Претседателски избори во САД (1820)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Претседателски избори во САД (1820)
САД
1816 ←
1 ноември – 6 декември 1820 → 1824

229/232 изборни гласови во Изборниот колегиум
115/117 изорни гласови гласови за победа
 
Кандидат Џејмс Монро
Партија Демократско-републиканска партија
Матична држава Вирџинија
Потпред. кандидат Даниел Д. Томкинс
Изборнички гласови 228/231
Застапувани држави 24
Добиени гласови 87.343
Удел 80,6%

Резултати од изборите. Зелената боја ги означува сојузните држави во кои победил Монро, светлата зелена боја го означува избирачот Вилијам Пламер од Њу Хемпшир кој го дал својот изборен глас за Џон Квинси Адамс. Бројките го означуваат бројот на изборни гласови распределени по сојузна држава. Изборните гласови како и самата сојузна држава Мисури биле оспорувани.

President пред изборите

Џејмс Монро
Демократско-републиканска партија

Избран за President

Џејмс Монро
Демократско-републиканска партија

Претседателски избори во САД во 1820 година — 9. по ред претседателски избори во САД. Започнале на 1 ноември, а завршиле на 6 декември 1920 година. Биле трети и последни американски претседателски избори каде што еден кандидат за претседател победил без конкуренција (тоа претходно се злучило на изборите во 1788-89 и 1792 каде што Џорџ Вашингтон победил без сериозен противник). Актуелниот претседател Џејмс Монро и потпретседателот Даниел Д. Томкинс биле повторно избрани со сите освен еден избирачки глас на гласањето на Изборниот колегиум. Федералистичка партија која претрпила големи неуспеси на претходните избори, сепак учествувала на овие избори, но со свој претставник за потпретседател (Ричард Стоктон). Федералистите неуспеале да номинираат свој кандидат за претседател на национално ниво. За американската Федералистичка партија ова биле последните избори на кои учествувала.

Номинации[уреди | уреди извор]

Номинација на Демократско-републиканската партија[уреди | уреди извор]

Кандидати на Демократско-републиканската партија:

Повторната номинација за претседател на Џејмс Монро никогаш не била доведена во прашање, затоа само неколку десетици републиканци учествувале на јавното гласање одржано во април 1820. Учествувале само 40 делегати, заедно со неколкумина делегати од поголемите сојузни држави Вирџинија, Пенсилванија, Северна Каролина, Масачусетс и Њу Џерси.

Резултати од јавното гласање
За претседател За потпретседател
Џејмс Монро 40 Данеил Д. Томкинс 40

Резултати[уреди | уреди извор]

Резултати од претседателските избори кои го покажуваат процентот со кој победил кандидатот за претседател во секој округ. Нијансите од сина боја ги означуваат окрузите каде што победил Монро (Демократско-републиканска партија), окрузите обележани со нијанси од жолта боја ги означуваат окрузите каде што победила Федералистичката партија, со нијанса од зелена боја се означуени окрузите каде што победиле останатите демократско-републикански кандидати и окрузите означени со нијанси од црвена боја се оние окрузи каде што победиле останати кандидати.

Народно гласање[уреди | уреди извор]

Федералистите добиле мал број на гласови на народното гласање и покрај тоа што немале свои изборни кандидати. Во Масачусетс, која што била позната федералистичка територија за федералистичките избирачи, сите изборни гласови биле дадени за Монро. Ова биле првите претседателски избори каде што демократските-републиканци издвоиле победа во Конектикат и Делавер.

Кандидат за претседател Партија Матична сојузна држава Народно гласање(а) Изборни гласови
Број Процент
Џејмс Монро (актуелен) Демократско-републиканска партија Вирџинија 87.343 80,61% 228/231(ц)
Нема кандидат Федералистичка партија - 17.465 16,12% 0
Девит Клинтон Демократско-републиканска партија Њујорк 1.893 1,75% 0
Џон Квинси Адамс Демократско-републиканска партија Масачусетс (б) (б) 1
Вкупно 108.359 100,0% 229/232(ц)
Потребно за победа 115/117(ц)

Извор (изборни гласови): U.S. Electoral College: Historical Election Results 1789-1996

Извор (народно гласање):A New Nation Votes: American Election Returns 1787-1825[1]

(а) 15 од 24 сојузни држави избрале избирачи по пат на народно гласање.
(б) Адамс добил изборен глас од безнадежен избирач.
(ц) Имало спор околу тоа дали требало изборните гласови од Масачусетс да се сметаат како валидни, поради спорот околу добивање статус на сојузна држава. Првиот број не ги вклучува гласовите од Масачусетс, додека вториот го вклучува бројот на изборните гласови од Масачусетс.

Изборни гласови[уреди | уреди извор]

Кандидат за потпретседател Партија Сојузна држава Изборни гласови
Даниел Д. Томкинс Демократско-републиканска партија Њујорк 215/218(a)
Ричард Стоктон Федералистичка партија Њу Џерси 8
Даниел Родни Федералистичка партија Делавер 4
Роберт Гудлоу Харпер Федералистичка партија Мериленд 1
Ричард Раш Федералистичка партија Пенсилванија 1
Вкупно 229/232(а)
Потребно за победа 115/117(a)

Извор: "Electoral College Box Scores 1789–1996"

(а) Имало спор околу тоа дали требало изборните гласови од Масачусетс да се сметаат како валидни, поради спорот околу добивање статус на сојузна држава. Првиот број не ги вклучува гласовите од Масачусетс, додека вториот го вклучува бројот на изборните гласови од Масачусетс.

Наводи[уреди | уреди извор]