Изборен колегиум (САД)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Картограм кој го прикажува соодносот на добиените изборни гласови на претседателските избори во САД во 2016. Секој квадрат означува еден избирач.

Изборен колегиум на САД (англиски: United States Electoral College) — процес создаден според членот II од Уставот на САД во посредничкиот систем на функционирање на американските претседателски избори. Жителите на САД гласаат во секоја од сојузните држави на општи избори со цел избирање на одреден број на избирачи (англиски: electors, македонски изговор: електори) кои во принцип треба (но не мора) да гласаат за партијата на кандидатот за претседател и потпретедател. Најчесто како кандидати за избирачи се бираат членови или лојални поддржувачи на политичката партија.[1][2]

Според XII амандман од Уставот на САД, избирачот има право да даде еден глас за кандидатот за претседател и потпретседател.[3][4] Во секоја сојузна држава и федералниот округ Колумбија, избирачите се бираат секои четири години во четврток по првиот понеделник од ноември, а потоа се состануваат со цел да ги достават гласачките ливчиња на првиот понеделник по втората среда во декември.[5] Кандидатите кои добиваат апсолутно мнозинство од изборните гласви во сојузните држави се избрани за претседател и потпретседател на САД кога гласовите од изборниот колегиум се верификувани од страна на Конгресот во јануари.

Бројот на избирачи во секоја сојузна држава зависи од вкупниот број на сенатори и претставници кои сојузната држава ги има во Сенатот односно Претставничкиот дом, плус тројца ибирачи од федералниот округ Колумбија кои се овозможени со XXII амандман на САД.[6] Уставот на САД забранува било кој вработен во администрацијата, избран или назначен на функцијата да биде избирач. Канцеларијата на федералниот регистар е задолжена за административната работа на Изборниот колегиум.[7] На повеќето избори, Изборниот колегиум го избирал кандидатот кој освоил најголем број на гласови на народното гласање со исклучок на пет избори и тоа, во 1824, 1876, 1888, 2000 и 2016.

Сите сојузни држави освен Мејн и Небраска ги бираат своите избирачи по принципот „победникот освојува се“ од 1880-те.[8] Според принципот „победникот освојува се“, избирачите од сојузната држава се распределуваат на кандидатот кој освоил најмногу гласови во таа сојузна држава. Мејн и Небраска го користат таканаречениот „метод на конгресен дистрикт“, каде што се бира по еден избирач од секој конгресен дистрикт преку народно гласање и доделува дополнителни два избирачи преку системот на народно гласање на целата територија на сојузната држава. Иако ниеден избирач не е обврзан според закон да гласа за партијата за која што е избран да гласа, има повеќе случаи кога избирачот гласал за друга партија, не за онаа за која што е избран. Тоа се таканаречени „безнадежни избирачи“ (англиски: faithless elector).[9][10][11]

Доколку ниеден кандидат не освои апсолутно мнозинство од изборните гласови со цел да стане претседател, XII амандман му овозможува на Претставничкиот дом да го избере претседателот, со тоа што секоја делегација од 50-те сојузни држави доставува по еден глас. Доколку кандидатот за потпретседател не освои мнозинство од изборните гласови, тогаш Сенатот го бира потпретседателот со тоа што секој од 100-те сенатори доставува по еден глас..[12][13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. How Does the Electoral College Work?, New York Times, Nov. 8, 2016
  2. „Why the Constitution's Framers didn’t want us to directly elect the president“. https://www.minnpost.com/eric-black-ink/2012/10/why-constitution-s-framers-didn-t-want-us-directly-elect-president. 
  3. „Exclusive: Why Did Our Founders Want Only Qualified Citizens to Vote?“. http://www.familysecuritymatters.org/publications/id.1840/pub_detail.asp. 
  4. „Adam Ruins Voting – Adam's Sources – Adam Ruins Everything – truTV“. http://www.trutv.com/shows/adam-ruins-everything/blog/adams-sources/adam-ruins-voting.html. 
  5. „U. S. Electoral College: Roles and Responsibilities“. https://www.archives.gov/federal-register/electoral-college/roles.html. 
  6. 23rd Amendment | Constitution | US Law | LII / Legal Information Institute
  7. Zak, Dan (16 ноември 2016). „The electoral college isn’t a real place. But someone has to answer all the angry phone calls these days.“. Washington Post. https://www.washingtonpost.com/lifestyle/style/the-electoral-college-isnt-a-real-place-but-someone-has-to-answer-its-phones-these-days/2016/11/16/816f3838-aaa7-11e6-977a-1030f822fc35_story.html. конс. 21 ноември 2016 г. 
  8. Morris, Irwin L. (2010). The American Presidency: An Analytical Approach. Cambridge University Press. стр. 67. ISBN 978-1-139-49162-4. OCLC 607985767. 
  9. „Appointment of 2004 Electors for President and Vice President of the United States“. http://www.thegreenpapers.com/G04/EC-Appointed.phtml. 
  10. Многу сојузни држави имаат закони направени со цел да се спречи избирачот да гласа за друга партија освен за таа за која е избран да гласа, но уставноста на овие закони никогаш не била спроведена.
  11. The Green Papers
  12. Library of Congress – Election Process
  13. „Electoral College Fast Facts – US House of Representatives: History, Art & Archives“. http://history.house.gov/Institution/Electoral-College/Electoral-College/.