовите на Изборниот колегиум во секоја држава, во најголемиот број на случаеви според мнозинскиот метод т.н. „победникот освојува се (англиски: winner-takes-all), а потоа избирачите гласале за новиот претседател и потпретседател на 19 декември 2016 година. Трамп го освоил потребното мнозинство за стапување на функцијата претседател освојувајќи мнозинство на гласови во 30 сојузни држави со вкупен број од 306 ветени избирачи од вкупните 538.[lower-alpha 1] Неговата победа не била предвидена од поголемиот број на медиуми и изборни прогнози. Хилари Клинтон освоила околу 2,9 милиони гласови повеќе на национално ниво, односно со разлика од 2.1% од вкупниот број на гласови.

На гласањето на Изборниот колегиум на 19 декември имало 7 изборни гласови против кандидатот за кои избирачите се избрани да гласаат или таканаречени „безнадежни избирачи“, односно, 2 изборни гласови против Трамп и 5 против Клинтон. Дополнителни 3 избирачи се обиделе да гласаат против Клинтон но биле заменети или натерани да гласаат повторно. На крајот, Трамп добил 304 изборни гласови додека Клинтон добила 227. Колин Пауел освоил 3 изборни гласови, а Џон Кејсик, Берни Сандерс и Вера Забележаниот Орел по еден изборен глас.

Трамп е 5. кандидат за претседател во историјата на САД кој бил избран покрај тоа што загубил на народното гласање.[5][6][7] Трамп е биде првиот американски претседател без никаква претходна воена или јавна функција, додека Клинтон стана првата жена кандидат за претседател номинирана од страна на голема политичка американска партија.

Позадина[уреди | уреди извор]

Членот 2 од Уставот на САД како услов за личноста да стане претседател или потпретседател на САД предвидува дека мора да биде роден/а на територијата на САД, да има најмалку 35 години, и да престојува во САД најмалку 14 години. Кандидатите за претседател обично се номинирани од страна на политичка партија, која што користи метод (како внатрепартиското гласање) со цел да го избере кандидатот за кој поддржувачите и членовите на партијата сметаат дека е најсоодветен за таа позиција. Традиционално, внатрепартиските избори се посредни каде што гласачите го даваат својот глас за делегат кој ветил дека ќе гласа за еден од кандидатите за претседател од партијата на конвенцијата која партијата ја одржува по завршувањето на внатрепартиските избори. Изборите во ноември исто така се посредни, каде што гласачите гласаат за распределба на избирачите во Изборниот колегиум. Потоа избирачите директно гласаат за изборот на претседател и потпретседател.

Барак Обама како досегашен претседател немал можност да се кандидира за трет мандат поради ограничувањата во XXII амандман во Уставот на САД. Во согласност со точката 1 од XX амандман, неговиот мандат завршува во 12 часот на 20 јануари 2017 година.

Републиканска партија[уреди | уреди извор]

Внатрепартиски избори[уреди | уреди извор]

Во внатрепартиските избори на републиканската партија се кандидирале седумнаесет кандидати, почнувајќи со кандидатурата на Тед Круз на 23 март 2015 со тоа претставувајќи најобемни внатрепартиски избори според бројот на кандидати од сите американски политички партии во историјата на САД.[8]

Пред внатрепартиското јавно гласање во Ајова на 1 февруари 2016, Пери, Вокер, Џиндал, Грахам и Патаки се повлекле поради нискиот рејтинг во анкетите. Покрај водството кое Трамп го имал во Ајова според поголемиот број на анкети, сепак изгубил од Круз, што резултирало со дополнителни повлекувања од трката од страна на Хакаби, Пол и Санторум. По победата на Трамп во Њу Хемпшир, Кристи, Фиорина и Гилмор исто така ја напуштиле трката. Подоцна Џеб Буш ја напуштил трката по освоеното четврто место по Трамп, Рубио и Круз на внатрепартиското гласање во Јужна Каролина. На 1 март 2016, првиот од четирите таканаречени „избори на Супер четврток“ (англиски: Super Tuesday primaries), Рубио издвоил победа во Минесота, Круз во Алјаска, Оклахома како и неговата матична сојузна држава Тексас, додека Трамп издвоил победа во останатите седум држави каде што се гласало тој ден. Поради неуспехот во овој период, Карсон се повлекол од трката неколку дена подоцна.[9] На 15 март 2016, на вториот „Супер четврток“, Кејсик ја освоил својата прва и единствена сојузна држава, Охајо, додека Трамп издвоил победа во пет сојузни држави каде што се гласало вклучувајќи ја и Флорида. По поразот во Флорида, Рубио ја напуштил трката за републиканската номинација.[10]

Помеѓу 16 март и 3 мај 2016, останале само три кандидати во трката: Трамп, Круз и Кејсик. Круз го освоил поголемиот број на делегати во четири западни сојузни држави и Висконсин, со тоа одржувајќи ги своите шанси за спротивставување на номинација на Трамп за која што биле потребни најмалку 1.237 делегати. Трамп подоцна ја продолжил низата на победи во Њујорк и пет останати североисточни држави во април, меѓу кои и била и Индијана, сојузна држава која што била многу важна за Круз со цел спротивставување на Трамп во поглед на делегати. По победата на Трамп на 3 мај 2016 во Индијана, освојувајќи ги тамошните 57 делегати, без никакви шанси за оспорување на номинацијата на Трамп, Круз[11] и Кејсик[12] ги суспендирале своите кампањи за републиканска номинација. Трамп останал единствениот активен кандидат и бил прогласен за најверојатен републикански кандидат за претседател од страна на претседателот на Репбуликанскиот национален комитет Рејнс Прибус.[13]

Номинирани[уреди | уреди извор]

Републиканска партија
Кандидати на Републиканската партија
Доналд Трамп Мајк Пенс
за претседател за потпретседател
Donald Trump August 19, 2015 3 by 2.jpg
Mike Pence by Gage Skidmore 6.jpg
Претседател и извршен директор на
Организација Трамп
(1971–денес)
Гувернер
на Индијана
(2013–денес)
Лого на кампањата
Trump-Pence 2016.svg
[14][15][16]

Останати кандидати[уреди | уреди извор]

Трамп освоил вкупно 14.010.177 гласови во внатрепартиските републикански избори. Трамп, Круз, Рубио и Кејсик освоиле барем еден внатрепартиски избор во сојузните држави. Круз го освоил вториот најголем број на гласови.

Кандидатите се распределени според датумот на кој се повлекле од внатрепартиските избори
Џон Кејсик Тед Круз Марко Рубио Бен Карсон Џеб Буш Џим Гилмор Карли Фиорина Крис Кристи
Governor John Kasich.jpg
Ted Cruz, official portrait, 113th Congress (cropped 2).jpg
Marco Rubio, Official Portrait, 112th Congress.jpg
Ben Carson by Skidmore with lighting correction.jpg
Jeb Bush Feb 2015.jpg
Jim Gilmore 2015.jpg
Carly Fiorina NFRW 2015.jpg
Chris Christie April 2015 (cropped).jpg
69.
Гувернер на Охајо
(2011–денес)
Сенатор
од Тексас
(2013–денес)
Сенатор
од Флорида
(2011–денес)
Директор на одделение за педиатриска неврохирургија,
Болница Џон Хопкинс
(1984–2013)
43.
Гувернер на Флорида
(1999–2007)
68.
Гувернер на Вирџинија
(1998–2002)
Извршен директор на Хјулит-Пакард
(1999–2005)
55.
Гувернер на Њу Џерси
(2010–денес)
Се повлекол на: 4 мај
4.287.479 гласови
Се повлекол на: 3 мај
7.811.110 гласови
Се повлекол на: 15 март
3.514.124 гласови
Се повлекол на: 4 март
857.009 гласови
Се повлекол на: 20 февруари
286.634 гласови
Се повлекол на: 12 февруари
18.364 гласови
Се повлекла на: 10 февруари
40.577 гласови
Се повлекол на: 10 февруари
57.634 гласови
[17]
[18][19][20]
[21][22][23]
[24][25][26]
[27][28]
[29][30]
[31][32]
[33][34]
Ренд Пол Рик Санторум Мајк Хакаби Џорџ Патаки Линдзи Грахам Боби Џиндал Скот Вокер Рик Пери
Rand Paul, official portrait, 112th Congress alternate (cropped).jpg
Rick Santorum by Gage Skidmore 8 (cropped2).jpg
Mike Huckabee by Gage Skidmore 6 (cropped).jpg
George Pataki at Franklin Pierce University (cropped).jpg
Lindsey Graham by Gage Skidmore 3.jpg
Bobby Jindal 26 February 2015.jpg
Scott Walker March 2015.jpg
Rick Perry February 2015.jpg
Сенатор
од Кентаки
(2011–денес)
Сенатор
од Пенсилванија
(1995–2007)
44.
Гувернер на Арканзас
(1996–2007)
53.
Гувернер на Њујорк
(1995–2006)
Сенатор
од Јужна Каролина
(2003–денес)
55.
Гувернер на Луизијана
(2008–2016)
45.
Гувернер на Висконсин
(2011–денес)
47.
Гувернер на Тексас
(2000–2015)
Се повлекол на: 3 февруари
66.781 гласови
Се повлекол на: 3 февруари
16.622 гласови
Се повлекол на: 1 февруари
51.436 гласови
Се повлекол на: 29 декември 2015
2.036 гласови
Се повлекол на: 21 декември 2015
5.666 гласови
Се повлекол на: 17 ноември 2015
222 гласови
Се повлекол на: 21 септември 2015
1 дополнително запишан глас во Њу Хемпшир
Се повлекол на: 11 септември 2015
1 дополнително запишан глас во Њу Хемпшир
[35][36][37]
[38][39]
[40][41]
[42]
[43][44]
[45][46]
[47][48][49]
[49][50][51]

Демократска партија[уреди | уреди извор]

Внатрепартиски избори[уреди | уреди извор]

Поранешната државна секретарка на САД Хилари Клинтон, поранешна 42. прва дама на САД која служела и во Сенатот, станала првиот голем демократски кандидат објавувајќи ја својата кандидатура за претседател на 12 април 2015 преку видео порака.[52] Иако според анкетите на национално ниво во 2015 укажувале на тоа дека Клинтон е апсолутен фаворит, во 2016 таа се соочила со Берни Сандерс, сенатор од Вермот.[53] Сандерс станал вториот демократски кандидат во внатрепартиските демократски избори на 30 април 2015 година.[54] Анкетите од септември 2015 укажувале на тоа дека разликата помеѓу Клинтон и Сандерс постепено се намалувала.[53][55][56] Поранешниот гувернер на Мериленд Мартин О'Мали на 30 мај 2015 ја објавил својата кандидатура со тоа станувајќи третиот демократски кандидат кој се приклучил на демократската внатрепартиска трка.[57] Линколн Чејфи, поранешен независен гувернер и републикански сенатор од Род Ајленд ја најавил својата кандидатура на 3 јуни 2015 година.[58][59] Поранешниот гувернер на Вирџинија Џим Веб ја објавил својата кандидатура на 2 јули 2015 година[60] додека професорот по право на Харвард Лоренс Лесиг ја објавил својата кандидатура на 6 септември 2015 година.[61] На 20 октомври 2015, Џим Веб се повлекол од демократската номинација и планирал да се кандидира како независен кандидат.[62][63] Линколн Чејфи се повлекол од трката на 23 октомври, надевајќи се на „завршување на бесконечните војни и почеток на нова ера за САД“.[64] Лоренс Лесиг се повлекол околу една недела подоцна, односно на 2 ноември.[65]

Во доста неизвесна трка, Хилари Клинтон победила на јавното гласање во Ајова одржано на 1 февруари 2016 година, за помалку од еден процент, а во меѓувреме Мартин О'Мејли се повлекол од трката. Берни Сандерс издвоил победа во Њу Хемпшир со 60% од гласовите во однос на 38% за Клинтон. Во Невада, Хилари Клинтон издвоил победа со 53% од гласовите во однос на 48% за Сандерс.[66] Исто така, Хилари Клинтон издвоила исклучителна победа на изборите во Јужна Каролина на 27 февруари 2016 со нешто повеќе од 73% од гласовите.[67] На 1 март единаесет држави гласале на таканаречениот „Супер вторник“ каде што Клинтон победила во: Арканзас, Џорџија, Масачусетс, Тенеси, Тексас и Вирџинија со тоа освојувајќи 504 делегата, додека Сандерс победил во Колорадо, Минесота, Оклахома и Вермонт вкупно освојувајќи 340 демократски делегати. Следниот викенд Сандерс издвоил победа во Канзас, Небраска и Мејн со разлика од 15 до 30 поени, додека Клинтон победила во Луизијана со 71% од гласовите. На 8 март и покрај тоа што според анкетите ниеднаш немал предност, Сандерс издвоил победа во Мичиген со 1,5 поени разлика, со тоа надминувајќи ги анкетите за повеќе од 19 поени, додека Клинтон издвоила победа во Мисисипи со 83% од гласовите.[68] На 15 март, на вториот „Супер вторник“, Клинтон издвоила победа во Флорида, Илиноис, Мисури, Северна Каролина и Охајо. Помеѓу 22 март и 19 април 2016, Сандерс издвоил победа на шест јавни гласања и тоа во Ајдахо, Јута, Алјаска, Хаваи, Вашингтон и Вајоминг како и на гласањето во Висконсин, додека Клинтон издвоила победа во Аризона. На 19 април, Клинтон издвоила победа во Њујорк со 58% од гласовите. На 26 април, односно на третиот „Супер вторник“, таа издвоила победи во Конектикат, Делавер, Мериленд и Пенсилванија, додека Сандерс победил во Род Ајленд. Во мај, Сандерс повторно изненадил на гласањето во Индијана[69] и исто така победил во Западна Вирџинија и Орегон, додека Клинтон победила на внатрепартиските гласања во Гуам и Кентаки.

На 4 и 5 јуни, Клинтон победила во Американските Девствени Острови и Порто Рико. На 6 јуни Associated Press и NBC News известиле дека Клинтон станала најверојатниот демократски кандидат за претседател по освојувањето на потребниот број на делегати, вклучувајќи ги ветените како и суперделегатите, со тоа станувајќи првата жена што освоила номинација за кандидат за претседател на една од двете големи политички партии во САД.[70] На 7 јуни, Клинтон обезбедила мнозинство од ветените делегати по победата во внатрепартиското гласање во Калифорнија, Њу Џерси, Њу Мекско и Јужна Дакота, додека Сандерс издвоил победа само во Монтана и Северна Дакота. Клинтон исто така издвоила победа и напоследното внатрепартиско гласање одржано во дистриктот Колумбија на 14 јуни 2016. На крајот на внатрепартиските избори, Клинтон освоила 2.204 ветени делегати (54% од вкупниот број) со победите на внатрепартиските и јавни гласања, додека Сандерс освоил 1.847 (46%). Од 714. неветени или суперделегати кои требале да гласаат на Демократската национална конвенција, Клинтон освоила поддршка од 560 (78%), додека Сандерс освоил 47 (7%).[71]

Иако Сандерс официјално не се повлече од демократската трка за номинација, тој на 16 јуни 2016 најавил дека негова главна цел во следните месеци ќе биде соработка со Клинтон со цел да го поразат Трамп на претседателските избори.[72] На 8 јули, претставници од кампањите на Клинтон, Сандерс како и претставници од Демократскиот национален комитет преговатале за нацрт план за платформа на партијата.[73] На 12 јули, три дена по стартот на Демократската национална конвенција, претставници од кампањата на Клинтон најавиле дека како кандидат за потпретседател од редовите на демократите бил избран Тим Кејн.

Номинирани[уреди | уреди извор]

Демократска партија
Кандидати на Демократската партија
Хилари Клинтон Тим Кејн
за претседател за потпретседател
Hillary Clinton by Gage Skidmore 2.jpg
Tim Kaine crop.jpg
67.
Државен секретар на САД
(2009–2013)
Сенатор
од Вирџинија
(2013–денес)
Лого на кампањата
Clinton-Kaine blue.png
[74][75][76]

Останати кандидати[уреди | уреди извор]

Кандидатите се распределени според датумот на кој се повлекле од внатрепартиските избори
Берни Сандерс Мартин О'Мали Лоренс Лесиг Линколн Чафи Џим Веб
Bernie Sanders September 2015 cropped.jpg
Governor O'Malley Portrait.jpg
Lessig (cropped).png
Lincoln Chafee (14103606100 cc56e38ddd h).jpg
Jim Webb official 110th Congress photo (cropped).jpg
Сенатор од Вермонт (2007–денес)
61.
Гувернер на Мериленд
(2007–2015)
Професор по право на Харвард
(2009–2016)
74.
Гувернер на Род Ајленд
(2011–2015)
Сенатор
од Вирџинија
(2007–2013)
Ја загубил номинацијата на: 26 јули 2016
13.167.848 гласови во внатрепартиското гласање односно 1.846 делегати
Се повлекол на: 1 февруари 2016
110.423 гласови
Се повлекол на: 2 ноември 2015
4 дополнинтелно напишани гласови во Њу Хемпшир
Се повлекол на: 23 октомври 2015
0 гласови
Се повлекол на: 20 октомври 2015
2 дополнинтелно напишани гласови во Њу Хемпшир
[77]
[78][79]
[65]
[80]
[81]

Резултати[уреди | уреди извор]

Резултати по округ. Црвената боја ги означува окрузите каде што победил Трамп, додека сината боја ги означува окрузите каде што победила Клинтон.
Картограм на добиените изборни гласови.
Кандидат за претседател Партија Матична сојузна држава Народно гласање Изборни
Гласови
Кандидат за потпретседател
Број Процент Име Матична сојузна држава Изборни гласови
Доналд Трамп Републиканска партија Њујорк 62.979.879 45,95% 304 Мајк Пенс Индијана 304
Хилари Клинтон Демократска партија Њујорк 65.844.954 48,04% 227 Тим Кејн Вирџинија 227
Колин Пауел(a) Републиканска партија Вирџинија 25(c) 0,00%(c) 3 Сузан Колинс(a) Мејн 1
Марија Кантвел(a) Вашингтон 1
Елизабет Варен(a) Масачусетс 1
Берни Сандерс(a) Независен Вермонт 108.776(c) 0,08%(c) 1 Елизабет Варен(a) Масачусетс 1
Џон Кејсик(a) Републиканска партија Охајо 2.684(c) 0,00%(c) 1 Карли Фиорина(a) Вирџинија 1
Рон Пол(a) Слободарска партија Тексас 124(c) 0,00%(c) 1 Мајк Пенс Индијана 1
Вера Забележан Орел(a) нема Јужна Дакота 0 0,00% 1 Винона Далук(a) Минесота 1
Гери Џонсон Слободарска партија Њу Мексико 4.488.919 3,28% 0 Бил Велд Масачусетс 0
Џил Стајн Зелена партија Масачусетс 1.457.044 1,06% 0 Ајаму Барака Илиноис 0
Еван Мекмјулин Независен Јута 732.374 0,53% 0 Минди Фин Дистрикт Колумбија 0
Дарел Кесл Конституционална партија Тенеси 202.979 0,15% 0 Скот Бредли Јута 0
Глорија Ла Рива Социјализам и ослободување Калифорнија 74.402 0,05% 0 Јуџин Пјурјер Дистрикт Колумбија 0
Останати 1.168.228 0,85% Останати
Вкупно 137.053.916 100% 538 538
Потребно за победа 270 270
Извори
  • uselectionatlas.org
  • За Берни Сандерс и Џон Кејсик: Калифорнија: [5] и [6] Њу Хемпшир: [7] Вермонт: [8] Северна Каролина: [9] Пенсилванија: [10]

(a) Изборни гласови добиени од безнадежен избирач

(b) Два безнадежни избирачи од Тексас го дале својот глас за претседател за Рон Пол и Џон Кејсик. Избирачот Крис Сапран изјавил дека го дал својот претседателски глас за Џон Кејсик, а потпретседателскиот за Карли Фиорина. Другиот безнадежен избирач во Тексас, Бил Грин, го дал својот претседателски глас за Рон пол но потпретседателскиот глас го дал за Мајк Пенс. Џон Кејсик добил дополнувани гласачки ливчиња во Алабама, Џорџија, Илиноис, Њу Хемпшир, Северна Каролина, Пенсилванија и Вермонт

(c) Кандидатот ги добил гласовите како дополнети. Точниот број на дополнети гласови за Сандерс биле објавени во 3 сојузни држави. Во Калифорнија неговиот официјален кандидат за потпретседател била Тулси Габард, додека во Њу Хемпшир и Вермонт немал кандидат за потпретседател.[82] It was possible to vote Sanders as a write-in candidate in 14 states.[83]

Забелешки[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Гледано според распределбата на изборните гласови по сојузна држава, Трамп освоил 306 ветени избирачи, а Клинон 232. Тие изгубиле 2 односно 5 изборни гласови поради таканаречените „безнадежни избирачи“ (англиски: faithless electors). Пенс и Кејн изгубиле еден односно 5 гласови.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Околу 138.9 милиони дадени гласови од вкупно 251.1 милион лица со право на глас. Ова претставува пораст во вкупниот број на гласови како и процентот на излезност во споредба со изборите во 2012 (130,292,355 гласови од вкупно 241 милион лица со право на глас).„2016 November General Election Turnout Rates“. http://www.electproject.org/2016g. конс. 17 декември 2016 г. 
  2. 2,0 2,1 A Historic Number of Electors Defected, and Most Were Supposed to Vote for Clinton“, „The New York Times“, 19 декември 2016 (конс. 20 декември 2016 г).
  3. 3,0 3,1 Leip, David. „2016 Presidential General Election Results“, 17 декември 2016.
  4. Electoral college's 'faithless electors' fail to stop Trump but land democratic blow, Гардијан, 19 декември 2016
  5. „Electoral College Box Scores 1789-1996“. National Archives and Records Administration. https://www.archives.gov/federal-register/electoral-college/scores.html#1789. конс. 10 ноември 2016 г. 
  6. Austin, Erik (1986). Political Facts of the United States Since 1789. Columbia University Press. стр. 92. ISBN 0231060947. https://books.google.com/books?id=MfJlu9kaXV4C&source=gbs_navlinks_s. 
  7. Duignan, Brian (2009). The Executive Branch of the Federal Government: Purpose, Process, and People. Rosen Publishing. стр. 366. ISBN 1615300236. 
  8. Linshi, Jack. „More People Are Running for Presidential Nomination Than Ever“, „Time“, 7 јули 2015.
  9. Rafferty, Andrew (4 март 2016). „Ben Carson Suspends 2016 Campaign at CPAC“. NBC News. http://www.nbcnews.com/politics/2016-election/ben-carson-suspends-2016-campaign-cpac-n532056. 
  10. Marco Rubio Suspends His Presidential Campaign“, 16 март 2016 (конс. 16 март 2016 г).
  11. Rosenfeld, Everett (3 мај 2016). „Ted Cruz suspends presidential campaign“. CNBC. http://www.cnbc.com/2016/05/03/ted-cruz-suspends-campaign.html. конс. 4 мај 2016 г. 
  12. Kaplan, Thomas. „John Kasich Drops Out of Presidential Race“, 4 мај 2016.
  13. „Reince Priebus on Twitter“. 3 мај 2016. https://twitter.com/reince/status/727665447684820992. конс. 13 ноември 2016 г. „".@realDonaldTrump will be presumptive @GOP nominee, we all need to unite..."“ 
  14. „Donald Trump is running for president“. Business Insider. 16 јуни 2015. http://www.businessinsider.com/donald-trumps-big-2016-announcement--2015-6. конс. 16 јуни 2015 г. 
  15. „Donald Trump announces presidential bid“. The Washington Post. 16 јуни 2015. http://www.washingtonpost.com/blogs/post-politics/wp/2015/06/16/donald-trump-to-announce-his-presidential-plans-today/. конс. 16 јуни 2015 г. 
  16. „Donald Trump FEC filing“. FEC.gov. 22 јуни 2015. http://docquery.fec.gov/pdf/291/15031432291/15031432291.pdf. конс. 24 јуни 2015 г. 
  17. „John Kasich FEC Filing“. FEC.gov. 23 јули 2015. http://docquery.fec.gov/pdf/022/201507230300013022/201507230300013022.pdf. конс. 28 јули 2015 г. 
  18. Mascaro, Lisa; Lauter, David (22 март 2015). „Texas Republican Sen. Ted Cruz Launches Presidential Bid“. Los Angeles Times. http://www.latimes.com/nation/politics/politicsnow/la-na-pn-ted-cruz-presidential-bid-20150322-story.html. конс. 23 март 2015 г. 
  19. Zezima, Katie (23 март 2015). „Ted Cruz Announces He's Running for President“. The Washington Post. http://www.washingtonpost.com/blogs/post-politics/wp/2015/03/23/ted-cruz-announces-presidential-run. конс. 23 март 2015 г. 
  20. „Ted Cruz FEC filing“. FEC.gov. 23 март 2015. http://docquery.fec.gov/pdf/891/15031403891/15031403891.pdf. конс. 1 април 2015 г. 
  21. Parker, Ashley. „Marco Rubio Announces 2016 Presidential Bid“, „The New York Times“, 13 април 2015 (конс. 13 април 2015 г).
  22. Nelson, Rebecca (13 април 2015). „Marco Rubio Makes His Pitch as the Fresh Face of the GOP in 2016“. National Journal. http://www.nationaljournal.com/2016-elections/marco-rubio-presidential-announcement-2016-20150413. конс. 14 април 2015 г. 
  23. „Marco Rubio FEC Filing“. FEC.gov. 13 април 2015. http://docquery.fec.gov/pdf/229/15031412229/15031412229.pdf. конс. 7 мај 2015 г. 
  24. Ben Carson announces presidential campaign“, „The Washington Post“, 3 мај 2015 (конс. 4 мај 2015 г).
  25. Rafferty , Andrew (4 мај 2015). „Ben Carson Announces 2016 Run“. NBCNews.com. http://www.nbcnews.com/politics/elections/ben-carson-announces-2016-run-n353241. конс. 4 мај 2015 г. 
  26. „Ben Carson FEC Filing“. FEC.gov. 4 мај 2015. http://docquery.fec.gov/pdf/874/15031422874/15031422874.pdf. конс. 7 мај 2015 г. 
  27. Rafferty, Andrew (15 јуни 2015). „Jeb Bush Makes 2016 Run Official“. NBC News. http://www.nbcnews.com/politics/2016-election/jeb-bush-set-make-2016-run-official-n375621. конс. 15 јуни 2015 г. 
  28. „Jeb Bush FEC Filing“. FEC.gov. 15 јуни 2015. http://docquery.fec.gov/pdf/747/15031431747/15031431747.pdf. конс. 16 јуни 2015 г. 
  29. Allen, Cooper. „Jim Gilmore formally joins GOP presidential race“, „USA Today“, 30 јули 2015 (конс. 30 јули 2015 г).
  30. „Jim Gilmore FEC Filing“. FEC.gov. 29 јули 2015. http://docquery.fec.gov/pdf/759/201507299000439759/201507299000439759.pdf. конс. 29 јули 2015 г. 
  31. Gass, Nick (4 мај 2015). „Carly Fiorina: 'Yes, I am running for president'“. Politico. http://www.politico.com/story/2015/05/carly-fiorina-2016-presidential-bid-117593.html. конс. 4 мај 2015 г. 
  32. „Carly Fiorina FEC Filing“. FEC.gov. 4 мај 2015. http://docquery.fec.gov/pdf/870/15031422870/15031422870.pdf. конс. 7 мај 2015 г. 
  33. Barbaro, Michael. „Chris Christie Announces Run, Pledging ‘Truth’ About Nation's Woes“, „The New York Times“, 30 јуни 2015 (конс. 30 јуни 2015 г).
  34. „Christopher J. Christie FEC Filing“. FEC.gov. 1 јули 2015. http://docquery.fec.gov/pdf/058/201507010300005058/201507010300005058.pdf. конс. 6 јули 2015 г. 
  35. Lambert, Lisa (7 април 2015). „Republican Rand Paul announces 2016 presidential run on website“. Reuters. http://www.reuters.com/article/2015/04/07/us-usa-election-paul-announcement-idUSKBN0MY17L20150407. конс. 7 април 2015 г. 
  36. Killough, Ashley. „Rand Paul: 'I am running for president'“, CNN, 7 април 2015 (конс. 7 април 2015 г).
  37. „Rand Paul FEC filing“. FEC.gov. 8 април 2015. http://docquery.fec.gov/pdf/721/15970332721/15970332721.pdf. конс. 9 април 2015 г. 
  38. Jackson, David (27 мај 2015). „Santorum officially begins 2016 presidential campaign“. USA Today. http://www.usatoday.com/story/news/politics/elections/2016/2015/05/27/rick-santorum-2016-presidential-race/28011791/. конс. 28 мај 2015 г. 
  39. „Rick Santorum FEC filing“. FEC.gov. 27 мај 2015. http://docquery.fec.gov/pdf/613/15031430613/15031430613.pdf. конс. 1 јуни 2015 г. 
  40. Trip, Gabriel. „Mike Huckabee Joins Republican Presidential Race“, „The New York Times“, 5 мај 2015 (конс. 5 мај 2015 г).
  41. „Mike Huckabee FEC Filing“. FEC.gov. http://docquery.fec.gov/pdf/301/15031423301/15031423301.pdf. конс. 10 мај 2015 г. 
  42. „George Pataki FEC filing“. FEC.gov. 2 јуни 2015. http://docquery.fec.gov/pdf/946/15031430946/15031430946.pdf. конс. 4 јуни 2015 г. 
  43. Jaffe, Alexandra (June 1, 2015) "Graham bets on foreign experience in White House bid announcement", CNN. Retrieved June 1, 2015.
  44. „Lindsey Graham FEC Filing“. FEC.gov. 1 јуни 2015. http://docquery.fec.gov/pdf/870/15031430870/15031430870.pdf. конс. 2 јуни 2015 г. 
  45. „Bobby Jindal announces entry into 2016 presidential race“. The Washington Post. 24 јуни 2015. http://www.washingtonpost.com/blogs/post-politics/wp/2015/06/24/bobby-jindal-to-announce-presidential-plans-wednesday/. конс. 24 јуни 2015 г. 
  46. „Bobby Jindal FEC Filing“. FEC.gov. 29 јуни 2015. http://docquery.fec.gov/pdf/728/15031432728/15031432728.pdf. конс. 30 јуни 2015 г. 
  47. Wisconsin Gov. Scott Walker officially enters 2016 presidential race“, CNN, 13 јули 2015 (конс. 13 јули 2015 г).
  48. „Scott Walker FEC filing“. FEC.gov. http://www.fec.gov/fecviewer/CandidateCommitteeDetail.do?candidateCommitteeId=P60006046&tabIndex=1. конс. 13 јули 2015 г. 
  49. 49,0 49,1 „2016 Presidential Primary - Republican President - NHSOS“. http://sos.nh.gov/2016RepPresPrim.aspx?id=8589957200. 
  50. Beckwith , Ryan Teague; Rhodan, Maya. „Rick Perry Announces Presidential Bid“, „Time“, 4 јуни 2015 (конс. 4 јуни 2015 г).
  51. „Rick Perry FEC filing“. FEC.gov. 19 јуни 2015. http://docquery.fec.gov/pdf/864/15971217864/15971217864.pdf. конс. 22 јуни 2015 г. 
  52. Hillary Clinton Expected To Go Small With Big Announcement“, NPR, 10 април 2015 (конс. 12 април 2015 г).
  53. 53,0 53,1 Second straight poll shows Bernie Sanders leading in New Hampshire“, „Boston Globe“ (конс. 26 август 2015 г).
  54. Bernie Sanders is running for president“, CNN, 30 април 2015 (конс. 6 јули 2015 г).
  55. Bernie Sanders surpasses Hillary Clinton in New Hampshire polls“, „The Huffington Post“, 25 август 2015 (конс. 25 август 2015 г).
  56. Huffpost Pollster“, „The Huffington Post“, 1 октомври 2015 (конс. 1 октомври 2015 г).
  57. Martin O'Malley jumps into presidential race“, „USA Today“, 30 мај 2015 (конс. 30 мај 2015 г).
  58. DelReal, Jose A.. „Lincoln Chafee announces long-shot presidential bid“, „The Washington Post“, 3 јуни 2015 (конс. 3 јуни 2015 г).
  59. Rhode Island's Chafee enters 2016 Democratic contest“, „Boston Herald“, 3 јуни 2015 (конс. 3 јуни 2015 г).
  60. Catanese, David (2 јули 2015). „Jim Webb Announces For President“. U.S. News & World Report. http://www.usnews.com/news/blogs/run-2016/2015/07/02/jim-webb-announces-for-president. конс. 2 јули 2015 г. 
  61. Meyer, Theodoric. „Lessig: I'm running for president“, „Slate“, 6 септември 2015 (конс. 7 септември 2015 г).
  62. „Biden says he's not running in 2016“. http://onpolitics.usatoday.com/2015/10/21/biden-to-make-announcement-about-plans/. конс. 25 октомври 2015 г. 
  63. „Joe Biden Not Running for President“. ABC News. 21 октомври 2015. http://abcnews.go.com/Politics/joe-biden-running-president/story?id=34338816. конс. 25 октомври 2015 г. 
  64. Wagner, John. „Lincoln Chafee ends Democratic bid for president“, 23 октомври 2015.
  65. 65,0 65,1 Strauss, Daniel (2 ноември 2015). „Lessig drops out of presidential race“. Politico. http://www.politico.com/story/2015/11/lawrence-lessig-drops-out-215443. конс. 2 ноември 2015 г. 
  66. „Nevada Caucus Results“. http://www.nytimes.com/elections/results/nevada. конс. 28 февруари 2016 г. 
  67. „South Carolina Primary Results“. http://www.nytimes.com/elections/results/south-carolina. конс. 28 февруари 2016 г. 
  68. „Why The Polls Missed Bernie Sanders's Michigan Upset“. 9 март 2016. http://fivethirtyeight.com/features/why-the-polls-missed-bernie-sanders-michigan-upset/. 
  69. Roberts, Dan; Jacobs, Ben (4 мај 2016). „Bernie Sanders pulls off shock victory over Hillary Clinton in Indiana“. https://www.theguardian.com/us-news/2016/may/03/bernie-sanders-wins-indiana-democratic-primary. 
  70. Dann, Carrie. „Clinton hits ‘magic number’ of delegates to clinch nomination“, NBC News, 6 јуни 2016.
  71. „Democratic Convention 2016“. thegreenpapers.com. http://www.thegreenpapers.com/P16/D. 
  72. Sanders vows to help Clinton beat Trump, but keeps campaign alive“, 17 јуни 2016.
  73. „Sanders backers frustrated by defeats at Orlando platform meeting“. Orlando Sentinel. http://www.orlandosentinel.com/news/politics/political-pulse/os-democratic-platform-orlando-story.html. 
  74. Chozick, Amy. „Hillary Clinton Announces 2016 Presidential Bid“, „The New York Times“ (конс. 12 април 2015 г).
  75. Karni, Annie (12 април 2015). „Hillary Clinton formally announces 2016 run“. Politico. http://www.politico.com/story/2015/04/hillary-clinton-2016-election-presidential-launch-116888.html. конс. 18 април 2015 г. 
  76. „Hillary Rodham Clinton FEC filing“. FEC. 13 април 2015. http://docquery.fec.gov/pdf/524/15031411524/15031411524.pdf. конс. 13 април 2015 г. 
  77. „Bernie Sanders endorses Hillary Clinton“. http://edition.cnn.com/2016/07/11/politics/hillary-clinton-bernie-sanders/. 
  78. Yglesias, Matthew (February 1, 2016) "Iowa Results: Martin O'Malley drops out after third place finish", Vox.com. Retrieved February 1, 2016.
  79. Fritze, John (9 јуни 2016). „Martin O'Malley endorses Hillary Clinton“. Baltimore Sun. http://www.baltimoresun.com/news/maryland/politics/blog/bal-martin-o-malley-endorses-hillary-clinton-20160609-story.html. конс. 20 јуни 2016 г. 
  80. Merica, Dan; LoBianco, Tom (October 23, 2015) "Lincoln Chafee drops out of Democratic primary race", CNN.com. Retrieved October 23, 2015
  81. Walsh, Michael (October 20, 2015) "Jim Webb drops out of Democratic primary race", Yahoo! Politics. Retrieved October 23, 2015.
  82. CA: [1] and [2] NH: [3] VT: [4]
  83. Dwilson, Stephanie Dube (16 ноември 2016). „How Many Write-In Votes Did Bernie Sanders Get in the Election?“. http://heavy.com/news/2016/11/how-many-write-in-votes-for-did-bernie-sanders-get-presidential-election-results-california-iowa-new-hampshire-pennsylvania-vermont-total/.