Претседателски избори во САД (1792)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Претседателски избори во САД, 1792
САД
1788-1789 ←
2 ноември – 5 декември 1792 → 1796

132 избирачки гласови на Избирачкиот колегиум
67 избирачки гласови гласови за победа
  Gilbert Stuart Williamstown Portrait of George Washington.jpg
Кандидат Џорџ Вашингтон
Партија Независен
Матична држава Вирџинија
Изборнички гласови 132
Застапувани држави 15
Добиени гласови 28.579
Удел 100%

ElectoralCollege1792.svg

Мапа на резултатите од изборите. Бројките го означуваат бројот на избирачки гласови распределени по сојузна држава.

претседател пред изборите

Џорџ Вашингтон
Незавиен

Избран за претседател

Џорџ Вашингтон
Независен

Претседателски избори во САД, 1792 — втори претседателски избори во САД. Траеле од 2 ноември до 5 декемри 1792. Дотогашниот претседател на САД Џорџ Вашингтон бил по втор пат бил едногласно избран од страна на избирачкиот колегиум. Исто како и на претходните први избори, Вашингтон немал конкуренција. Правилата на избирачкиот колегиум во тоа време го овластувале секој избирач да даде по два гласа без да има разлика дали гласот е даден за кандидат за претседател или потпретседател. Оној кој добил најголем број на избирачки гласови станал претседател, а оној кој втор по ред освоил најмногу гласови - потпретседател. Дотогашниот потпретседател Џон Адамс добил 77 гласови и исто така бил реизбран (Вашингтон добил 132 избирачки гласови, или по еден од секој избирач).

Овие избори биле првите во која секоја од 13 сојузни држави имала избирачи (плус Кентаки и Вермонт). Исто така овие се единствените американски претседателски избори кои не се одржале точно четири години по претходните избори, иако сепак дел од претходните одржани избори бил одржан точно четири години претходно. Инаугурацијата се случила на 4 март 1793 во канцеларијата на Сенатот при Конгресната сала во Филаделфија.

Кандидати[уреди | уреди извор]

Во 1792 година претседателските избори сеуште биле спроведувани според првичмиот метод воспоставен во американскиот устав. Според овој метод, секој избирач имал право на два гласа, кандидатот кој освојува најголем број на гласови (при мнозинска победа) станува претседател, додека вториот по ред кандидат според избирачки гласови станал потпретседател. XII амандман на САД го заменил овој систем, обврзувајќи ги избирачите да дадат по еден глас за кандидатот за претседател и уште еден за кандидатот за потпретседател, но овој амандман не стапил на сила се до 1804. Поради ова, потешко е да се опише врската помеѓу кандидатите во овие избори со современа терминологија.

Вашингтон според историчарите се кандидирал без конкуренција. Тој уживал поддршка од двете спротивставени политички групи и добил по еден глас од секој избирач. Изборот за потпретседател бил многу поделен. Новата Федералистичка партија застанала зад дотогашниот потпретседател Џон Адамс, додека пак Демократско-републиканската партија ја поддржала кандидатурата на гувернерот на Њујорк, Џорџ Клинтон. Поради тоа што малкумина сметале дека Вашингтон нема да го добие најголемиот број на гласови, Адамс и Клинтон активно се натпреварувале за функцијата потпретедател иако според тогашниот закон тие всушност се кандидирале за претседател исто како и Вашингтон.

Федералистичка партија[уреди | уреди извор]

Демократско-републиканска партија[уреди | уреди извор]

Резултати[уреди | уреди извор]

Народно гласање[уреди | уреди извор]

Сојузна држава Народно гласање(a), (b), (c)
Бр. на гласови Процент
Федералистички избирачи 26,088 91.28%
Демократско-републикански избирачи 2,491 8.72%
Вкупно 28,579 100.0%

Извор: U.S. President National Vote. Our Campaigns. (February 11, 2006). Извор (за народно гласање): A New Nation Votes: American Election Returns 1787-1825[1]

(a) Само 6 од 15 сојузни држави избрале избирачи според било каква форма на народно гласање.
(c) Оние сојузни држави кои не избрале избирачи на народното гласање имале разни ограничувања на правото на глас поради имотната состојба.

Избирачки гласови[уреди | уреди извор]

Сојузна Држава Џорџ Вашингтон Џон Адамс Џорџ Клинтон Томас Џеферсон Арон Бјур Број на избирачи
Конектикат 9 9 - - - 9
Делавер 3 3 - - - 3
Џорџија 4 - 4 - - 4
Јужна Каролина 8 7 - - 1 8
Северна Каролина 12 - 12 - - 12
Кентаки 4 - - 4 - 4
Мериленд 8 8 - - - 8
Масачусетс 16 16 - - - 16
Њу Хемпшир 6 6 - - - 6
Њу Џерси 7 7 - - - 7
Њујорк 12 - 12 - - 12
Пенсилванија 15 14 1 - - 15
Род Ајленд 4 4 - - - 4
Вермонт 3 3 - - - 3
Вирџинија 21 - 21 - - 21
Вкупно 132 77 50 4 1 132

Извор: Electoral College Box Scores 1789–1996

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]